Пјонгјанг
Директно управуван град Пјонгјанг хангул: 평양 직할시 ханча: 平壤直轄市 | |
---|---|
Од горе-лево: Поглед на Пјонгјанг, Кула на идејата џуче, Меморијална палата Кумсусан, Славолак, Арка на обединувањето, Гроб на кралот Донгмјонг и Меѓународен аеродром Сунан | |
Карта на Северна Кореја - Пјонгјанг е потемнет | |
Земја | Северна Кореја |
Регион | Квансо |
Административна поделба | 19 кујоци, 4 куни |
Сонован | 2334 п.н.е. (Вангомсонг) |
Управа | |
• Вид | Непосредно управуван град |
Површина | |
• Вкупна | 3.194 км2 (1,233 ми2) |
Надм. вис. | 27 м |
Население (1993) | |
• Вкупно | 2.741.260 |
Пјонгјанг (чосонгул: 평양; ханча: 平壤) — главен град на Северна Кореја, кој се простира преку реката Тедонг. Според пописот од 2008 г. градот има 3.255.288 жители.
Градот се одвоил од покраината Јужен Пјонган во 1946. Управуван е како директно управуван град (Чикалси), на исто ниво како и покраинските управни органи, а не специјален град (Теукбјеолси) како Сеул во Јужна Кореја.
Историја
[уреди | уреди извор]Според една легенда, градот е основан во 2334 п.н.е. под името Вангомсонг (왕검성; 王儉城). Станал важен центар за времето на Кочосон.
Во 108 п.н.е. за време на династијата Хан, Кина го освоила Кочосон и главниот град на командантурата Леланг бил поставен близу Пјонгјанг. Леланг продолжил да биде важен стопански и културен упориште, сѐ додека не бил уништен во експанзијата на Когурјо во 313.
Когурјо тука ја преселиле престолнината во 427. За време на династијата Танг, Кина и Сила и го победиле Когурјо во 668. Во 676 Сила го зазема градот, но го остава на границата помеѓу Сила и Балхае сѐ до династијата Корјо, кога градот заживеал повторно како Согјонг (서경; 西京; „Западна престолнина“) иако никогаш всушност не била пресолнина на Корјо. Градот бил главен град на покраината Пјонган за време на диастијата Чосон, па главен град покраината Јужен Пјонган од 1896 и сѐ до потпаѓањето под јапонска власт.
Во 1945 ѝ доаѓа крај на јапонската власт и местото го окупираат советски сили, и станува привремен главен град на Демократска Народна Република Кореја, додека државата сакала да го присвои Сеул како дотогашен главен град. Во Корејската војна градот бил тешко оштетен, кога за кратко бил окупиран од јужнокорејската војска. по војната градот набргу се преградил со советска помош, со тоа што многу згради се изградени во стилот на сталинистичката архитектура.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Пјонгјанг се дели на 19 кујоци и 4 окрузи кунови.[1]
- Чунг-кујок (중구역; 中區域)
- Пјонгчонг-кујок (평천구역; 平川區域)
- Потонганг-кујок (보통강구역; 普通江區域)
- Моранбонг-кујок (모란봉구역; 牡丹峰區域)
- Сосонг-кујок (서성구역; 西城區域)
- Сонгјо-кујок (선교구역; 船橋區域)
- Тонгдаевон-кујок (동대원구역; 東大院區域)
- Таедонганг-кујок (대동강구역; 大同江區域)
- Садонг-кујок (사동구역; 寺洞區域)
- Таесонг-кујок (대성구역; 大城區域)
- Мангјонгдае-кујок (만경대구역; 萬景台區域)
- Хјонглесан-кујок (형제산구역; 兄弟山區域)
- Рјонгсонг-кујок (룡성구역; 龍城區域)
- Самсок-кујок (삼석구역; 三石區域)
- Сунгхо-кујок (승호구역; 勝湖區域)
- Рјокпо-кујок (력포구역; 力浦區域)
- Ракранг-кујок (락랑구역; 樂浪區域)
- Сунан-кујок (순안구역; 順安區域)
- Унчонг-кујок (은정구역; 恩情區域)
- Кангнам-гун (강남군; 江南郡)
- Чунгва-гун (중화군; 中和郡)
- Сангвон-кун (상원군; 祥原郡)
- Кангдонг-кун (강동군; 江東郡)
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Градот е сосема преграден по Корејската војна (1950–1953). Направен е со широки булевари, импозантни споменици и монолитски згради. Највисока градба во градот е ендовршениот хотел Рјугјонг (330 м). Хотелот има 105 спрата, и во него се содржат 360,000 м2 подна површина, и според планот на врвот требало да има седум вртливи ресторани. Од раните 1990-ти изградбата е сопрена и зградата стои како празна школка.
Значајни знаменитости во градот се Славолак (поголема реплика на Триумфалната арка) во Париз, родното место на Ким Ил-сунг на ридот Мангјонгдае, кулата на идејата џуче, и два од најголемите стадиони во светот (Стадион Ким ил Сунг и Првомајскиот стадион Рунгнадо). Пјонгјаншка ТВ кула е помала знаменитост. Друга туристичка атракција е зоолошката градина.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Пјонгјанг има дволиниско подземно метро со должина од 22.5 км. Има и 53 км трамвај и 150 км тролејбуска служба. Во градот нема толку приватни автомобили како во други земји, иако владата има голема флота од Мерцедес лимузини за партиските бирократи. Многу жители пеашчат, веозат велосипед или се возат во метрото.
Државната команија Ер Корјо лета до Пекинг, Шенјанг и Владивосток. Понекогаш има чартер летови до Макао, Инчеон, Јангјанг и неколку јапонски градови. Ер Корјо лета и на домашни линии, но ова не потврдено. Наизменично до Пјонгјанг летаат неколку странски компании, кои се главно кинески.
Градот има редовни железнички врски со Пекинг и Москва. До пекинг се стигнува за 25 часа и 25 минути (K27 од Пекинг / K28 од Пјонгјанг, понеделници, среди, четвртоци и недели); до Москва се стигнува за 6 дена.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Луѓе од Пјонгјанг
[уреди | уреди извор]- Ан Ик-таи, композитор
- Хванг Чанг-јоп, политичар
- Ким Ил-сунг, политичар
- Џорџ М. МекКун, лингвист
- Пак Ду-ик, поранешен фудбалер
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „행정구역현황 (Haengjeong Guyeok Hyeonhwang)“. NK Chosun. Архивирано од изворникот на 2008-03-29. Посетено на 10 јануари 2006. Исто така и Административна поделба на Северна Кореја Архивирано на 18 октомври 2004 г. (англиски)
- ↑ „International relations“. Мрежно место на град Катманду. Архивирано од изворникот на 2013-05-13. Посетено на 10 јануари 2006.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Пјонгјанг“ на Ризницата ? |
- Одмор во Пјонгјанг (англиски)
- Слики од Пјонгјанг Архивирано на 24 мај 2008 г. (англиски)
- Travel-Images.com - DPRK - слики од Пјонгјанг (англиски)
- Пјонгјаншки дневни вести (англиски)
- Хотел Рјугјонг Архивирано на 26 март 2021 г. - највисоката зграда во Пјонгјанг (англиски)
- слики од Пјонгјанг Архивирано на 4 јуни 2008 г. (англиски)
- Слики од Пјонгјанг Архивирано на 9 мај 2008 г. (англиски)
|
|
|