Прејди на содржината

Хемпшир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хемпшир
Церемонијална грофовија
Hampshire
Знаме на ХемпширГрб на Хемпшир
Местоположбата на Хемпшир (црвено) во Англија
Местоположбата на Хемпшир (црвено) во Англија
Суверена Држава Обединето Кралство
Конститутивна држава Англија
РегионЈугоисточна Англија
ОснованДревен
Главен градВинчестер
Поголеми населени места
Управа
 • Лорд поручникНајџел Еткинсон
 • Виш шерифСузан Колман [1]
Површина
 • Вкупна3.769 км2 (1,455 ми2)
Население
 • Вкупно1,382,542
 • Густина376/км2 (970/ми2)
Час. појасUTC (UTC+0)
 • Лето (ЛСВ)BST (UTC+1)
Мреж. местоHampshire
Southampton
Portsmouth

Хемпшир е грофовија во Југоисточна Англија на брегот на Ламанш. Главен град на грофовијата е Винчестер. Најголеми градови во Хемпшир се Саутемптон и Портсмут кои имаат сопствена унитарна управа; со другиот дел од грофовијата управуваат Советот на округот Хемпшир и советите на неметрополитенските окрузи.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пред норманското освојување

[уреди | уреди извор]

Се верува дека регионот бил постојано населен уште од крајот на доцното ледено доба околу 12.000 п.н.е.[2] Тогаш поради ниското ниво на морето Британија со копнен мост била поврзана со европскиот континент и била претежно покриена со листопадни шуми. Првите жители биле мезолитските ловци и собирачи.[3]

Тврдината Данебери

Земјоделството во јужна Британија се практикувало од 4000 година п.н.е., а со тоа и неолитската култура. Во Хемпшир нема многу споменици од тие рани периоди, иако Стоунхенџ кој се наоѓа во близина бил изграден во неколку фази помеѓу 3100 и 2200 година п.н.е. Во доцното бронзено време, низ цела Британија почнале да се појавуваат утврдени населби по ридови познати како ридски тврдини, кои добиле во значење во раното и средното железно време;[4] многу од нив сè уште можат да се забележат во пејзажот и можат да се посетат. Во тој период, луѓето во Британија претежно зборувале келтски јазик, а нивната култура имала многу заеднички црти со Келтите опишани од класичните писатели.[5]

Јулиј Цезар ја нападнал југоисточна Англија во 55 и пак во 54 п.н.е., но тој не стигнал до Хемпшир.[4]

Римјаните повторно ја нападнале Британија во 43 н.е., а Хемпшир бил вклучен во римската провинција Британија. Вента станала центар на административната власт на Белгија, која ги опфаќала поголемиот дел од Хемпшир и Вилтшир и достигнувала до Бат. Во следните три века јужна Британија уживала во релативен мир. За време на римскиот период, повеќето градови изградиле одбранбени ѕидини; грнчарската индустрија со седиште во Њу Форест извезувала предмети низ јужна Британија. Утврдувањето во близина на Саутемптон - Клаусентум, дел од тврдините на Саксонскиот брег, било изградено за одбрана од поморските напади на германските племиња. Римјаните се повлекле од Британија во 410 година.[6][7]

Плоча која ја означува трасата на Римскиот пат од Чичестер до Битерн

Записите за следните 200 години се неверодостојни, но во тоа време јужна Британија од Британска станала Англиска поради населувањето на германските племиња, Англите и Саксонците. Хемпшир станал центар на подоцна најмоќното кралство во Британија, Кралството Весекс. Новодојденците почнале да доминираат врз месното население, и од седмиот век, поголемиот дел од населението во Хемпшир зборувало староанглиски, наместо британски јазик. Во седмиот век Весекс, со главен град Винчестер,[8] постепено се проширувал на запад во Бритонски Дорсет и Сомерсет. Во Винчестер има статуа на кралот Алфред, кој во 9-тиот век ги одбил Викинзите и го стабилизирал регионот. Кралот Алфред се самопрогласил за „Крал на Англија“ во 886 година; но Етелстан од Весекс официјално ја контролирал цела Англија до 927 година.[6][9][10]

По норманското освојување

[уреди | уреди извор]
Портчестер комбинација од римски и нормански тврдини

За време на норманското освојување, Лондон го престигнал Винчестер како најголем град во Англија [9] и по норманското освојување, кралот Вилијам I го прогласил Лондон за главен град. Со ова центарот на политичката моќ не била веќе во Хемпшир, но Винчестер останал важен град; Њу Форест во близина на Винчестер била ценета кралска ловечка шума; Кралот Вилијам II бил убиен за време на ловот во Њу Форест (1100 година). Од 12-тиот век, поради трговијата со континентална Европа пристаништата во Хемпшир станале многу поважни. Преку нив се тргувало со производената волна и ткаенина во округот, се развило рибарството, а била основана и индустријата за бродоградба. Не подоцна од 1523 година, населението на Саутемптон го надминало населението на Винчестер.

Пристаништето во Портсмут, 2005 година

Во текот на неколку векови, долж брегот на Солент биле изградени низа замоци и тврдини за да ги бранат пристаништата во Саутемптон и Портсмут. Бродовите Мејфлауер и Спидвел испловиле за Америка од Саутемптон во 1620 година.[11]

За време на Англиската граѓанска војна (1642–1651) во Хемпшир имало неколку воени судири помеѓу ројалистичките и парламентарните сили. Поважни се опсадата на Бајсинг Хаус (1643 - 1645) и Битката кај Херитон во 1644 година; и во двете победиле парламентарните сили. Други судири се: битката кај Алтон во 1643г., кога бил убиен командантот на ројалистичките сили [12] и опсадата на Портсмут во 1642 година.[13]

Во 1868 година, бројот на луѓе вработени во производството ги надминало оние во земјоделството. Главни индустрии станале: индустријата за свила, хартија, шеќер, бродоградба и соланите. Луѓето од крајбрежните градови се занимавале со риболов и извоз на земјоделски производи.[14] Во пристаништата работеле многу работници; екипажот на Титаник, кој потонал на своето прво патување во 1912 година, бил составен претежно од жители на Саутемптон.[15]

По 1914 година

[уреди | уреди извор]

Хемпшир одиграл клучна улога во двете светски војни поради големата поморска база на Кралската морнарица во Портсмут, армискиот камп во Алдершот и воената болница Нетли во водите на Саутемптон, како и поради близината до армиските полигони за обука во рамнината Солсбери и Островот Пурбек. Супермарине, која ги дизајнерала Спитфајер и други воени авиони, била со седиште во Саутемптон, и затоа градот бил жестоко бомбардиран во Втората светска војна. Алдершот и натаму останува еден од главните постојани кампови на британската армија. Фарнборо е главен центар за воздухопловната индустрија.

Во 1970-тите, со реорганизацијата на локалните единици во 1974 година, градовите Брнмаут и Крајстчерч административно биле префрлени од Хемпшир во Дорсет.[16]

Географија

[уреди | уреди извор]

Хемпшир се граничи со Дорсет на запад, Вилтшир на северозапад, Беркшир на север, Сари на сесевероисток и Западен Сасекс на исток. На југ излегува на Ламанш и Солент. Хемпшир е најголемата грофовија во Југоисточна Англија. Има вкупна површина од 3700 км².[17]

Хемпшир има поблага клима од повеќето области на Британските Острови,[18] близината на морето влијае за стабилизирање на климата, но е заштитен од поекстремните временски услови на брегот на Атлантикот. Хемпшир има повисока просечна годишна температура од просекот во Обединетото Кралство, која се движи од 9,8 до 12 степени целзиусови,[19] и просечни врнежи од 640 до 1060 мм годишно,[19] и има просечно околу 1.750 часа [20] сончеви часови годишно.[19]

Главен град на грофовијата Хемпшир е Винчестер, кој порано бил главен град на античкото кралство Весекс и на Англија до Норманското освојување на Англија. Пристанишните градови Саутемптон и Портсмут биле одвоени како независни унитарни единици во 1997 година, иако тие се сè уште во рамките на Хемпшир за церемонијални цели. Фарехам, Госпорт и Хавант прераснале во градски населби долж брегот меѓу двата поголеми града. Во североисточниот дел се градовите Фарнборо, Алдершот, Блеквотер и Јејтли.

Бејсингсток, во северниот дел на грофовијата, прераснал од рурално место во деловен и финансиски центар. Алдершот, Портсмут и Фарнборо се тесно поврзани со Армијата, Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили соодветно. Во Хемпшир, исто така, се наоѓаат и неколку помали градови: Алресфорд, Алтон, Андовер, Бишоп Волтам, Лајмингтон, Њу Милтон, Петерсфилд, Рингвуд, Ромзи и Витчрч .

Демографија

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]

На пописот во 2001 година церемонијалната грофовија имала население од 1.644.249 жители, од кои 1.240.103 биле во административната грофовија, 217.445 биле во управната власт на Саутемптон и 186.701 биле во Портсмут.

Градови и паланки по број на жители: (попис 2001)

Економија

[уреди | уреди извор]
Железницата во Истли

Хемпшир е една од најбогатите грофовии во земјата, со бруто домашен производ (БДП) од 29 милијарди фунти, без Саутемптон и Портсмут. Во 2018 година, Хемпшир имаше БДП по глава на жител од 22.100 фунти.[21]

Стапката на невработеност од 1,3 посто е пониска од националниот просек која изнесува 2,1 посто, заклучно со февруари 2018 година.[22] Околу една третина од работниците се вработени во големи фирми. Хемпшир има значително повисока вработеност од националниот просек во високотехнолошките индустрии. Околу 25 отсто од населението работи во јавниот сектор. Туризмот нуди околу 60.000 работни места во грофовијата, околу 9% од сите вработени.[21]

Една од главните компании во високотехнолошкиот сектор е IBM која има свои лаборатории за истражување и развој во Харсли и седиште во ОК во Кошам.

Многу рурални области од Хемпшир традиционално се потпираат на земјоделството, иако значењето на земјоделството почнало да опаѓа од првата половина на 20 век, а денес со земјоделство се занимава околу 1,32% од руралното население. .

Подрачјето околу Њу Форест е национален парк, а туризмот е значаен економски сегмент во тоа подрачје, со 7,5 милиони посетители во 1992 година.[23] Саут Даунс и градовите Портсмут, Саутемптон и Винчестер исто така привлекуваат туристи во Хемпшир.[24]

Пристаништето во Саутемптон

Градовите Саутемптон и Портсмут се значајни пристаништа, при што преку пристаништето во Саутемпон се одвива голем дел од националниот контејнерски товарен сообраќај и тоа е главна база за крстарења, а во пристаништето во Портсмут е сместена една од главните бази на Кралската морнарица и е терминал за фериботи до Франција и Шпанија.

Култура, уметност и спорт

[уреди | уреди извор]
Знамето на Хемпшир

Знамето на Хемпшир било официјално додадено во регистарот на Институтот на знамиња на 12 март 2019 година.[25]

Во Хемпшир има многу локални музеи, како што е Градскиот музеј во Винчестер, кој на три ката ги опфаќа железното време и римскиот период, средниот век и викторијанскиот период. Во Андовер има „Музеј на железното време“. Музејот на морскиот град во Саутемптон е најмногу насочен кон поврзаноста на градот со Титаник. Во Бесингсток има музеј за индустриското наследство на Хемпшир. Од националните музеи позначајни се: Националниот музеј за мотори во Болие, Музејот на Кралската морнарица во Портсмут. Други воени музеи се: Музејот на подморницата во Госпорт, музејот на кралските маринци во Саутсеа, Воениот музеј Алдершот, Приказната за Денот Д во Саутси и други.

Значајни луѓе

[уреди | уреди извор]

Веројатно најпознат жител бил Војводата од Велингтон, кој живеел во северниот дел на округот од 1817 година.[26] Познатата викторијанка, која остави свој белег и „се врати“ во Хемпшир за погреб во Ист Велоу била Флоренс Најтингел.[27]

Во Хемпшир се родени писателите Џејн Остин, Вилберт Одри и Чарлс Дикенс, а тука живееле Чарлс Кингсли и г-ѓа Гаскел. Алис Лидел, позната и како Алис Харгривс, инспирација за Алиса во Авантурите на Алиса во земјата на чудата од Луис Керол, живеела во и околу Линдхерст, по нејзиниот брак со Реџиналд Харгривс.[28]

Поврзаноста на Хемпшир со ликовната уметност е тоа што тука е роден сликарот Џон Еверет Миле, а во Селборн живеел Гилберт Вајт. Новинарот и социјален критичар Кристофер Хиченс е роден во поморско семејство во Портсмут.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „No. 62943“. The London Gazette. 13 March 2020. стр. 5161.
  2. Oppenheimer, Stephen (2006). The Origins of the British: A Genetic Detective Story. Carroll & Graf. ISBN 9780786718900.
  3. „The British Museum: Prehistoric Britain“ (PDF). стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 February 2018. Посетено на 14 April 2018.
  4. 4,0 4,1 Cunliffe, B, 2008, Iron Age Communities in Britain, fourth edition
  5. Cunliffe, Barry W. (1997). The Ancient Celts. Oxford University Press. ISBN 9780198150107.
  6. 6,0 6,1 Cunliffe, B, 1991, Wessex to AD 1000
  7. de la Bédoyère, Guy (2006). Roman Britain: A New History. Thames & Hudson. ISBN 9780500051405.
  8. Adams, Max (2017). Ælfred's Britain. London: Head of Zeus Ltd. стр. 229–232. ISBN 9781784080303.
  9. 9,0 9,1 Hindley, Geoffrey (2006). A Brief History of the Anglo-Saxons. Robinson. ISBN 9781845291617.
  10. Fleming, R, 2010, Britain After Rome: The Fall and Rise 400 to 1070
  11. Ian Crump (29 December 2017). „A look back at when the Mayflower and Speedwell left Southampton bound for America“. Southern Daily Echo. Архивирано од изворникот на 25 April 2018. Посетено на 24 April 2018.
  12. Mee, Arthur (1967). The King's England – Hampshire and the Isle of Wight. London: Hodder & Stoughton. ISBN 0-340-00083-X.
  13. Webb, John (1977). The Siege of Portsmouth in the Civil War. Portsmouth City Council. ISBN 0-901559-33-4.
  14. „National Gazetteer“. 1868. Архивирано од изворникот на 18 October 2014. Посетено на 13 October 2014.
  15. Barratt, Nick (2009). Lost Voices From the Titanic: The Definitive Oral History. London: Random House. стр. 84. ISBN 978-1-84809-151-1.
  16. Local Government Act 1972. 1972 c.70. The Stationery Office Ltd. 1997. ISBN 0-10-547072-4.
  17. [1] Архивирано на {{{2}}}.
  18. McKie, Robin (15 October 2006). „Season of mice? How autumn lost its cool“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 2 October 2013. Посетено на 2 June 2008.
  19. 19,0 19,1 19,2 Met Office, 2000.
  20. „Met Office:English Climate“. Met Office. Архивирано од изворникот на 25 May 2007. Посетено на 4 August 2007.
  21. 21,0 21,1 „Hampshire Key Facts & Figures“ (PDF). hants.gov.uk. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 November 2014. Посетено на 26 March 2018.
  22. „Economic Statistics“. Hants.gov.uk. Архивирано од изворникот на 27 March 2018. Посетено на 26 March 2018.
  23. New Forest District Council, n.d.
  24. Hampshire County Council, United Kingdom Tourism Survey & GB Leisure Day Visits Survey, 2004.
  25. „Flag Institute“. 12 March 2019. Архивирано од изворникот на 7 May 2019. Посетено на 7 May 2019.
  26. Hibbert, Christopher (2010). Wellington: A Personal History. HarperCollins. ISBN 978-0-00-740694-4. Архивирано од изворникот на 31 January 2020. Посетено на 26 December 2011.
  27. Wintle, Colin (1977). Around Historic Hampshire. Midas Books. ISBN 0-85936-092-X.
  28. „New Forest Parishes“. New Forest Parishes. Архивирано од изворникот на 28 November 2013. Посетено на 22 March 2014.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy