Минхен (филм)
„Минхен (Munich)“ | |
---|---|
Режисер | Стивен Спилберг |
Продуцент | Кетлин Кенеди |
Сценарист | Тони Кишнер |
Главни улоги | Ерик Бана Даниел Крег Киаран Хиндс Метју Касовац |
Жанр | драма , трилер, акција |
Музика | Јоџ Вилијамс |
Дистрибутер | Dreamworks Pictures |
Времетраење | 168 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $75,000,000 |
Минхен (англиски: Munich) е драмски филм режиран од Стивен Спилберг од 2005 год. кој раскажува за масакрот на израелските спортисти на Олимписки игри во Минхен 1972 год. и тајната на одмаздничката операција која ја наредила израелската власт. Приказната зборува за група убијци, кои ги предводи бившиот агент Мосада "Avner" (Ерик Бана), кои ги пронаоѓа спортистите. Филмот е номиниран за пет Оскари.
Преглед
[уреди | уреди извор]Филмот е заснован на книгата на канадскиот новинар Џорџ Џонас, Vengeance: The True Story of an Israeli Counter-Terrorist Team. Самата книга е темелена на исказите на Јувал Авива, кој тврди дека бил агентот Мосада. Во книгата Авивовата приказна главниот лик е наречен "Авнер". Книгата на Џонас најпрвен е екранизирана како телевизиски филм од 1986, Sword of Gideon, со Стив Бауер и Мајкл Јорк во главни улоги, во режија на Мајкл Андерсон.
Филмот е сниман на разни локации на Малта (кои требаа да ја прикажат Тел Авив, Бејрут, Кипар,Атина и Рим), Будимпешта (која требала да ги замени Лондон, Рим и Париз и германскиот аеродром Фурстенфелдбрук), Париз и Њујорк.
Во американските кина филмот помина доста лошо, заработувајќи околу 43,5 милиони долари, што било околу три четвртина од буџетот (75 милиони). Меѓутоа, филмот релативно добро поминал во Европа, со 130,346,986 долари.
|
|