Content-Length: 146814 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%85%D1%83%D0%B0%D1%82%D0%BE

Гванахуато — Википедија Прејди на содржината

Гванахуато

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гванахуато или Гуанахуато[1](шпански: Estado de Guanajuato) — сојузна држава во Мексика. Се наоѓа во централниот дел на земјата. Има површина од 30,491 км2 и брои 4,893,812 жители (попис од 2005).

Местоположбата на сојузната држава Гванахуато во Мексико

На север се граничи со државите Закатекас и Сан Луис Потоси, на запад со Халиско, на југ со Мичоакан, и на исток со Керетаро.

Поради богатството на рудата сребро, Гванахуато била една од првите области која Шпанците ја колонизирале во 1520-те. И денес некои од месните рудници се рекордери по производство во светот. Покрај сребро, се експлоатира и цинк, злато, бакар, олово и опал.

Гванахуато е една од економско најразвиените сојузни држави во Мексико, чиишто стапки на раст редовно го надвишуваат националниот просек.

Главен град е Гванахуато, додека најголем град е Леон. Сојузната држава Гванахуато е основана во 1824 година.

  1. Правопис на македонскиот јазик (II. изд.). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 2017. стр. 286. ISBN 978-608-220-042-2.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]










ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%85%D1%83%D0%B0%D1%82%D0%BE

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy