Content-Length: 297094 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB

Брисел — Википедија Прејди на содржината

Брисел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брисел
  • Bruxelles
  • Brussel
Главен регион во Белгија
Колаж со неколку погледи на Брисел
Колаж со неколку погледи на Брисел
Знаме на БриселЛого на Брисел
Амблем
Прекар(и): Главен град на Европа
Местоположбата на  Брисел  (red) – во Европска унија  (brown и светлокафеаво) – во Белгија  (brown)
Местоположбата на  Брисел  (red)

– во Европска унија  (brown и светлокафеаво)
– во Белгија  (brown)

Координати: 50°51′0″N 4°21′0″E / 50.85000° СГШ; 4.35000° ИГД / 50.85000; 4.35000
Основанc. 580
Формиран979
Управа
Површина
 • Region161,38 км2 (62,2 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001300000013 м
Население
 • Густина7,025/км2 (16,857/ми2)
 • Метро1,830,000
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.brussels.irisnet.be
Плоштад - Гран Плац

Брисел (француски: Bruxelles; холандски: Brussel) е главен град на Белгија. Овој град отсекогаш претставувал раскрсница на јазици и култури по што заслужено е претворен во главен штаб на Европската Унија, НАТО и други Европски институции. Метрополата на Брисел содржи 2090000 жители.[1][2]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на градот доаѓа од старохоландската сложеница Bruocsella, каде зборот „bruoc“, значи мочуриште, а зборот „sella“ значи дом. Тоа значи дека преводот на името на градот би бил „дом во мочуриштето“.

Името Брисел денес најмногу се користи за да се опише град-регион чиј службен назив е Регион на главниот град Брисел. Самиот регион е поделен на 19 општини, кои не се споени. Главната општина во тој регион се вика Град Брисел кој се состои од строгиот центар на градот (Пентагон или Вајфхок) и неговото урбано проширување. Останатите 19 општини се наоѓаат околу центарот на гардот и заедно претставуаат една урбана средина од преку милион жители и стотина четврти.

Самиот град-регион е еден од три сојузни региони во Белгија. Изразот Брисел, надвор националните рамки често се користи како би се означиле европските институции, најмногу Европска комисија.

Според белгијскиот устав (член 194), град Брисел е главен град на Белгија и седиште на белгиската сојузна влада. Неслужбено името на градот се корсити и како би се означило урбаното подрачје кое се простира и надвор од службените граници на Бриселскиот регион.

Историја

[уреди | уреди извор]

Формирање на градот

[уреди | уреди извор]

Првобитната населба, од која подоцна ќе настане Брисел, била основана одстана на Св. Гаугериј, кој изградил капела на брегот на реката Зене околу 580 година.[3]

Официјално датумот за основање на градот се сместува некадеоколу 979 година, кога војводата Карло Лотаргијски ја преместил реликвијата Св. Гудуле од Мерсел во капелата Св. Гаугериј која се наоѓача на брегот на реката која подоцна ќе стане остров Св. Гаугериј. Царот Отон II го дал на Карло, кој бил син на францускиот крал Луј IV, војводство на Доња Лотаргија, а тој на тоа место изградил прва постојана населба.

Околу 1000 година Брислеската грофовија е дадена на лебенскиот гроф Ламберт I, а во 1047 година, во владеењето на Ламберт II, првпат се споменува името на градот.

Средновековен Брисел

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 12 век, трговијата станала важен фактор во развојот на Западна Европа. Поради својата положба на реката Зене, Брисел станал трговски центар. За развојот на градот во тоа време сведочи и изградбата на Катедралите Св. Миховил и Гудуле во 1225 година. Околните мочуришта тогаш биле исушени, како би се направило место за идното проширување на градот кој тогаш имал само 30.000 жители. Во 11 век градот ги добил своите први ѕидини.[4] Во тој период левенските грофови станале брабантски војводи.

Поради забрзаното ширење на градот, помеѓу 1356 и 1383 година, подигнати се бриселските ѕидови. несе овие ѕидини се заменети со мрежна улица во цантарот на градот. Во 15 век бил именуван првиот градоначалник и градските советници.

Во 1488 година во градот избила војна, а наредната година и епидемија од чума. По Максимилијановата смрт, нговата ќерка Маргарета станала главна гувернерка на Холандија и во 1507 година го преместила главниот град во Мехелен.

Модерен Брисел

[уреди | уреди извор]

Како главен град на нова држава, Брисел привлекол голем број жители, бидејќи бил управен и индустриски центар на земјата. Тогаш во градот пристигнале голем број француски бегалци. Со оглед на тоа дека францускиот тогаш бил јазик на дворот, градот полеа станал мнозински франкофон. Слободниот белгиски универзитет е формиран во 1834 година, а подоцне преименуван во Слободен факултет во Брисел.

Во новата држава градот добил на меѓународно ниво, па така во 1927 година, ја угостил Солвејската конфедерација и светските изложби од 1935 и 1958 година.

Градот после војната повторно доживел процут, посебно во шеесеттите години на XX век. Во ова време уште повеќе пораснала меѓунораодната важност на градот, и тој практично станал главен град на Европа. Станал седиште на Европска економска заедница во 1958 година, а во 1967 година и седиште на НАТО пактот. Денес градот е седиште на повеќе илјадници меѓународни организации и во него живее најголем број на дипломати по Њујорк.

На 29 мај 1985 година, се случила Хејселска грагедија. По воспоставените реформи во 1970 година, основана е и Бриселска религија која стапува на сила во 1989 година и која на градското подрачје му обезбедува големо ниво на самосталност.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот Брисел се наоѓа во средишниот дел на Белгија, помеѓу Фландрајската низина и Брабантското плато, на надморска височина помеѓу 15 и 100 метри. Реката протекува низ градо од југозапад кон североисток, меѓутоа, преку неа во 19 век и во XX век се изградени многу градби, па така таа денес практично и не се гледа.

Климата во Брисел е влажна, умерена и приморска. најгопли месеци се јули и август со просечна температура од 17,3 °C. Најладен а јануари со 2,2 °C. Просечната годишна температура е 9,9 °C.

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Образование

[уреди | уреди извор]

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Брисел како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Брисел“ — песна на францускиот поет Артур Рембо.[5]
  • „23 минути над Брисел“ (англиски: 23 Minutes Over Brussels) - песна на американската музичка група „Suicide“.[6]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „The Belgian Constitution (English version)“ (PDF). Belgian House of Representatives. January 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-03-29. Посетено на 5 June 2009. Article 3: Belgium comprises three Regions: the Flemish Region, the Walloon Region and the Brussels Region. Article 4: Belgium comprises four linguistic regions: the Dutch-speaking region, the French speaking region, the bilingual region of Brussels-Capital and the German-speaking region.
  2. „Brussels-Capital Region: Creation“. Centre d'Informatique pour la Région bruxelloise (Brussels Regional Informatics Center). 2009. Архивирано од изворникот на 2009-04-29. Посетено на 5 June 2009. Since 18 June 1989, the date of the first regional elections, the Brussels-Capital Region has been an autonomous region comparable to the Flemish and Walloon Regions. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help) (All text and all but one graphic show the English name as Brussels-Capital Region.)
  3. „Brussels“. city-data.com. Архивирано од изворникот 27 јули 2020. Посетено на 27 јануари 2021.
  4. „Zo ontstond Brussel“. bop.vgc.be. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2007. Посетено на 27 јануари 2021.
  5. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 71-72.
  6. Discogs, Suicide – Suicide (пристапено на 4.5.2021)








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy