Полошко
Полошко | |
Координати 41°20′37″N 21°57′59″E / 41.343712°N 21.966325°E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Полошко на општинската карта Атарот на Полошко во рамките на општината | |
Полошко на Ризницата |
Полошко — историско село во Кавадаречко Мариово, чиј атар денес е поделен на селата Бегниште (селото) и Праведник (манастирот). Селото било најпознато по Полошкиот манастир. Селото се наоѓало во источниот дел на Мариово, на десниотбрег на реката Црна.
Историја
[уреди | уреди извор]Во дарението од Константин Драгаш на манастирот Св. Пантелејмон-Росикон на Света Гора од 1370-тите, селото било вклучено во него заедно со својот манастир.[2] Во XIX век Полошко бил чифлик во Рожденска нахија (Мариово) на Тиквешка каза на Османлиското Царство. Во публикацијата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ е наведено дека во 1873 г. Подлошко (Podloschko) имало 15 домаќинства и 78 жители.[3] Според статистиките на бугарот Васил К’нчов од 1900 година Полошко имало 12 жители.[4] По создавањето на вештачкото Тиквешко Езеро во 1964 - 1968 година, селото целосно било потопено, од кое останал само Полошкиот манастир, до кој се стигнува само по воден пат.
Родови
[уреди | уреди извор]Полошко било македонско село, но денес иселено.
Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови.
- Доселеници: Кајчевци (1 к.), Мурувци (1 к.), Аџи-Јановци (1 к.), Ичковци (1 к.) Ваневци со Марандевци и Деловци (5 к.), Ачковци (1 к.), Цебовци (2 к.), Биндевци (3 к.) и Трпановци (1 к.) сите биле доселени во 1916 година од мегленското село Зборско.[5]
- Цркви[6]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - главна манастриска црква на Полошкиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Полошко I — населба од доцноантичко време;
- Полошко II — населба од доцноантичко време;
- Полошки Манастир — населба од доцноантичко време;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 33
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81.
- ↑ [Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.]
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
|