Нусрет Ѓокче
Нусрет Ѓокче (турски: Nusret Gökçe; р. 9 август 1983 г.), попознат по прекарот Salt Bae (се чита: Солт Беј, salt — „сол“; и bae — „душо, бебе“) — турски месар, готвач и угостител, кој стекнал слава на семрежјето во јануари 2017 г. поради неговиот исклучителен начин на подготовка и зачинување месо, што довело до создавање на семрежен мем.[1] Тој е основач на Nusr-Et, низа раскошни установи за бифтеци. Од 2021 г., Nusr-Et има претпријатија во Турција, Грција, САД, Обединетото Кралство, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија. Името на ланецот ресторани е изведено од неговото име и „Et“, што во превод значи „месо“ на турски.[2][3]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Нусрет Ѓокче е роден во Пашала, село во областа Шенкаја во покраината Ерзурум, во курдско семејство.[4][5] Неговиот татко, Фаик, бил рудар.[6] Финансиите на семејството го принудиле да го напушти училиштето во шесто одделение (на возраст од 11–12 години) за да работи како чирак на месар во областа Кадиќој во Истанбул.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Who the Hell is Salt Bae?“. TheWrap (англиски). 2017-02-06. Архивирано од изворникот на 2017-02-11. Посетено на 2017-02-24.
- ↑ „Salt Bae Owner in Talks to Delay Repayments on Restructured Debt“. 6 October 2020. Посетено на 3 November 2023.
- ↑ „Read the story behind: Salt Bae (Nusr-ET)“. en.qred.dk (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-12-04. Посетено на 2023-12-04.
- ↑ „Nusret memleketine bakın ne yaptırdı!“. www.cumhuriyet.com.tr (турски). Посетено на 2023-01-05.
- ↑ „Rudaw, Nusret'in ailesiyle röportaj yaptı“. Ensonhaber.com. 12 June 2017. Архивирано од изворникот на 15 November 2017. Посетено на 7 August 2017.
- ↑ Kurdê Erzîromê Nûsret di cîhanê de deng vedaye (англиски), Посетено на 2021-11-30
- ↑ „Nusret hayat hikayesi“. Aksam.com.tr. 7 February 2017. Архивирано од изворникот на 17 February 2018. Посетено на 20 March 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Нусрет Ѓокче“ на Ризницата ? |