Прејди на содржината

Лагиново

Координати: 40°43′N 23°0′E / 40.717° СГШ; 23.000° ИГД / 40.717; 23.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лагиново
Λαγυνά
Лагиново is located in Грција
Лагиново
Лагиново
Местоположба во областа
Лагиново во рамките на Лагадина (општина)
Лагиново
Местоположба на Лагиново во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 23°0′E / 40.717° СГШ; 23.000° ИГД / 40.717; 23.000
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&1000000000000009800000098 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно2.409
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лагиново или Лајна (грчки: Λαγυνά, Лагина, до 1949 Λαϊνά, Лајна)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Лагадина во Лагадинското Поле, на излезот од превојот Дервент. Селото се наоѓа на надморска височина од 98 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Лагиново е село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 100 семејства со 615 жители Грци[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 700 жители Грци[4].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 675 Грци и работеле две грчки училишта[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Λαγυνά
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy