Прејди на содржината

Иван Гол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Yvan Goll
Иван Гол во 1924 година
Роден/аИсак Ланг
29 март 1891(1891-03-29)
Сен Дје де Вогес, Франција
Починат/а27 февруари 1950(1950-02-27) (возр. 58)
Париз, Франција
ЗанимањеPoet, Librettist, Playwright
Државјанствогерманско; американско од 1945
Образованиесудската пракса на Универзитетот во Стразбур (1912-1914)
Универзитет во Лозана (1915-1918)
Период1914–1950
Книжевно движењеекспресионизам, надреализам
Сопруг/аКлер Гол (1921–1950)

Иван Гол (француски: Yvan Goll, роден на 29 март 1891 во Сен Дје де Вогес - починал на 27 февруари 1950) — француски писател, поет, романист и преведувач, авангардист поврзан со експресионизам и надреализам, еден од најголемите писатели на модерната љубовна лирика. Во своите дела го користел псевдонимот Исак Ланг.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Рани години

[уреди | уреди извор]

Иван Гол бил одгледан во семејството на еврејскиот фабрикант Абрахам Ланг од Алзас и Ребека Ланг (родена Лазар) од Лорен. Во 1898 година, по смртта на својот татко, заедно со неговата мајка се преселил во Мец. Во прво одделение се предавало на француски јазик, но во средно училиште бил задолжителен германскиот јазик. Градот бил центар на североисточен Лорен, која се сметала во тоа време како територијата на Германското Царство (присоединета кон неа по Француско-пруската војна 1870 - 1871, а потоа 1918 година повторно прогласена за француска територија). Во 1909 година Исак Ланг се стекнал со германско државјанство, по кое го завршил средното образование.

Учел право во Фрајбург, потоа во Минхен и Стразбур. Во 1912 година под псевдонимот Иван Лазанг го објавил својот прв поетски зборник („Лотарингски народни песни“). Подоцна користел и други псевдоними - Тристан Торси, Јоханес Тор, Жан Лонгвил, но најчесто - Иван Гол. Перцепирал со идеите на германскиот експресионизам и влијание, создавајќи ја првата значајна поема „Панамскиот Канал“ (1914). За да избегне да не биде мобилизиран во германската армија, по избувнувањето на Првата светска војна емигрирал во 1914 година во Швајцарија. Живеел во Цирих, Лозана и Асколи. Според некои биографски извори, на Универзитетот во Лозана се стекнал со титулата доктор на филозофски науки. Ги споделувал пацифистичките убедувања и одржувал контакти со германски, швајцарски и француски пацифисти од опкружувањето на Ромен Ролан. Се запознал со својата идна сопруга, германско-француската писателка со еврејски корени, Клер Щудер.

Во познатата експресионистична антологија „Зајдисонце на човештвото"“ во 1919 година биле испечатени седум негови песни и краток автопортрет во кој Иван Гол се дефинира себеси како човек без татковина, по судбина Евреин, случајно роден во Франција, со германско државјанство. Во Цирих одржувал пријателски врски со дадаистите Ханс Арп, Тристан Цара и Френсис Пикабија.

Во 1919 година се преселил во Париз, кој во тоа време претставувал централно средиште на новите уметнички пребарувања и експерименти, кои го определиле изгледот на модерната европска уметност во XX век. Таму, тој се приклучил кон авангардните француски поети од кругот на Гијом Аполинер, Андре Бретон, Пол Елијар. Го основал списанието „Надреализам“, во кое бил објавен познатиот „Манифест на надреализмот“. Имал лични контакти со голем број на модерни уметници, за што сведочи неговиот поетски зборник „Новиот Орфеј“ со илустрации направени од Џорџ Грос, Робер Делоне и Фернан Леже. Одржувал контакти со Џејмс Џојс и Штефан Цвајг.

Неговиот брак со Клер Штудер, кој бил склучен во 1921 година, истоивремено го дал почетокот на речиси децениското негово интензивно работење. Заедно со неа, Иван Гол ја објавил стихозбирката „Поеми за љубовта“, „Поеми на љубомората“, „Поеми за животот и смртта“ (1927). Но во текот на 1930-тите неговиот брак бил разнишен од преголемата љубомора. При една посета кај своите пријатели во Берлин, тој ја сретнал девет години помладата австриска поетеса и сликарка Паула Лудвиг. Нивната подоцнежна страсна љубовна врска претставувала инспирација за создавањето „Малајски песни“ (1935). Во 1936 година го објавил првиот дел од најпознатиот поетски циклус „Жан Безродниот“.

Емиграција и последни денови

[уреди | уреди извор]

Во септември 1939 година, неколку дена по почетокот на Втората светска војна емигрирал со сопругата во САД, каде живеел во Њујорк и по пет години двајцата добиле американско државјанство. Во исто време лекарите му дијагностицирале на Иван Гол леукемија.

Во Њујорк тој ги објавил на француски јазик свои преводи на песни од германски јазик, го издавал списанието за француска и американска поезија „Полутопки“, каде за првпат објавил и свои поетски дела напишани на англиски јазик. Песните од циклусот Traumkraut настанати во последните години од неговиот живот, се напишани на германски јазик.

По завршувањето на војната во Европа, Иван и Клер се вратиле во 1947 година во Франција. На крајот на 1949 година Иван Гол заминал во американската болница во париското предградие Неји сур Сен, месец и половина подоцна бил опериран.

Починал на 27 февруари 1950 година на 58-годишна возраст.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Раните дела на Иван Гол биле создадени во духот на експресионизмот чиј остар и дисонантен тон, меѓу налетите за промена на светот оставиле белег врз поемите „Панамскиот Канал“ (1914), „Реквием на загинатите во Европа“ (1917) и стихозбирката „Дитирамби“ (1918). Во нив се гледа исто влијанието на американскиот поет Волт Витман и на германскиот филозоф Фридрих Ниче.

По 1919 година во креативноста на Иван Гол влегле мотиви, елементи и изразни форми на надреализмот, кој писателот теоретски ги брани во својот „Манифест на надреализмот“ (1924). Гротескте слики и метафорика ја карактеризираат неговата поезијата во „Астра“ (1920), „Ајфеловата кула“ (1924), драматургијата „Вечниот државјанин“ (1922), и неговите романи „Еврококи“ (1928) и „Содом Берлин“ (1929).

Иван Гол е сметан е за иноватор во модерната европска поезија од првата половина на дваесеттиот век. Една од централните му теми е оваа за безродникот, осуден на вечно скитање и осаменост. Во своето време Иван Гол пишувал и објавувал на германски, француски и англиски јазик. Преведувал од и на трите јазика, патем автори како Блез Сандрар, Франсоа Шарл Моријак, Франц Верфел, Џејмс Џојс.

И покрај неговото големо значење за експресионизот и надреализмот, во Германија останал помалку познат. Француските познавачи на европската љубовна лирика како Жан Кокто и Пол Елијар го сметаат за еден од најголемите нивни обновители. Во Франција е основана Меѓународна награда за поезија (годишно се доделува од 1998 година), во негово име. Во англиското говорно подрачје се објавени во превод некои од неговите најпознати дела, како и некои монографии за неговото творештво.

Гробот на Иван и Клер Гол
  • Lothringische Volkslieder, Nachdichtungen. Metz, P. Müller Verlag, 1912
  • Der Panama-Kanal, Verlag der Expressionistischen Häfte, A. R. Meyer, Berlinq 1914
  • Requiem. Für die Gefallenen von Europa, Kommissionsverlag von Rascher&Cie, Zürich/Leipzig, 1917
  • Dithyramben, Kurt Wolff Verlag (Bücherei Der jüngste Tag, Band 54), Leipzig, 1918
  • Die Unterwelt, Gedichte. S. Fischer Verlag, Berlin,1919
  • Paris brennt. Ein Poem nebst einem Postkartenalbum. Verlag Zenit, Zagreb, 1921
  • Le Nouvel Orphèe, Illustrations de R. Delaunay, G. Grosz, F. Léger, Aux Éditions de la Sirène, Paris, 1923
  • Der Eifelturm, Gesammelte Dichtungen. Verlag Die Schmiede, Berlin, 1924
  • Poèmes d’Amour (avec Claire Goll). Avex 4 dessinds de Marc Chagall. Jean Budry&Cie (Collection Surréaliste), Paris, 1925
  • Poèmes de Jalousie, 1926 (avec Claire Goll, Jean Budry&Cie, Paris, 1926
  • Poèmes de la Vie et de la Mort, 1927 (avec Claire Goll), Jean Budry&Cie, Paris 1927
  • Chansons Malaises, Edition Poésie et Cie, Paris, 1935; Malaische Liebeslieder. Verlag Langewiesche-Brandt, Ebenhausen, 1967
  • La Chanson de Jean sans Terre. Poème en 9 schants, Edition Poésie et Cie, Paris, 1936
  • Fruit from Saturn, Hémisphères Editions de la Maison Francaise, New York, 1946
  • Traumkraut, Gedichte aus dem Nachlass. Limes Verlag, Wiesbaden, 1951
  • Le Microbe de l'Or. Editions Èmile-Paul Frères, Paris 1929
  • Die Eurokokke, Martin Wasservogel Verlag, Berlin, 1928
  • Sodome et Berlin, Èditions Èmile-Paul Frères, Paris, 1929
  • Agnus Dei, Èditions Èmile-Paul Frères, Paris, 1930
  • Lucifer Viellissant, Èditions R.-S. Correa, Paris, 1934
  • Methusalem oder Der ewige Bürger, ein satirisches Drama. Mit drei Figurinen von George Grosz, Einführung von Georg Kaiser, Gustav Kiepenheuer Verlag, Potsdam, 1922
  • Melusine. Schauspiel, 1922
  • Der Stall des Augias. Tragödie in fünf Akten, Verlag Die Schmiede, Berlin, 1924

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy