Прејди на содржината

Науру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Науру
Ripublik Naoero
Знаме Грб
Гесло„Прво Божјата волја“
ХимнаNauru Bwiema
Местоположба на Науру
Главен граднема1
0°32′S 166°55′E / 0.533° ЈГШ; 166.917° ИГД / -0.533; 166.917
Најголем град Јарен
Службен јазик англиски, наурски
Демоним Науруец
Уредување република
 •  претседател Маркус Стефан
Независност
 •  од Австралија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. 31 јануари 1968 
Површина
 •  Вкупна 21 км2 (227-ма)
 •  Вода (%) нема податоци
Население
 •  проценка за ноември 2007 г. 9,275 (215th)
 •  Густина 442 жит/км2 (23-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2006 г.
 •  Вкупен $36.9 милиони (192-ра)
 •  По жител $2,500 (2006 г.) (135-та)
Валута Австралиски долар (AUD)
Часовен појас (UTC+12)
НДД .nr
Повик. бр. 674
1 Јарен е најголемото населено место и седиште на парламентот; често е наречен како главен град, но Науру официјално нема назначено главен град.

Науру, официјално Република Науру, е островска држава во Микронезија, во Јужниот Тихи Океан. Науру е најмалата островска држава во светот, најмалата независна членка на Комонвелтот, најмалата независна република и единствената република без официјален главен град.

Историја

[уреди | уреди извор]
наурски војник од 1880-те.
Воздушен напад над Науру за време на војната.
Карта на германските напади.

Науру за првпат бил населен од микронезиско и полинезиско население пред 3.000 години. На островот традиционално имале 12 клана или племиња кои се претставени со ѕвездата со 12 крака на знамето. Наурците своето потекло го сметаат според женската страна во семејството, односно по мајка или баба.

Британскиот капетан Џон Фирн, ловец на китови, бил првиот Европеец кој стапнал на копното на Науру во 1798. Од тогаш месното население имало контакт со странците кои пак подоцна се населувале на островот. Островјаните тргувале со храна.

Колонијален период

[уреди | уреди извор]

Островот бил анектиран од Германија во 1888 и бил дел од Германскиот протекторат Маршалски Острови, и Науру го нарекле Навадо или Онаверо. Со доаѓањето на Германците се вовел и кралот на Науру и почнале да се пробиваат мисионерските христијански движења. Германците владееле со Науру скоро три декади.

Фосфатот бил за првпат откриен во 1900 од страна на Алберт Елис. Тихоокеанската фосфатна компанија управувала со фосфатот и во 1907 година за првпат почнал извозот на минералот. По Првата светска војна војната, во 1923 година Друштвото на нациите го дала Науру на управување на Австралија, додека Обединетото Кралство управувало со фосфатот на островот.

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

Јапонските сили го окупирале островот на 26 август 1942. Јапонците депортирале околу 1.200 Наурци да работат на островите Чук, каде 463 луѓе умреле. Островот бил ослободен на 13 септември 1945 година кога австралиските трупи се приближиле кон островот и ги опколиле јапонските трупи, при што следело предавање на јапонските војници. Островот повторно се вратил под австралиска контрола.

Независност

[уреди | уреди извор]

Науру стекнал самоуправа во јануари 1966, а во 1968 година целосно станал независен од колонизаторските сили. Локалните британски власти кои управувале со фосфатот биле приморани да ја отстапат контролата на локалните власти и така е основана Корпорацијата за фосфат на Науру. Трговијата со фосфат му овозможило на Науру да биде една од најбогатите држави во Тихиот Океан. Подоцна залихите на фосфат се намалувале, а со тоа и стандардот на живеење кој резултирал со граѓански протести во Науру.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Карта на изворот Мока.
Сателитска снимка на Науру.

Науру е мал, округ остров во Тихиот Океан, 42 километри јужно од Екваторот. Островот е опколен од корален гребен, што придонесува да има мала плима. Поради присутноста на коралниот гребен не може да се направи големо трговско пристаниште, но има 16 други помали пристаништа.

Плодна земја на островот е јужниот дел на Науру каде има кокосови палми. Околу лагуната Буада се одгледуваат банани, ананас, зеленчук како и домати. Населението на Науру е сконцентрирано околу брегот и околу лагуната.

Науру беше еден од трите фосфатни острови во Тихиот Океан, другите два се Банаба во Кирибати и Макатеа во Француска Полинезија, но денес скоро и да нема од минералот на Науру.

На Науру има ограничени извори на свежа вода за пиење. Климата во Науру е топла. Помеѓу ноември и февруари земјата е под влијание на монсуни. Просечната температура на Науру е помеѓу 26 и 35 °C преку ден и 25 и 28 °C преку ноќ.

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Парламентот на Науру.

Науру е република со парламентарен систем. Претседателот е шеф на државата и воедно претседател на владата. Парламент од 18 членови се избира секои три години. Парламентот избира претседател, кој пак ги одбира членовите на кабинетот. Науру нема формална поделба на политички партии, кандидатите се најчесто независни. 15 од вкупно 18 членови во парламентот се независни, но како и да е има мали политички партии како на пример Демократска партија на Науру, Науру прво и Централна партија на Науру.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на Науру

Науру е поделен на 14 административни области кои се групирани во осум изборни единици. Областите во Науру се:

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Фосфатни депозити на Науру.

Економијата на Науру скоро целосно зависи од фосфатните резерви. Покрај ова има уште неколку помали ресурси, но главно сите останати неопходни суровини се извезуваат. Владата на Науру од приходите на фосфатот зачувува во резерва за кога веќе потполно ќе нема минерал на островот, луѓето да можат да се служат со парите заштедени од минатото.

Во Науру нема даноци. Невработеноста е 90%, а владата ги вработува сите останати што работат. Администрацијата има силна подржка за реформи за да се изнајдат алтернативи за производство. Туризмот не е главна гранка во Науру зошто не е развиен.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
Област во Нибок.

Островот има население од 9.265 жители, од кои 96% зборуваат наурски јазик. Претходно, населението било поголемо, но во 2006 околу 1.500 луѓе се отселиле.

Службен јазик во Науру е наурскиот. Англискиот е широко застапен како јазик на упарвата и трговијата.

Етничкиот состав на Науру е: 58% се Наурци, 26% останати тихоокеански етнички групи, 8% Кинези и 8% Европејци. Сите Европејци се Британци. Најголема религија е христијанството.

Осврнувајќи се на медицинските проблеми на Науру, Наурците се најдебели луѓе во светот. Исто така населението има проблеми и со дијабетес.

Предците на Наурците верувале во женски дух наречен Еијебонг, и во земски дух и во остров наречен Буитани. Дев од оригиналните дванаесет племиња на Науру исчезнале. На 26 октомври, Науру го слави денот кога се обединила нацијата после Втората светска војна. Културата е мешана со локални и странски елементи.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општо
Патување
Друго

Поврзано

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy