Content-Length: 270524 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B3

Витенберг — Википедија Прејди на содржината

Витенберг

Координати: 51°52′0″N 12°39′0″E / 51.86667° СГШ; 12.65000° ИГД / 51.86667; 12.65000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лутерштат Витенберг
Плоштадот, со старото градско собрание, споменикот на Мартин Лутер и Stadtkirche
Плоштадот, со старото градско собрание, споменикот на Мартин Лутер и Stadtkirche
Плоштадот, со старото градско собрание, споменикот на Мартин Лутер и Stadtkirche
Грб на Лутерштат Витенберг
Витенберг во рамките на Германија
Витенберг
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Градоначалник Екхард Науман (СДП)
Основни податоци
Површина 240 км2
Надм. височина 67 м
Население 45.535 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 190 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06886
Повик. бр. 03491
Портал wittenberg.de
Местоположба на град Лутерштат Витенберг во рамките на округот Витенберг
Карта
Карта
Координати 51°52′0″N 12°39′0″E / 51.86667° СГШ; 12.65000° ИГД / 51.86667; 12.65000
Споменици на Мартин Лутер во Ајслебен и Витенберг
светско наследство на УНЕСКО

Плоштадот е заштитено културно наследство на УНЕСКО
Критериумкултурно: iv, vi
Навод783
Запис1996 (20-то заседание)

Витенберг, службено познат како Лутеров Град Витенберг (германски: Lutherstadt Wittenberg) — град во покраината Саксонија-Анхалт, Германина. Лежи на реката Елба.

Историски, важноста на Витенберг се должи поради седиштето на изборниот кнез на Саксонија, на достоинството одржано од војводите на Саксо-Витенберг и исто така на блиската врска со Мартин Лутер и почетокот на протестантската реформација; неколку од неговите згради се поврзуваат со настани од тоа време. Дел од августинскиот манастир во кој живеел Лутер, прво како монах, а подоцна како сопственик на неговата жена и семејство, е зачуван и се смета за првиот музеј во светот посветен на Лутер. Различни меморијални споменици на Лутер и Меланхтон биле додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1996.

Историја

[уреди | уреди извор]

Населбата првпат била спомената во 1180, како мало село основано од фламанските доселеници под водство на династијата Асканија. Во 1260, станал резиденција на војводите од Саксо-Витенберг, а во 1293, населбите ги добила градскиот статус. Витенберг се развил во важен трговски центар во текот на следните векови, поради неговата локација. Кога Асканинците изумреле, Саксо-Витенберг преминал во династијата Ветин. Градот станал важен регионален политички и културен центар на крајот на 15-от век, кога Фридрих III „Мудриот“, изборен кнез на Саксонија, го преземал резиденцијата во Витенберг. Неколку делови од градот наскоро биле проширени: вториот мост над Елба бил изграден од 1486 до 1490, а дворската црква, Schlosskirche, била изградена од 1496 до 1506. Дворецот бил обновен во истовреме/

Во 1502, Универзитетот Витенберг бил основан и станал дом на многу важни мислители, меѓу нив Мартин Лутер (професор по теологија од 1508) и Филип Меланхтон (професор по грчки јазик од 1518).

На 31 октомври 1517, Лутер ги изнел неговите 95 тези против продавањето на простувањето на гревовите на вратата на црквата Сите Светци, дворската црква, обележувајќи го почетокот на протестантската реформација. Движењето на Анабаптистите исто така ги имало еден од неговите најрани домови во Витенберг, кога пророците од Цвикау се преселиле тука на крајот на 1521, но биле потиснати од Лутер, кога се вратил од Вартбург во пролетта 1522. Капитулација на Витенберг (1547) — име дадено на договорот со кој Јохан Фридрих Великодушниот бил принуден да се повлече од кнежевската должност и да ја предаде поголемиот дел од неговата територија на гранката Албертин од династијата Ветин.

Во 1760, во текот на Седумгодишнаа војна, окупираниот пруски град бил бомбардиран од Австријците. Бил окупиран од Французите во 1806, и повторно утврден во 1813 во команда на Наполеон. Во 1814, бил нападнат од пруската војска под водство на Тауенциен, кој ја добил титулата „фон Витенберг“ како награда. Во 1815, Витенберг станал дел од Прусија и бил администриран во рамките на провинцијата Саксонија. Витенберг продолжил да биде тврдина од трета класа до реорганизацијата на германската одбрана по основањето на новото германско царство, кое довело до негово затворање во 1873.

За разлика од многу други историски германски градови во текот на Втората светска војна, центарот на градот на Витенберг бил поштеден од уништувањето во војната. Сојузниците се согласиле да не го бомбардираат Витенберг, иако имало борби во градот, со шарка знаци видливи на спомениците на Лутер и Меланхтон на плоштадор или на популарната верзија на градската историја. Всушност, статуата на Лутер не била поставена на плоштадот во текот на војната. Се чувала на Luther Brunnen, на само неколку километри северно од градот.

Угледот на Витенберг како заштитен град од Сојузниците не е историски точна. На периферијата на Витенберг се наоѓала Arado Flugzeugwerke (Арадо авионска фабрика), која произведувала авионски делови за Luftwaffe. Фабриката била составена од Евреи, Руси, Полјаци, политички затвореници и дури и неколку Американци - сите затвореници принудена на работа. И покрај затвореничкиот статус на неговите работници, американските и британските авиони ја бомбардирале фабриката на крајот на војната. 1.000 затвореници-работници биле убиени.

На крајот на војната, Витенберг бил окупиран од советските сили и станал дел од Источна Германија во 1949. Во текот на источногерманскиот период, бил дел од округот Хале. Со мирната револуција во 1989, комунистичкиот режим бил симнат и градот бил владеен демократски од 1990.

Места додадени на Витенберг

[уреди | уреди извор]

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Витенберг е дом на бројни важни историски артефакти, како и портрети и други слики од Лукас Кранах Постариот и Помладиот. На вратите на црквата Сите Светци, Schlosskirche („дворската црква“ изградена 1496–1506) Лутер ги закачил неговите 95 тези во 1517. Била сериозна оштетена од пожар во 1760 во текто на бомбардирањето од Французите во Седумгодишната војна, била практично повторно изградена, а подоцна (1885–1892) и обновена. Дрвените врати, изгорени во 1760, биле заменети во 1858 од бронзени врати, означени со латинскиот текст на тезите. Внатре во црквата се гробовите на Лутер и Филип Меланхтон и на изборните кнезови Фридрих Мудриот (од Петер Фишер Помладиот, 1527) и Јохан Постојаниот (од Ханс Фишер), и портретите на реформаторите од Лукас Кранас Помладиот. Црквата Света Богородица, парохиската црква во која Лутер проповедал, бил изградена во 14-от век, но била многу променета во времето на Лутер. Содржи импресивна слика на Лукас Кранах Постариот, претставувајќи ја Тајната вечера (со лицата на Лутер и другите реформатори), Баптизмот и Конфесијата, исто така насликани од Херман Фишер Постариот (1457). Исто така, имало и други историски слики во црквата. Старата кнежевска палата е уште една од зградите кои настрадале во 1760; сега е архив. Тука се наоѓа и куќата на Меланхтон и куќата на Лукас Кранах Постариот (1472–1553), кој бил градоначалник на Витенберг. Спомениците на Лутер (од Шадоф), Меланхтон и Бугенхаген го разубавуваат градот. На самото место надвор од портата Елстер, каде Лутер јавно ја запалил папската була во 1520 е обележано од дабово дрво.

Најстариот грб на Витенберг

Граѓанскиот грб на Витенберг пренесува нешто од градската историја со своите различни хералдички елементи. На 27 јуни 1293, Витенберг ги добил градските права од војводата Албрехт II. Потоа настанал средновековниот град, чие највисоко управувачко тело било неговиот совет. Овој совет, познато дека постоел најрано од 1317, добил должност да ја води администрацијата на градот, регулирање на правото и собирањето на градските приходи. За документација, администрацијата користела свој печат. Една верзија од она што се верува дека е најстарито градски печат, кој го користел советот и кој потекнува од првата половина на 14-от век, обележува една позадина со неговите елементи на различни граѓански грбови до денешен ден.

Грбот симболира, со избоени ѕидини и кули во рамките на источната страна, градот бил веќе силно утврден од 1409. Двата штита во средината го формираат Изборното кнежевство Саксонија со саксонскиот грб десно, чии златни и црни линии потсетуваат на боите на владетелите од династијата Асканија со Rautenkranz. Левиот штит е окружниот грб на Витенберг. Во 1356, императорот Карло IV му ја доделил титулата „изборен кнез“ на војводата на Саксонија-Витенберг. Витенберг станал кнежевска резиденција. Двата грба продолжиле да бидат користени од династијата Ветин, откако изумреле Асканинците. Водата на подножјето на штитот ја симболизира локацијата на Витенберг на реката Елба. Рибата е лосос, која некогаш ја имало во изобилство во Елба. Рибарите, како сите професии во градот, го имале нивниот ред во 1422 и рибата го нашла нејзиниот пат на грбот.

Театар и култура

[уреди | уреди извор]

Витенберг има долга традиција на културни настани. Градскиот театар (Mitteldeutsches Landestheater) доситгнал голема важност во времето на ГДР. Од 1996, градот имал отворен театар, кој ја одржувал Лутеранската историја сè уште жива на многу историски места во стариот град. Во 2001 и 2005, Фернандо Скарпа станал уметнички директор на „Bühne Wittenberg“ (Сцена Витенберг), проект за театар, уметност и култура во цела Германија, кој привлекува голема публика и чиј успех го постигнал европското ехо. Во 2002 и 2003, Стефано Вањини, италијанскиот композитор и оргулар создавал музика за Thesys и Luther Stories.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Витенберг е збратимен со:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]










ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B3

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy