Логичка грешка
Логичка грешка или логичка заблуда (уште и „софизам“; логичка замка) — грешка во расудувањето во логиката и реториката која води до неправилно аргументирање, а оттука и до погрешно сфаќање или претпоставка.[1][2] Логичките грешки често звучат реторички убедливо,[2] бидејќи се потпираат на емотивните импулси кај слушателот или противникот (на пример, повикување на чувствата), или на евристиките создадени од општествените заемодејства меѓу луѓето (на пример, аргумент од авторитет).
Кога даден аргумент е „логички неважечки“, тоа не означува само по себе дека заклучокот му е грешен; тоа само значи дека до заклучокот не би можело да се дојде по пат на тој аргумент. Логичките грешки најчесто се користат случајно, непромислено, но тие исто така можат да се користат со промисла, со цел победа во спор, без притоа на вистината да и се дава значење.[3]
Логичките заблуди обично се класифицираат како неформални (претпоставката не го поткрепува претставениот заклучок, односно содржината е неправилна, но аргументот е правилно составен), или формални (кај нив самиот логички состав е неправилен).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bassham, Irwin, Nardone & Wallace (2010), стр. 119.
- ↑ 2,0 2,1 Jackson & Newberry (2012), стр. 91.
- ↑ Dowden (2010).