Content-Length: 156510 | pFad | http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_-_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88

Христијан Тодоровски-Карпош — Википедија Прејди на содржината

Христијан Тодоровски-Карпош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христијан Тодоровски-Карпош
Роден 3 септември 1921
Куманово, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 7 февруари 1944(1944-02-07) (возр. 22)
Билјача, Прешевско

Христијан Тодоровски-Карпош (Куманово, 3 септември 19217 февруари 1944, Билјача, Прешевско) — македонски комунист и истакнат македонски партизан од НОВ.[1] Бил прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година,[2] како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски - Питу).

Животопис

[уреди | уреди извор]
Спомен-куќа на Христијан Тодоровски-Карпош во Куманово

Како ученик станал член на СКОЈ уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Учество во НОБ

[уреди | уреди извор]

Во 1941 година учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

Се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот јужноморавски одред и Кукавичкиот одред, наизменично (1942-43). На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, кој постепeно нараснувал и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.[3]

Христијан Тодоровски-Карпош со своите воени другари, меѓу кои Ацо Шопов и Вера Јоциќ на Козјак 1943

Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.

Во негова чест се испеани неколку партизански песни: „Битка се бие кумановско поле“, „Давај ме, мила мамо, давај ме“ и „Горо ле, горо зелена“. Покрај тоа, Ацо Шопов му посветил две песни од својата стихозбирка „Песни“ од 1944 година: „Карпош“[4] и „Борбата на Дренак“,[5] а го спомнува и во „Марш на Трета македонска бригада“, напишана исто така во 1944 година.

Исто така, една од општините во Скопје, Општина Карпош, го добила името во негова чест.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Биста на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош пред истоименото училиште во селото Драгоманце

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга II, стр. 1490.
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 379
  3. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, книга II, стр 1490.
  4. Ацо Шопов, „Карпош“
  5. Ацо Шопов, „Борбата на Дренак“

Литература

[уреди | уреди извор]








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD_%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_-_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy