Австразија
Австразија (поретко Австрија, и двете со значење "источна земја") го формирала североисточниот дел на кралството на меровиншките Франки, и зафаќала делови од териториите на денешниот источен дел на Франција, западен дел на Германија, Белгија, Луксембург и Холандија. Мец бил нејзина престолнина, иако некои австразиски кралеви владееле од Ремс, Трир, и Келн. Австразија исто се користел како термин за северноисточна Италија, како спротивност на Неустрија, што значело северозапад.
Историја
[уреди | уреди извор]По смртта на франкискиот крал Хлодовик I во 511, неговите четири сина меѓусебе го поделиле неговото кралство а Теодорих I ја добил емјата која подоцна ќе стане Австразија. Потомци на Теодорих, кралска лоа, владееле со Австразија до 555, кога таа се споила со другите франкиски кралства на Хлотар I, кој ги обединил сите франкиски кралства до 558 г. Неговите синови подоцна од четирите кралства по смртта на Хариберт I во 567 направиле 3 кралства: Австразија со која ќе владее Сигеберт I, Неустрија со која ќе владее Хилперик I, и Бургундија со која ќе владее Гунтрам. Овие три кралства ја дефинирале почитичката поделба на Франкија сè до доаѓањето на власт на Каролинзите па дури и подоцна.
Од 567 до смртта на Сигеберт II во 613, Неустрија и Аустразија речиси постојано биле во војна, а Бургундија најчесто била во улога на посредник за помирување. Овие битки го достигнале својот врв во војните меѓу кралиците на Аустраија и Неустрија, Брунхилда и Фредегунда. Најпосле, во 613, племството се кренало против Брунхилда која била предадена на нејзиниот внук и непријател од Неустрија, Хлотар II. Хлотар тогаш презел контрола и вр останатите две кралства и го обединил франкиското кралство а градот Париз станал негова престолнина. Токму во тој период се појавиле и првите majores domus или мајордоми. Овие службени лица делувале како медијатори меѓу кралот и народот во секое кралство. Првите австразиски мајордоми биле припадници на пипинската семејна лоза, која полека но сигурно во иднина ќе ги замени Меровинзите, односно ќе ги лиши од престолот.
Во 623, Австразијанците го побарале Хлотар II за нивен крал и тој го назначил својот син Даагоберт I да владее со нив аедно со Пипин Ланденски како регент. Владеењето на Дагоберт било широко прифатено. Во 629, тој ги наследил Неустрија и Бургундија. Австразија уште еднаш била анемарена сè до 633 г, кога народот повторно го побарал синот на кралот а свој крал. Дагоберт се согласил и го пратил својот постар син Сигеберт III во Австразија. Историчарите широко се согласни околу тоа дека тој бил првиот мрзлив крал roi fainéant од меровиншката династија. Неговиот дворец бил управуван од мајордоми. Во 657, мајордомот Гримоалд Постариот го поставил Хилдеберт Посвоениот на престолот каде тој останал сè до 662. Потоа, Австразија доминантно била кралство на Арнулфингските мајордоми и на нивната моќ. Со Битката кај Тертри во 687, Пипин Херистал го пораил неустрискиот крал Теодорих III и воспоставил свое мајордомство врз сите франкиски кралства. Од современиците на ова се гледало како почеток на "кралско владеење". Исто тоа било и покаател на надмоќта на Австразија врз Неустрија која ќе трае сè до крајот на меровиншкиот период. Во 718, Карло Мартел, со австразиска поддршка во војна на Австразија против Неустрија, секоја од нив борејќи се да ја соедини Франкија под своја хегемонија, го назначил Хлотар IV да владее во Австразија. Тој бил последниот франкиски владетел кој не владеел со сите Франки. Во 719, Франкија трајно се обединила под австразиска хегемонија.
Владетели
[уреди | уреди извор]Меровиншки кралеви[уреди | уреди извор]
|
Мајордоми[уреди | уреди извор]
|
Извори
[уреди | уреди извор]- Charles Oman: The Dark Ages 476–918. London: Rivingtons, 1914.
- Thomas Hodgkin: Italy and Her Invaders. Oxford: Clarendon Press, 1895.
|