Прејди на содржината

Кујбишевско Езеро

Координати: 53°26′N 49°27′E / 53.433° СГШ; 49.450° ИГД / 53.433; 49.450
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кујбишевско Езеро
Координати53°26′N 49°27′E / 53.433° СГШ; 49.450° ИГД / 53.433; 49.450
ВидХидроелектричен резервоар
Главни приливиВолга, Кама, Свијага, Казанка, Болшој Черемшан
Главни истециВолга
Сливни земјиРусија
Најг. должинапреку 500 км
Најг. ширина35 км
Површина&100000000000064500000006,450 км2
Прос. длабочина8 м
Најг. длабочина41 м
Зафатнина57,3 км3
Брег2.604 км
Надм. височина53 м
ОстровиСвијажск
Населени местаКазањ
Уљјановск
Тољјати
Зеленодолск
Волжск
Болгар
Тетуши
Новоуљјановск
Чистопољ
Лаишево
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Кујбишевско Езеро (руски: Ку́йбышевское водохрани́лище, тат. Куйбышев сусаклагычы) — вештачко езеро на средниот тек на реката Волга во европскиот дел на Русија. Дел е од таканаречената каскада Волга-Кама и е најголемото вештачко езеро во Европа.

Езерото понекогаш е нарекувано и Самарско вештачко езеро, поради блискиот град Самара, кога порано се викал Кујбишев. Името на езерото до денес не е званично променето.

Езерото е изградено во периодот од 1950-1955. За изградбата на браната биле употребени 162 милиони м3 земја и 7,036 милиони м3 армиран бетон. Браната има висина од 27 до 44,5 метри над нивото на реката Волга. Дваесетте турбини а хидроцентралата имаат сила од 2,315 MW (17 пати по 115 MW и трипати по 120 MW).

Реката Волга тече низ езерото, а во него уште се влеваат и: Волга, Кама, Свијага, Казанка, Болшој Черемшан. Поголеми градови на ова езеро се: Казањ, Уљјановск, Тољјати и Зеленодолск.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy