Content-Length: 183840 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/Eurythmics

Eurythmics — Википедија Прејди на содржината

Eurythmics

Од Википедија — слободната енциклопедија
Eurythmics
Eurythmics во 1985; Дејвид Стјуарт (лево) и Ени Ленокс (десно).
Животописни податоци
ПотеклоЛондон, Англија[1]
Жанрови
Период на активност
  • 1980–1990
  • 1999–2005
  • 2014
  • 2019
  • 2022
Издавачи
Мреж. местоeurythmics.com
Поранешни членови

Eurythmics ― британско поп-дуо основано во 1980 година, составено од шкотската пејачка Ени Ленокс и англискиот музичар и продуцент Дејв Стјуарт. Групата е позната по иновативните поп-песни и уникатните музички видеа кои оставиле значајно влијание врз музичката сцена во 1980-тите и во децениите кои следеле.

Eurythmics продале околу 75 милиони плочи во светски рамки.[2] Освоиле: MTV Video награда за најдобар нов изведувач во 1984 година, Греми награда за најдобра рок изведба на дуо или група со вокал во 1987 година и Британска музичка награда за исклучителен придонес во музиката во 1999 година. Тие биле примени во Куќата на славните на британската музика во 2005 година, Куќата на славните текстописци во 2020 година,[3] и Куќата на славните на рокенролот во 2022 година.[4]

Историја на групата

[уреди | уреди извор]

1976–1982: Основање и прв албум

[уреди | уреди извор]

Ени Ленокс и Дејв Стјуарт се запознале во 1975 година во ресторан во Лондон, каде што во тоа време работела Ленокс.[5] Во 1976 година тие се приклучиле на панк-рок групата Catch која во 1977 година била преименувана во The Tourists. Стјуарт и Ленокс беа исто така биле во романтична врска.

По распадот на The Tourists во 1980 година, Ленокс и Стјуарт решиле да основаат дуо под името Eurythmics.[6] Тие потпишале договор со RCA Records. Во тоа време, Ленокс и Стјуарт ја раскинале романтичната врска.

Нивниот прв албум, In the Garden (1981), бил издаден во октомври 1981 година. Албумот бил пофален од критичарите, но не постигнал значителен комерцијален успех.

1983–1989: Пробив на музичката сцена и светска популарност

[уреди | уреди извор]

Eurythmics на музичката сцена се пробиле со нивниот втор албум, Sweet Dreams (Are Made of This), објавен во јануари 1983 година. Насловната песна од албумот станала светски хит, а драматичното видео ѝ ја претставил на публиката сега портокалово обоената Ленокс. Песната стигнала до второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство,[7] станал еден од најпродаваните синглови за таа година, а подоцна се нашла на врвот на канадската топ-листа и американскиот Billboard Hot 100. Ленокс набрзо станала поп-икона, красејќи ги насловните страници на многу списанија, вклучувајќи го и Ролинг Стоун.

Групата брзо снимила нов албум, Touch, кој бил издаден во ноември 1983 година. Од албумот произлегле хит-сингловите: „Who's That Girl?“, „Right by Your Side“ и „Here Comes the Rain Again“.

Во 1984 година, RCA го издала Touch Dance, ЕР со ремикси на четири нумери од Touch, наменети за клупскиот пазар. Исто така, во 1984 година бил објавен саундтрак-албумот на Eurythmics 1984 (Од љубов кон Големиот Брат). Virgin Films склучил договор со групата за саундтрак од модерната филмска адаптација од Мајкл Радфорд на Илјада деветстотини осумдесет и четврта од Џорџ Орвел. Првиот сингл од албумот, „Sexcrime (Nineteen Eighty-Four)“, бил топ-5 хит во: Обединетото Кралство,[7] Австралија и Европа.

Ени Ленокс за време на турнејата Revenge во 1986 година

Следниот албум на групата, Be Yourself Tonight, бил продуциран за една недела во Париз и поминал 4 недели на прво место во Австралија. За албумот биле ангажирани речиси десетина други музичари, како: членовите на Heartbreakers од Том Пети, хармоника од Стиви Вондер, бас гитара од Дин Гарсија, гудачки аранжмани од Мајкл Камен, а Ленокс пеела дуети со Арета Френклин и Елвис Костело. Албумот ја продолжил доминацијата на групата на топ-листите во 1985 година и содржел четири хит синглови: „Wuld I Lie to You?“, „There Must Be an Angel Playing with My Heart)" (со придонес на Стиви Вондер на хармоника и станал нивен прв и единствен сингл на прво место во Велика Британија),[7] феминистичката химна „Sisters Are Doin' It for Themselves“ (дует со Арета Френклин, иако прво била наменета за Тина Тарнер) и „It's Alright (Baby's Coming Back)“.

Дејв Стјуарт на Rock am Ring во Западна Германија, 1987 година.

Eurythmics нивниот следен албум, Revenge, го издале во 1986 година. Продажбата на албумот на светско ниво и во Обединетото Кралство била и понатаму добра, но била малку послаба во САД, иако „Misionary Man“ стигнал до 14 место на американската Hot 100 топ-листа.

Во 1987 година, Ленокс и Стјуарт го издале албумот Savage. Била забележителна прилично радикалната промена во стилот на музиката од групата. Стиховите на песните биле уште помрачни и поопсесивни. Бил направен и видео албум со музичко видео за секоја песна. Албумот се продавал многу послабо во споредба со неговите претходници.

Во 1989 година, Eurythmics го издале албумот We Too Are One, кој дебитирал на прво место на британската топ-листа за албуми. Албумот бил враќање кон рок/поп-звукот на нивните албуми од средината на 80-тите. За поддршка на албумот, групата била на светска турнеја насловена како Revival и која траела од 8 септември 1989 година до 25 јануари 1990 година.[8][9]

1990–1998: Пауза и соло-кариери

[уреди | уреди извор]

Во 1990 година, Eurythmics се распаднале, а Ленокс и Стјуарт започнале успешни соло-кариери. Стјуарт почнал да пишува филмски саундтракови и имал голем меѓународен хит во 1990 година со инструменталната нумера „Lily Was Here“. Тој основал група наречена Spiritual Cowboys која во раните 1990-ти објавиле два албума. Ленокс направила пауза во кариерата. Во 1991 година, била објавена колекцијата од Најголемите хитови на Eurythmics. Во текот на 1993 година, бил издаден и албум во живо насловен Live 1983–1989 со снимки од различни години од историјата на Eurythmics.

Во 1992 година, Ленокс го издала нејзиниот прв соло-албум, Diva. Во 1995 година го издала нејзиниот втор албум, Medusa, кој всушност бил албум со преработки. Станал нејзин втор албум на прво место во Обединетото Кралство.

Стјуарт, во меѓувреме, ги издал соло-албумите Greetings from the Gutter (1995) и Sly-Fi (1998), но не биле комерцијално успешни.

1999–2005: Повторно обединување

[уреди | уреди извор]
Стјуарт и Ленокс настапуваат на The Today Show во ноември 2005 година

Во доцните 1990-ти, Eurythmics повторно се обединиле и снимиле нов албум, Peace, кој бил објавен во 1999 година. Во 2000 година Eurythmics настапиле на многу европски фестивали (меѓу другите, на германскиот Rock am Ring). Во 2001 година, Стјуарт настапил со U2 за добротворниот концерт America: A Tribute to Heroes. Во 2002 година, тој соработувал со Брајан Фери за неговиот албум Frantic.

Во јуни 2003 година, Ленокс го издала нејзиниот трет соло-албум, Bare. Таа, исто така, за филмот од Питер Џексон „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“ ја снимила песната „Into the West“, која во филмот се слуша при одјавната шпица, а на Ленокс ѝ ја донела наградата Оскар за најдобра песна. Стјуарт соработувал со пејачот од Ролинг Стоунс, Мик Џегер на саундтракот за филмот Алфи, објавен во 2004 година, вклучувајќи ја и песната „Old Habits Die Hard“, која освоила Златен глобус за најдобра оригинална песна од филм.

На 7 ноември 2005 година, Eurythmics ја објави Ultimate Collection , ремастериран пакет со најголеми хитови со две нови песни. Исто така во 2005 година, Eurythmics беа примени во Музичката куќа на славните во Обединетото Кралство.[10] Во 2007 година, Ленокс ја продолжила нејзината соло-кариера со нејзиниот четврти албум, Songs of Mass Destruction. Во 2009, го издала нејзиниот прв албум со најголеми хитови, The Annie Lennox Collection. Истата година, Ленокс изјавила дека иако таа и Стјуарт остануваат пријатели, таа не смета дека ќе има нови песни од Eurythmics во иднина.[11]

Еднократни обединувања (2012–денес)

[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, Ени Ленокс и Дејв Стјуарт настапиле како дуо на концертот во чест на Битлси, „The Night That Changed America: A Grammy Salute to the Beatles“. Во 2019 година настапиле на добротворниот концерт организиран од Стинг, We'll Be Together.

Ени Ленокс и Дејв Стјуарт настапиле под името Eurythmics во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес како дел од церемонијата за воведување Куќата на славните на рокенролот во 2022 година. Групата била воведена од страна на Еџ, член на U2.[12]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • In the Garden (1981)
  • Sweet Dreams (Are Made of This) (1983)
  • Touch (1983)
  • Be Yourself Tonight (1985)
  • Revenge (1986)
  • Savage (1987)
  • We Too Are One (1989)
  • Peace (1999)
  1. „All Music Guide (Eurythmics profile)“. AllMusic. Посетено на 27 September 2014.
  2. „Annie Lennox champions charity work“. walesonline. 18 August 2010. Посетено на 27 September 2014.
  3. „Songwriters Hall Of Fame Announces 2020 Inductees“. Songhall.org. Посетено на 7 April 2022.
  4. „Inductees Announced“. Rock and Roll Hall of Fame Official Website. May 4, 2022.
  5. O'Brien, Lucy (1991). Annie Lennox. London: Sidgwick & Jackson. стр. 55. ISBN 0283061219.
  6. „Corrections and clarifications: Annie Lennox, Steiner schools and eurythmy/eurhythmics“. The Guardian. 31 May 2012. Посетено на 12 February 2024.
  7. 7,0 7,1 7,2 „The Official Charts Company – Eurythmics“. Official Charts Company. Посетено на 10 August 2009.
  8. „GIG0251 1989-09-08 : Eurythmics - Point Depot, Dublin, Ireland - Ultimate Eurythmics“ (англиски). Посетено на 11 May 2019. Artist: Eurythmics. Date: 1989-09-08. Tour: Revival. Country: Ireland. Town: Dublin. Venue: Point Depot[мртва врска]
  9. „GIG0318 1990-01-25 : Eurythmics - Praça da Apotoese, Rio De Janeiro, Brazil - Ultimate Eurythmics“ (англиски). Посетено на 11 May 2019. Artist: Eurythmics. Date: 1990-01-25. Tour: Revival. Country: Brazil. Town: Rio De Janeiro. Venue: Praça da Apotoese[мртва врска]
  10. „Eurythmics discography – awards“. Dnafiles.net. Посетено на 10 August 2010.
  11. „No more Eurythmics reunion, says Annie Lennox“. Top News. 6 March 2009. Посетено на 13 June 2009.
  12. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/Eurythmics

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy