Content-Length: 166554 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B1

Гроб — Википедија Прејди на содржината

Гроб

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гроб — место каде што се погребани починати лица или животни. Гробовите обично се на места означени како гробишта, а во минатото се познати под терминот некропола.

Гробовите можат да содржат архитектонски објекти, структури и делови кои на археолозите ќе им обезбедат појаснување за животот и културата за времето во кое настанал гробот. Во некои религии се верува дека телото мора да биде недопрено, за да преживее душата.

Гробот претставува вечен дом на покојните, како таков тој е табуизиран и сакрален. Местото за погребување на починатите најчесто се поставувало на некој рид (за да имаат прегледност). Починатите се закопуваат на местата каде се погребани и нивните предци, членови на семејството. Ретко се случува некој да биде погребан на друго место и тоа само по сопственото барање или во случај да загинал во војната, далеку од сопствениот дом. Се случувало по посебна желба на покојниот да биде закопан на некое гранично место (меѓа помеѓу имотите, граница помеѓу селата или регионите) поради што постоеле судири меѓу луѓето. Ова се правело поради табуизација на могилата, самото тоа значело дека тоа место нема да се скрнави, преместува или да претставува понатаму проблем за заинтересираните страни.

Гробовите се копале по утврдени правила; местото предвидено за гроб се кадело и се полевало со вино, кога ќе започнело копањето не смеело да се прекине без разлика на временските услови или природни препреки, остатоците од претходно погребаните покојни (коски, делови од облека, камења кои можеле да претставуваат обележје) се виткале во платно и при погребувањето на покојникот биле враќани во гробот, копањето на гробот не се наплатувало. Доколку заврнел дожд при копање на гробот се верувало дека од истото домаќинство ќе почине уште некој до една година. Гробовите биле поставени во правец запад-исток, свртени со главата кон исток. Нашите далечни предци биле погребувани без ковчег, покриени со платно, рогозина или чаршаф, во гробот му се оставани подароците и личните предмети на покојниот. Над гробот, на местото каде се наоѓа главата се поставувало обележје, камен, се садело цвеќе, дрво и крст.

Колку му била придавана важност на гробот сведочи и народната клетва, една од најтешките: ‘гробот да не му се знае’ или ‘да нема ни гроб, ни пород’. Почитта кон гробовите била потполна без разлика на верската или етничката или друга припадност. На гробот се обавувале обреди за братимење, се верувало дека болните можат да се излечат ако преспијат на гробот, ако го допрат или со помош на магиите кои се подготвувале со земјата од гробот на непознат човек. Во старите времиња луѓето се заколнувале врз гробот на своите најблиски.

Гробовите на починатите до година дена од погребот биле посетувани, за душата на покојниот се раздавала храна, се носело цвеќе, се кадел гробот, се пресипувал со вино. За да го покажат своето пристигање на гробот луѓето кршеле орев, бадем или лешник врз надгробната плоча, каменот или крстот. Понекогаш врз гробовите саделе растенија со трње, за дивите зверови и демонски животни да не го вознемируваат починатиот, но и да го заштитат од повампирување. Во Јужна Србија постои верување дека сушите настануваат доколку живите не искажат доволно почит кон починатите, во такви пригоди се одело на гробишта каде се раздавало за душата на починатите, а дрвените крстови се полевале со вода, некаде се носеле во река за да се потопат, па биле враќани на гробовите. Се верувало дека доколку гробот не се исчисти на задушниците и празниците посветени на мртвите и доколку над гробот не се раздаде храната каква што ја сакал покојниот, тој може да им наштети на домашните, да усмрти некое корисно животно, дури и да го разболи лицето што му предизвикало лутина.[1]

Гробот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Гробот како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Гробот како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Деца од гробот“ (англиски: Children Of The Grave) — песна на британската хеви-метал група Блек Сабат (Black Sabbath) од 1971 година.[28]
  • „Сенката на надгробниот камен“ (англиски: Tombstone Shadow) — песна на американската рок-група Криденс Клирвотер Ривајвал (Creedence Clearwater Revival)“ од 1969 година.[29]
  • „Не оди тивко во твојот гроб“ (англиски: Do Not Go Quietly Unto Your Grave) — песна на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1992 година.[30]
  • „Јас сум испружена на твојот гроб“ (англиски: I Am Stretched On Your Grave) — песна на ирската поп-рок музичарка Шинед О'Конор (Sinéad O'Connor) од 1989 година.[31]
  • „Гробница“ (англиски: The Crypt) — песна на британската рок-група Саутерн дет калт (Southern Death Cult) од 1983 година.[32]
  • „Убавите девојки прават гробови“ (англиски: Pretty girls make graves) — песна на англиската рок-група Смитс (The Smiths) од 1984 година.[33]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
  2. Петре М. Андреевски, 'Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 53-54.
  3. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 67-68.
  4. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 122.
  5. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 63.
  6. T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 41-43.
  7. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 160-161.
  8. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 159-163.
  9. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 39.
  10. Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 16-22.
  11. Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 74-75.
  12. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 202-203.
  13. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 19.
  14. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 26.
  15. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 63-64.
  16. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 79-84.
  17. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 41.
  18. Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 134-135.
  19. Vladislav Petković Dis. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 22-25.
  20. Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 44-45.
  21. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 50.
  22. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 106.
  23. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 89.
  24. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 180-181.
  25. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 137.
  26. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 197-199.
  27. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 74.
  28. Discogs, Black Sabbath ‎– Master Of Reality (пристапено на 17.1.2021)
  29. DISCOGS, Creedence Clearwater Revival ‎– Green River (пристапено на 23.12.2017)
  30. YouTube, Morphine - Good (Full Album) (посетено на 15.6.2017)
  31. YouTube, Sinéad O’Connor - I Do Not Want What I Haven't Got (1989) (пристапено на 29.9.2019)
  32. Discogs, The Southern Death Cult ‎– Southern Death Cult (пристапено на 9.8.2019)
  33. YouTube, THE SMITHS · The Smiths · FULL ALBUM HQ AUDIO (пристапено на 6.6.2017)








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%BE%D0%B1

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy