Прејди на содржината

Папа Дамас I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамас I
Родено име Дамас I
Папа од 366
Папа до 11 декември 384
Претходник Папа Либериј
Наследник Папа Сирициј
Роден 300
Починал 11 декември 384
Рим, Италија
Други папи по име Дамас

Дамас I (лат.:Damasus I; 300 или 30511 декември 384) — римски папа од 1 октомври 366, па сѐ до својата смрт.[1] Се родил во Лузитанија, во свештеничко семејство. Имено, Дамас му дал инструкции на Јероним Стридонски во започнувањето со преводот на Библијата на латински јазик. Преводот се смета за најдобар на латински јазик и е познат како ''Вулгата''. Покрај тоа, тој е познат и по тоа што се занимавал во црковната борба против аријанството. Во негово време, спорот околу аријанизмот бил решен во полза на папската позиција. Папата ги отворил катакомбите кои биле затворени во времето на Диоклецијан.

Бил прогласен за светец, а неговиот празник во католичката црква се празнува на 11 декември.

pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy