Кир Велики (576 или 590 – август 529 п.н.е.) — персиски цар од иранската династија Ахемениди, војсководец, законодавец и основоположник на персиското царство. За време на своето владеење го проширил царството на поголем дел од Југозападна и Средна Азија, од Египет и Босфор на запад до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на стариот век. Во текот на своето владеење, кое траело три децении, Кир ги освоил некои од најголемите кралства на тоа време, како Лидија, Медија и Вавилон, и водел воени експедиции во Средна Азија, каде ги покорил сите народи. Но тој не отишол во поход против Египет, ниту против европска Грција, како што тоа го направиле неговите следбеници Камбиз II и Дариј I Велики. Според Херодот, Кир загинал во битката против Скитите, во летото 530 или 529 година п.н.е. Него го наследил синот Камбиз II, кој го освоил Египет во текот на своето релативно кратко владеење. Кир бил следбеник на зороастриската религија. Освен силното влијание врз персиската историја, Кир влијаел и врз јудаизмот, човековите права, политиката и воената стратегија и врз вкупната источна и западна цивилизација.
Слично на хероите од другите култури и основоположниците на големите царства, така и за Кир Велики постојат бројни легенди за неговото потекло и семејството. Според Херодот, Кир бил внук на медијскиот крал Астијаг и бил одгледан во скромно овчарско семејство. Според друга легенда, тој потекувал од сиромашно семејство и работел на медијскиот двор. Легендите се сосема противречни на сопствените сведочења на Кир, според кој, тој го наследил престолот на својот татко, дедо и прадедо.
Името Кир е хеленизиран збор од староперсиското име Куруш. Античките историчари Ктезиј и Плутарх наведуваат дека Кир го добил своето име од зборот Курос, што значи „Сонце“ или „Сличен на сонце“, т.е. со персиската именка за сонце – Хор, стои и наставката – ваш, што значи сличност. Модерните историчари, како Карл Хофман и Ридигер Шмит, во Енциклопедија Ираника, сметаат дека името Кир значи „вербален победник“. (Дознајте повеќе...)
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба, ќерка на митскиот крал Тантал?
... дека градот Гелзенкирхен во Германија е привремено преименуван во „Свифткирхен“ во чест на концеритете на Тејлор Свифт во јули 2024 година?
... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците, чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.
Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
1995
Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан.