Морис Равел е роден во Цибург, Франција на 7 март1875 година. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оригинален израз. На 14 години стапнал во конзерваториумот. На париската изложба се запознал со делата на руските композитори. Сакал да стане пијанист но подоцна станал композитор.Четири пати бил одбиен на натпреварот за римската награда,и ова јавноста во Франција го прифатила со чудење. Најпознати дела му се оркестарската композиција „Болеро“, операта „Шпански часовник“ и балетот „Дафнис и Клое“.