Бејоглу
Бејоглу | |
---|---|
District | |
Location of Beyoğlu in Istanbul Province | |
Location of Beyoğlu in Istanbul Province | |
Координати: 41°02′13″N 28°58′39″E / 41.03694° СГШ; 28.97750° ИГД | |
Земја | Турција |
Провинција | Истанбул |
Управа | |
• Градоначалник | Ахмет Демирџан ((ППР)) |
Површина[1] | |
• District | 8,66 км2 (334 ми2) |
Население (2012)[2] | |
• District | 246.152 |
• District густина | 280/км2 (740/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Повик. бр. | 0-212 |
Мреж. место | beyoglu.bel.tr beyoglu.gov.tr |
Бејоглу — округ кој се наоѓа на европската страна на Истанбул, Турција. Овој регион се наоѓа на т.н. историски полуостров во Цариград од страната на Златниот Рог. Во текот на средниот век, регионот се викал Пера, и тоа име се одржало до создавањето на модерна Турција.
Областа опфаќа повеќе населби кои се наоѓаат северно од Златниот Рог, меѓу кој: Галата, Караќој, Џихангир, Шишхан, Тепебаши, Тарлабаши, Долапдере и Кашимпаша. Областа е позната по активниот уметнички живот, забава и култура во Истанбул. Со центарот на градот, Бејоглу е поврзан со мостот Галата.
Историја
[уреди | уреди извор]Територијата на денешен Бејоглу била населена уште од времето на Исус Христос. Во римско време, името на оваа област се викала Сикај и Перан кое во превод значело “од другата страна на Златниот Рог“. Во времето кога Византија започнала да го проширува градот и неговите ѕидини, овој регион започнал да се нарекува Галата. Името Галата потекнува од грчкиот збор Galaktos што значи млеко. Според некои верувања пак, се смета дека името доаѓа од галите.
Областа можеби била основана по доаѓањето на европските трговци, оснобено од Џенова и Венеција. Во тој период, областа била позната под името Пера. По Четвртата крстоносна војна, регионот бил под управа на Венеција. Црквата Свети Павле и Доменик (денеска Арапска џамија) датира од тој период.
Во 1273 година, Пера била дадена на Република Џенова од страна на Михаил VIII Палеолог во замена да Џенова ја подржи Византија во Четвртата крстоносна војна. Во 1316 година била изградена Џеновската палата[3] Во 1348 година била изградена познатата Кула Галата. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). Под контрола на Џенова, областа останала до падот на Цариград во 1453 година.
Најпознати места
[уреди | уреди извор]- Кула Галата
- Црква Свети Антониј Падуа (Истанбул)
- Булевар Истиклал
- Чичек Пасаџи
- Училиште Галатасарај
- Музеј Пера
Збратимени општини
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
- ↑ „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
- ↑ „Ottoman Bank Museum: Bereket Han on Bankalar Caddesi“. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2009-12-24.
- ↑ „Центар се збратими со Бејоглу во Истанбул“. Нова Македонија. 21 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 21 април 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бејоглу“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Galata. |
- Beyoğlu Municipality official website
- Pera Museum
- Çiçek Pasajı - Cité de Péra
- Tiyatro Pera - Pera Theater
- Galatasaray High School
41°01′55″N 28°58′34″E / 41.03194° СГШ; 28.97611° ИГД
|