Папа Урбан VIII
Urbanus VIII | |
---|---|
Родено име | Мафео Барберини |
Папа од | 29 септември 1623 |
Папа до | 29 јули 1644 |
Претходник | Папа Григориј XV |
Наследник | Папа Инокентиј X |
Роден | 5 април 1568 Фиренца |
Починал | 29 јули 1644 Рим |
Други папи по име Урбан (појаснување) |
Урбан VIII (лат. Urbanus PP. VIII; 5 април 1568 - 29 јули 1644) — римски папа од 29 септември 1623 до 29 јули 1644[1]. Во 1606 бил назначен за кардинал од страна на папата Павле V, а истата година станал и епископ на Сполето. Откако станал папа, станал и активен покровител на своите роднини. Семејството Барберини станало семејство на кардиналите и најдоходно семејство во папската држава. Се покажало дека во негово време се ратило времето на ренесансата. Во 1625, повторна објавена како јубилејна година, бил повикан да сведочи за папаската моќ. Неговото папство било во времето на Трисетгодишната војна, која во крв ја облеала скоро цела Европа.
Во негово време била отворена и летната папска резиденција во Кастел Гандолфо.
Папата Урбан VIII е познат и по тоа што до значителен степен настојувал да ги спроведува инквизиционите процеси, што кулминирало со судењето на Галилео Галилеј во 1633.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|