Општествена филозофија
Општествена филозофија или социјална филозофија — наука што се занимава со друштвеното поведение и го толкува општеството и неговите установи во етички вредности наместо како емпириски односи.[1] Низ таа призма, општествената филозофија разгледува прашања од политичка, правна, морална и културна природа, но развива и нови теоретски рамки, од општествена онтологија, етиката на негата, меѓународните теории за демократијата, човековите права, родовата еднаквост и светската правда.[2]
Гранки
[уреди | уреди извор]Постои значаен преклоп помеѓу проблематиката на општествената филозофија и онаа на етиката и теоријата на вредностите. Другит облици на општествена филозофија се политичката филозофија и правната наука, кои претежно се задржуваат на општеството во поглед на државата, управата и нивното работење.
Општествената филозофија, етиката и политичката филозофија се потесно поврзани со други дисциплини во општествени науки.
Филозофијата на јазикот и општествената епистемологија се гранки со значаен преклоп со општествената филозофија.
Теми од општествената филозофија
[уреди | уреди извор]Ова се некои теми од општествената филозофија:
- човекот како чинител и слободната волја
- волја за моќ
- отчетност
- говорни чинови
- ситуациона етика
- модернизам и постмодернизам
- индивидуализам
- толпа
- имот
- права
- власт и авторитет
- идеологии
- културна критика
Општествени филозофи
[уреди | уреди извор]Ова е список на познати мислители кои се занимавале со општествена филозофија, било целосно или делумно:
- Сократ
- Платон
- Чанаќа
- Конфуциј
- Шанг Јанг
- Тирувалувар
- Томас Хобс
- Жан Жан Русо
- Џон Лок
- Џереми Бентам
- Георг Вилхелм Фридрих Хегел
- Џон Стјуарт Мил
- Херберт Спенсер
- Хенри Џорџ
- Карл Маркс
- Фридрих Енгелс
- Пјер Жозеф Прудон
- Михаил Бакунин
- Петар Кропоткин
- Маршал Меклуен
- Емил Диркем
- Макс Вебер
- Зигмунд Фројд
- Карл Јунг
- Џон Зерзан
- Фридрих Ниче
- Теодор Адорно
- Валтер Бенјамин
- Карл Попер
- Ѓерѓ Лукач
- Антон Панекук
- Симон де Бовоар
- Мишел Фуко
- Ервинг Гофман
- Ноам Чомски
- Жан Бодријар
- Корнелиус Касторијадис
- Ги Дебор
- Иван Илиќ
- Тери Иглтон
- Бертранд Расел
- Херберт Маркузе
- Макс Хоркхајмер
- Емануел Левинас
- Ерих Фром
- Алфред Шмит
- Славој Жижек
- Хана Арент
- Хјуи Њутн
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|