Шакира
Шакира Shakira | |
---|---|
Шакира на инагурацијата на Барак Обама | |
Животописни податоци | |
Родено име | Шакира Изабел Мебарак Рипол |
Роден(а) | 2 февруари 1977 Баранкила, Колумбија |
Жанрови | Латински поп, Шпански рок, Поп рок, Светска музика, Денс |
Занимања | Пејачка, Текстописец, Музичар, Танчер |
Инструменти | вокал, гитара, хармоника,[1] тапани |
Период на активност | од 1990 |
Издавачи | Epic Records, Live Nation Artists, Columbia Records, Sony Music Colombia |
Соработници | Алехандро Санз, Карлос Сантана, Бијонсе, Густаво Серати, Виклеф Џин |
Мреж. место | www.shakira.com |
Шакира Изабел Мебарак Рипол (родена на 2 февруари 1977)[2] позната како Шакира, شاكيرا на арапски шпански изговор: [tʃaˈkiɾa] [3] е колумбиска[4] пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење на рокенрол, латинска и либанска музика, а исто така и уште од мала се занимавала со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но исто така таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.[5]
После серија од комерцијални неуспеси со локалните продуценти на нејзините први два албума и нејзината мала познатост надвор од Колумбија, Шакира одлучува да направи нејзин нов бренд на музика: во 1995 таа го реализира „Pies Descalzos“, којшто и носи голема слава во Латинска Америка и Шпанија и ја обележува Шакира како музички феномен. Но во 1998- тите „¿Dónde Están Los Ladrones?“ станува најважниот албум на пејачката кој добил најмногу позитивни критики од познати издавачи како Rolling Stone, All Music Guide и Billboard. Од тогаш понатаму таа добива голем број обожаватели во земјите каде што шпанскиот не е службен јазик, а посебно во Соединетите Американски Држави. Во 2001 таа прави промоција на нејзиното музичко видео за песната „Whenever, Wherever“ и сто тоа го пробива мразот во Англо-светот со реализацијата на нејзиниот прв албум на англиски наречен „Laundry Service“ кој се продаде во повеќе од 12 милиони копии на светско ниво.[6][7]. Четири години подоцна Шакира реализира два албума наречени „Fijación Oral Vol. 1“ and „Oral Fixation Vol. 2“. И двата го потврдуваат нејзиниот успех, а за тоа „зборува“ и нејзиниот хит којшто воедно и е најголемиот хит на 21 век „Hips Don't Lie“[8]. Шакира работи на последните подготовки за нејзиниот најнов проект насловен како „She Wolf“ кој ќе биде реализиран во октомври 2009.[9]
Таа има добиено две Греми награди, седум Латински Греми награди, а исто така е номинирана и за Golden Globe. Исто така таа е и најпродаваниот колумбиски артист на сите времиња, и втор по ред најпродаван женски латински изведувач со околу 50 милиони копии продадени на светско ниво според БМИ.[10] Освен тоа таа е и единствениот изведувач од Јужна Америка што го достигнала врвот во Северно Американските Billboard Hot 100, Canadian Hot 100, Австралиската ARIA и UK Singles Chart.
Шакира ќе биде наградена со своја ѕвезда на Hollywood Walk of Fame.[11][12]
Рани години
[уреди | уреди извор]Шакира е родена на 2 февруари 1977 во Баранкила, Колумбија. Таа е единственото дене на Нидија дел Кармен Рипол Торадо која е од италијанско и шпанско потекло и Вилијам Мебарак Чадид кој е роден Американец со либанско-маронитско потекло.[13][14][15]
Шакира значи „благодарна“ на Арапски.[16][17] Тоа е женска форма од името Шакир. Нејзиното второ име, Изабел е од нејзината баба и значи „мојата божја куќа“ и тоа е шпанска верзија на името Елизабет. Нејзиното второ презиме Рипол има каталонско потекло. Голем дел од детството го има помината во родниот град Баранкила. Шакира е забележана по нејзиниот IQ кој изнесува 140.[18]
Шакира ја напишано својата прва поема, насловена „La Rosa De Cristal“ (Кристална роза) кога имала само 4 години. Како што растела таа била фасцинирана додека го гледала татко и како пишувал приказни на машината за пишување и побарала една таква за Божиќ. Нејзината желба се исполнила кога таа имала 7 години и продолжила со пишувањето поезија. Тие поеми случајно станале песни. Кога имала само 8 години, после смртта на нејзиниот постар полубрат во несреќа со мотор, Шакира ја напишала нејзината прва песна „Tus gafas oscuras“ (Твојте црни очила). Инспирацијата за песната и дал нејзиниот татко, кој после несреќата неколку години носел темни очила, за да го сокрие неговиот бол.
Кога Шакира имала само 4 години, татко и ја однел во локалниот арапски ресторан, каде што Шакира за првпат слушнала думбек, традиционален тапан употребувван во Арапската музика и притоа е придружуван со стомачен танц. Пред да знае за него Шакира танцувала на масата, а вработените во ресторанот и аплаудирале. Во тој момент Шакира за првпат рекла дека сака да биде изведувач. Таа уживала пеејќи за своите соученици и професори во нејзиното Католичко училиште, но во второ одделение таа била одбиена за учество во школскиот хор, затоа што нејзиното вибрато било пресилно. Нејзиниот учител по музичко и рекол дека звучи како „овца“.[19][20] На училиште била позната како „стомачната танчерка“, затоа што секој петок им ги покажувала нејзините вештини на соучениците.[19] „Така ја открив мојата страст за живи изведби“ таа зборува.[21]
Кога имала осум години, нејзиниот татко банкротирал. Додека се санирале детаљите, таа престојувала кај своите роднини во Лос Анџелес. На враќање во Баранкила, таа била шокирана кога и кажале дека повеќе од тоа што го поседувале нејзините родители е продадено, како и подоцна што изјавила „Во мојата детска глава, тоа беше крајот на светот“. За да и покаже дека работите можат да бидат полоши татко и ја одвел во локалниот парк за да види како сирачињата „дуваат“ лепило. Сликите кои ги видела тогаш и останале во глава до ден денес и си рекла самата на себе дека „еден ден кога ќе станам познат артист ќе им помогнам на тие деца“.
Помеѓу десет и тринаесет години Шакира била поканета на повеќе настани во Баранкила и добила некаква репутација во таа околина.[22] Тоа било во време кога Шакира го запознала локалниот театарски продуцент Моника Ариза, која била импресирана од неа и сакала да и помогне за да развие кариера. Додека била во лет од Баранкила до Богота, Ариза го убедила извршниот директорот на Sony Colombia Сиро Варгас да одржи аудиција за Шакира во хотелското лоби. Кога Варгас ја видел Шакира знаел дека во неа има нешто посебно. Кога се вратил во Sony Colombia му ја дал снимката на Шакира на директорот. Сепак директорот не бил нешто посебно задоволен од Шакира и рекол за неа дека е „изгубен случај“. Но Варгас знаел дека Шакира е посебна и има талент и затоа и закажал аудиција во Богота. Тој направил аранжман за извршните директори на Sony Colombia да дојдат на аудицијата со цел Шакира да биде изненадување за нив. Таа извела три песни пред нив и тие била презадоволни од неа и направиле договор Шакира да сними три албуми за нивната фирма.[23]
Кариера
[уреди | уреди извор]1990-1994: Magia и Peligro
[уреди | уреди извор]Првиот албум на Шакира „Magia“ е снимен со Sony Music во 1990 кога таа има само тринаесет години. Песните се колекции зачувани од кога таа имала осум години, миксани поп-рок балади и диско со електронско придружување, но исто така во нив и има и продукциска и снимачка обработка. Албумот е реализиран во 1991 и во него е вклучен синглот „Magia“ и уште три други реализирани синглови. Иако добро котира на Колумбиското радио и и дава на младата Шакира повеќе слава, комерцијално албумот слабо се пробуива, бидејќи само 1,200 копии од албумот биле продадени.[19] Музичкото видео за песната „Magia“ е и првото национално поп видео во Колумбија. После слабата популарност за албумот, продукциската куќа на Шакира брзо ја враќа назад во студиото со цел да сними популарни песни од оние на албумот.
Иако малку знаена надвор од нејзината родена Колумбија, Шакира била поканета да пее на Viña del Mar International Song Festival - фестивал во Чиле во февруари 1993. Фестивалот им дава можност на младите Латино-американски изведувачи да се претстават со свои песни, а победникот го одбира жирито. Шакира се претставува со песната „Eres“ („Ти си“) и заврши на третото место. Во жирито на фестивалот учествува и тогашниот 20-годишник Рики Мартин кој гласа за Шакира.
1995–1997: Pies Descalzos
[уреди | уреди извор]Шакира ја има снимено песната „¿Dónde Estás Corazón?“ (подоцна реализирана на нејзиниот албум Pies Descalzos) специјално за компилацијата „Nuestro Rock“ во 1995 која била реализирана само во Колумбија. ¿Dónde Estás Corazón? бил единствен хит од албумот, а тоа им овозможи на Sony да и дадат шанса на Шакира за трет албум.
Шакира му се вратила на снимањето во 1995 со Луис Ф. Очоа, употребувајќи музички стилови од повеќе земји[24] и со тоа дошло до создавањето на нејзиниот трет албум Pies Descalzos (македонски: Голи нозе). Снимаерто на албумот започнало во февруари 1995, после успехот на нејзиниот сингл ¿Dónde Estás Corazón?. Сони и дал на Шакира 100, 000 долари за продукција на албумот бидејќи тие помислиле дека албумот нема да се продаде во повеќе од 100, 000 копии. Албумот бил презентиран на мала публика во Кастиланскиот театар во Богота на 6 октомври 1995. Мелодиите на албумот се брзи, изненадувачки и полни со ритам и му носат нешто на латинскиот свет, нешто што дотогаш било нечуено таму. На 13 февруари 1996 албумот бил реализиран интернационално.
Во март 1996 Шакира ја прави и нејзината прва турнеја насловена едноставно „Tour Pies Descalzos“ кој наслов бил посветен на смртта на неколку обожаватели како резултат на големиот неконтролиран метеж од 50 000 луѓе на нејзиниот концерт во родниот град Баранкила. Година подоцна Шакира добива три награди за овој албум.
Pies Descalzos има продадено повеќе од 5 милиони копии,[25][26] а брзо после неговото издавање бил издаден и ремикс албумот насловен едноставно The Remixes (Ремиксите). The Remixes исто така вклучува и португалски верзии на некои од нејзините добро познати песни кои биле снимени како резултат на успехот на албумот на бразилскиот маркет.[22]
1998–2000: ¿Dónde Están Los Ladrones?
[уреди | уреди извор]Низ низа успеси и добивката на „Светска Музичка Награда“ за најдобро продаван латински артист за тоа време, Шакира почнува да го подготвува новиот материјал за нејзиниот втор студиски албум. Исто така таа била избрана од низа латински пејачки да ја краси насловната страна на магазинот Time, во статијата насловена Ера на рокот.
Нејзиниот втор официјален студио албум ¿Dónde Están Los Ladrones? кој бил продуциран целосно од самата Шакира и Емилио Естефан Јуниор бил издаден во септември 1988 година. Албумот кој бил инспириран од несреќа која се случила на аеродром во кој актовка полна со нејзини текстови и била украдена станал поголем хит од нејзиниот претходен албум Pies Descalzos. Allmusic и Rolling Stone го оценија албумот со четири од пет ѕвезди. Албумот достига највисока позиција и се искачува на 31 место на САД Billboard 200, а се задржува на првото место на САД Латински албуми цели единаесет недели. Од тогаш има продадено повеќе од 1.5 милиони копии, со што е еден од најпродаваните шпански албуми во Соединетите Американски Држави. Осум од вкупно единаесетте песни на албумот беа издадени како синглови вклучувајќи ги „Ciega, Sordomuda“, „Moscas En La Casa“, „No Creo“ кој стана и нејзиниот прв сингл кој успеа да заземе место на САДBillboard Hot 100, „Inevitable“, „Tú“, „Si Te Vas“, „Octavo Día“, и светски познатата песна со арабиски призвук „Ojos Así“. За последните две песни Шакира добива и Латинска Греми награда, а шест од осумте синглови стигнаа до ТОП 40 на американската латинска скала.
Според податоците од 2010, до ден денеска ¿Donde Estan Los Ladrones? има продадено десет милиони копии на светско ниво.[27] Шакира исто така во 1999 ја добива и првата номинација на Греми Наградите за најдобар Латински Рок Албум.[28] Првиот live албум на Шакира, MTV Unplugged е снимен во Њујорк на 12 август 1999. Албумот прими доста добри критики од американските магазини и се смета за една од нејзините најдобри живи изведби.[29] The live album earned the Grammy Award for Best Latin Pop Album in 2001 and gained sales of five million worldwide.[30] Во март 2000 година таа ја започнува нејзината Anfibio турнеја која траела 2 месеци на територијата на Латинска Америка и САД. Во август 2000 таа добива MTV Video Music Награда за спотот на песната „Ojos Asi“. На 9 септември 2000 година, Шакира ја изведува „Ojos Asi“ на инагуративната церемонија на Латински Греми Награди каде што била номинирана во 5 категории: Албум на годината и Најдобар албум со поп вокал за MTV Unplugged, Најдобра Рок Вокална Изведба за „Octavo Dia“, Најдобра Женска Вокална Изведба и Најдобра Кратка Музичка Изведба за видеото „Ojos Asi“[31], но сепак успева да земе само 2 од наградите. Изведбата на „Ojos Asi“ на шоуто за наградите се смета за изведба на сите времиња.
Видеографија
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Magia | 1991 | |
Esta Noche Voy Contigo | 1991 | |
Sueños | 1991 | |
Tú Serás La Historia de Mi Vida | 1993 | |
Estoy Aquí | 1995 | Симон Бренд |
¿Dónde Estás Corazón | 1996 | Оскар Азула, Џулијан Торес |
¿Dónde Estás Corazón | 1996 | Густаво Гарзон |
Pies Descalzos, Sueños Blancos | 1996 | Густаво Гарзон |
Un Poco de Amor | 1996 | Густаво Гарзон |
Se Quiere, Se Mata | 1997 | Џуан Карлос Мартин |
Ciega, Sordomuda | 1998 | Густаво Гарзон |
Tú | 1996 | Емилио Естефан |
Inevitable | 1998 | Густаво Гарзон |
No Creo | 1999 | Густаво Гарзон |
Ojos Así | 1999 | Марк Кор |
Whenever, Wherever | 2001 | Францис Лавренс |
Underneath Your Clothes | 2001 | Херб Рајтс |
Objection (Tango) | 2002 | Дејв Мејерс |
Te Dejo Madrid | 2002 | W.I.Z. |
Que Me Quedes Tu | 2002 | Естебан Сапир, Рамиро Агула |
The One | 2002 | Естебан Сапир, Рамиро Агула |
La Tortura | 2005 | Мајкл Хаусман |
No | 2005 | Хауме де Лаигуана |
Don't Bother | 2005 | Хауме де Лаигуана |
Dia de Enero | 2006 | Хауме де Лаигуана |
Hips Don't Lie | 2006 | Софи Мулер |
Illegal | 2006 | Шакира, Хауме де Лаигуана |
Beautiful Liar | 2006 | Џејк Нава |
Te Lo Agradezco, Pero No | 2006 | Хауме де Лаигуана |
Las de la Intuición | 2007 | Шакира, Хауме де Лаигуана |
Hay Amores | 2008 | Винсент Пасери |
She Wolf | 2009 | Џејк Нава |
Did It Again | 2009 | Софи Мулер |
Give It Up To Me | 2009 | Софи Мулер |
Gypsy | 2010 | Хауме де Лаигуана |
Waka Waka (This Time for Africa) | 2010 | Маркус Рабој |
Loca | 2010 | Хауме де Лаигуана |
Sale El Sol | 2010 | Хауме де Лаигуана |
Rabiosa | 2011 | Хауме де Лаигуана |
Addicted to You | 2012 | Антони Мандлер |
Get It Started | 2012 | David Rosseau |
Can't Remember to Forget You | 2014 | Џозеф Кан |
Nunca Me Acuerdo de Olvidarte | 2014 | Џозеф Кан |
Empire | 2014 | Џонатан Крејвен, Дарен Крејг, Џеф Николас |
Dare (La La La) | 2014 | Антони Мандлер |
La La La (Brazil 2014) | 2014 | Хауме де Лаигуана |
Mi Verdad | 2015 | Хауме де Лаигуана |
Try Everything | 2016 | Бирон Ховард, Рич Мур, Џаред Буш |
La Bicicleta | 2016 | Хауме де Лаигуана |
Chantaje | 2016 | Хауме де Лаигуана |
Deja Vu | 2017 | Хауме де Лаигуана |
Comme moi | 2017 | Хауме де Лаигуана |
Me Enamoré | 2017 | Шакира, Хауме де Лаигуана |
Perro Fiel | 2017 | Хауме де Лаигуана |
Trap | 2018 | Хауме де Лаигуана |
Clandestino | 2018 | Хауме де Лаигуана |
Nada | 2018 | Хауме де Лаигуана |
Me Gusta | 2020 | Дру Кирш |
Girl Like Me | 2020 | Рич Ли |
Dont Wait Up | 2021 | Тану Муино |
Te Felicito | 2022 | Хауме де Лаигуана |
Don't You Worry | 2022 | Director X |
Monotonía | 2022 | Director X |
TQG | 2023 | |
Acróstico | 2023 | |
Copa Vacía | 2023 | |
El Jefe | 2023 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Baltin, Steve "Shakira Trots Out 'Mongoose'" Архивирано на 1 февруари 2009 г.. Rolling Stone. 11 ноември 2002. Retrieved 6 јануари 2007.
- ↑ „Shakira proud of Arab background“. BBC. 4 ноември 2005. Посетено на 2009-02-10.
- ↑ See inogolo:pronunciation of Shakira
- ↑ Diego, Ximena (2001) Shakira. Fireside. pp. 44 and 68
- ↑ YouTube Shakira Uno Di Noi Interview
- ↑ „Shakira's Biography“. Архивирано од изворникот на 2012-04-21. Посетено на 2009-09-12.
- ↑ Shakira’s Songs Are the Heart of Her Success BMI.com
- ↑ „Hips Don't Lie(The Best Song to shake Your Hips To)“. Bestuff. Архивирано од изворникот на 2009-08-19. Посетено на 2009-09-12.
- ↑ Shakira Recording With Pharrell, Wyclef
- ↑ „Shakira's Songs Are the Heart of Her Success“. BMI. 30 јули 2007. Посетено на 2007-07-30.
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ „Recent Walk of Fame Recipients“. Hollywood Chamber of Commerce. Архивирано од изворникот на 2009-06-25. Посетено на 2009-06-24.
- ↑ http://www.madametussauds.com/Hollywood/OurFigures/PopStars/Shakira.aspx
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-17. Посетено на 2012-05-21.
- ↑ http://www.latinoise.com/Shakira.html
- ↑ „Origin and Meaning of the name Shakira has also been referred to as the feminine form of the name Shakir“.
- ↑ Campbell, Mike (2009). „Behind the Name: Meaning, Origin and History of the Name Shakira“. Babynames.com. Mike Campbell. Посетено на 2009-02-10.
- ↑ name=usaweekend/>
- ↑ 19,0 19,1 19,2 Wright, Evan (2002-04-11). „Shakira“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2009-04-29. Посетено на 2007-04-24.
- ↑ "Shakira: 'I don't hate Britney'". BBC News. 24 март 2002. Retrieved 22 јануари 2007.
- ↑ Katz, Gregory. "Shakira it up with Shakira". USA Weekend. 11 декември 2005.
- ↑ 22,0 22,1 "Shakira". Contemporary Musicians, Volume 33. 2002. Retrieved 5 февруари 2007.
- ↑ „Driven: Shakira“. VH1. Архивирано од изворникот на 2006-07-21. Посетено на 2007-04-24.
- ↑ Freedom du Lac, Josh. "In Any Language, a Whole Lotta Shakira Goin' On". The Washington Post. 31 август 2006: page C01. 22 јануари 2007.
- ↑ „SS Music“. SS Music. Архивирано од изворникот на 2007-10-15. Посетено на 2009-09-29.
- ↑ „PIES DESCALZOS: Description“. Shakira.com. Архивирано од изворникот на 2010-02-23. Посетено на 2009-09-29.
- ↑ „¿Dónde Están los Ladrones?: Description“. Архивирано од изворникот на 2010-02-23. Посетено на 2010-08-29.
- ↑ „Half.com / Music / ¿Donde Están Los Ladrones?“. Product.half.ebay.com. 2009-10-26. Посетено на 2009-10-31.
- ↑ „Shakira — MTV Unplugged: Review“. Allmusic.
- ↑ „MTV Unplugged — Review“. Ciao.[мртва врска]
- ↑ „Emilio Estefan Tops Latin Grammy Noms List“. BMI. Посетено на 2000-08-08. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
- Russian Website Архивирано на 1 октомври 2020 г..
|
|