Прејди на содржината

Дурбан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дурбан

Дурбанград во провинцијата КваЗулу-Натал во Јужноафриканската Република. Овој град е познат и по неговото зулу име - eThekwini (што значи "кај пристаништето", од зулу зборот itheku). До 2000 година, неколку градови, вклучувајќи го и Дурбан, биле дел од Етеквини метрополитенската општина.

Дурбан е окарактеризиран како "игралиштето на Јужна Африка". Често е нарекуван и "Мајами Бич" на Јужна Африка, како резултат на големите и бројни хотели кои се протегаат долж дурбанската плажа, како и поради неговата суптропска клима, која е нешто поладна од гореспоменатиот флоридски град.

Дурбан е дом на околу 3,5 милиони жители од најразлични култури, вклучувајќи и голема индиска заедница, правејќи го притоа вториот најголем град во ЈАР.

Додека Јоханесбург ја прегрна својата нова афроцентричка природа, а Кејптаун се задржа на својата евроцентричка култура, Дурбан се разви како полиглотски етноцентричен град на источните, западните и африканските култури, притоа секоја давајќи му единствена одлика.

Дурбан е во основа "празничен град", со многу плажи, но во исто време тој е и африканското најзафатено пристаниште и има развиен индустриски центар. Неговото пристаниште е едно од светските најголеми природни длабочински пристаништа.

Долгата низа од хотели кои се поредени долж плажата е позната како дурбанската Златна Милја.

Метрополитенска општина

[уреди | уреди извор]
Карта на Јужноафриканската Република со местоположбата на општината Етеквини (во КваЗулу-Натал провинцијата).

Дурбан е седиште на провинцијата Етеквини, која е исто така и една од единаесетте области на КваЗулу-Натал провинцијата во ЈАР. Таа е и една од шесте метрополитенски општини на ЈАР.

Општината Етеквини (во која и се наоѓа Дурбан) е опколена со следните области:

Историја

[уреди | уреди извор]

Племето Зулу ја нарекувало лагуната околу која е сместен Дурбан "Thekwini" (лагуна) и поставувало стапици за риби во трските. На 25 декември, 1497 година, португалскиот истражувач Васко де Гама се укотвил на територијата на денешниот Дурбан и го именувал природното пристаниште "Rio De Natal" (Божиќна Река). Тоа било нарекувано и "Parva de Pescaria" (Рибниците) поради стапиците за риби.

pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy