Ѓоко Танески
Изглед
Ѓоко Танески | |
---|---|
Основни податоци | |
Родено име | Ѓоко Танески |
Роден(а) | 2 март 1977 Охрид, СР Македонија, СФРЈ |
Потекло | Македонец |
Жанр(ови) | Поп, Поп-Рок |
Занимање/ња | Пејач |
Инструменти | Вокал |
Години на активност | 1994 - сегашност |
Ѓоко Танески (2 март 1977 во Охрид, СР Македонија, СФРЈ) e македонски пејач.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ѓоко Танески е роден на 2 март 1977 година, во Охрид, каде што живее. Тој е четврто дете во семејството. Во Кавадарци завршил средно шумарско училиште. Ѓоко Танески е оженет и има две ќерки: Анастасија, родена во 2007 година, и Михаела, родена во 2011 година.[1]
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]Своите музички почетоци, Танески ги направил во Кавадарци, кога за време на средношколските денови ја оформил својата прва група, со која настапувал на локалната сцена.[1]
Евровизија 2010
[уреди | уреди извор]На 20 февруари 2010 година, Танески победил на македонското национално финале за избор на песна за Евровизија. Така, тој ја претставувал Македонија на фестивалот „Евровизија 2010“, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]- Збогум најмила (2007)
Песни
[уреди | уреди извор]- „Никогаш доста“ (2008)
- „Јас ја имам силата“ (2010)
- "Немам ниту сон" (2018)
- "Тој што во срце те носи" (2019)
- "Една љубов имам" (2019)
- "Ден по ден" (2020)
- "Ти" (2021)
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Јас ја имам силата“ - евровизиската песна на Ѓоко Танески на YouTube.
|