Цугшпице
Цугшпице Zugspitze | |
---|---|
Цугшпице погледнат од Ервалд, Тирол, Австрија | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.962 м [1] |
Истакнатост | 1.746 м [2] ↓ Ферн → Парзајершпице |
Матичен врв | Финстерархорн / Монблан Доминантност = 24,6 км → Ахеркогел |
Заведена како | Највисока точка во Германија |
Географија | |
Место | Тирол, Австрија Баварија, Германија |
Матичен венец | Ветерштајн, Источни Алпи |
Геологија | |
Старост на карпата | Тријас |
Вид | варовник[3] |
Искачување | |
Прво освојување | 27 август 1820 од Јозеф Наус, Јохан Георг Таушл и помошникот Мајер |
Најлесен пат | Рајнтал |
Цугшпице (германски: Zugspitze) — највисок врв во масивот Ветерштајн, како и највисок врв во Германија, со височина од 2.962 метри. Се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, на границата помеѓу Германија и Австрија. Јужно од врвот се наоѓа Цугшпицплат (Zugspitzplatt) карстна висорамнина со бројни пештери. На страничните страни на Цугшпице се наоѓаат три ледници, вклучувајќи двата најголеми во Германија: Северен Шнефернер (Nördlicher Schneeferner) со површина од 30,7 хектари и Хеленталфернер (Höllentalferner) со површина од 24,7 хектари. Третиот ледник е Јужен Шнефернер (Südlicher Schneeferner), кој се протега на 8,4 хектари.
Цугшпице бил првпат искачен на 27 август 1820 од Јозеф Наус, неговиот помошник, Мајер, и водачот, Јохан Георг Таушл. Денес, постојат три нормални патеки до врвот: едната од долината Хелентал од североисток; другата од долината Рајнтал од југоисток; и третата од запад. Во близината на врвот без проблем може да се најде сместување. На самиот Цугшпице се наоѓаат два планинарски домови, Минхенска куќа (Münchner Haus) на германска страна и Виенска колиба (Wiener-Neustädter Hut) на австриска страна.
Три жичници водат до врвот Цугшпице. Првата, Тиролска жичница, изградена во 1926 и завршувала под врвот сè до 1991, кога крајната станица не била преместена на самиот врв. Запчената железница, Баварска железница, одела по северниот дел на планината и завршувала на висорамнината Цугшпицплат, од каде патниците се префрлале во жичница до врвот. Запчената железница и жичницата Ајбско Езеро, третата жичница, секоја година до врвот пренесуваат над половина милион луѓе. Зиме на висорамнината под врвот работат девет ски-лифтови. Метеоролошката станица, отворена во 1900, и истражувачката станица во Шнефернерхаус, главно се користат за набљудување на климатските појави.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Цугшпице: Искачување, пешачење, планинарење“. SummitPost. Посетено на 22 април 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Арон Мајцлиш. „Најистакнати врвови во Европа“. peaklist.org. Посетено на 22 април 2013.
- ↑ Geologische Karte von Bayern mit Erläuterungen (1:500,000). Bavarian Geological Survey, 1998.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Цугшпице на Ризницата ?
- Цугшпице на Distantpeak.com
- Баварска железница
|
|