Пеколник
Пеколник | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Сува Планина, с. Здуње/Луковица |
• координати | 41°49′30″N 21°13′25″E / 41.82500° СГШ; 21.22361° ИГД |
• надм. вис. | 896 км |
Устие | |
• место | ез. Козјак, с. Луковица |
• координати | 41°58′50″N 21°18′36″E / 41.98056° СГШ; 21.31000° ИГД |
• надм. вис. | 354 м |
Должина | 6 км |
Големина на сливот | 15,55 км2 |
Особености на сливот |
Пеколник — кратка река во западна Македонија, на граничното подрачје меѓу Поречието од Полошката Котлина. Претставува последна десна притока на Треска преку вливот во езерото Козјак. Долга е само 6 км.
Опис
[уреди | уреди извор]Реката извира во месноста Леска во југозападниот дел на Сува Планина, на надморска височина од 896 м,[1] и начелно ја следи атарската граница меѓу горнопоречкото село Здуње и горнополошкото с. Луковица. По извориштето, кое има западен тек, реката зема северен правец и минува низ клисурата Пеколник по целото свое течение, сè до езерото.
Се влева на надморска височина од 354 м во североисточен разгранок на езерото Козјак под ридовите Орлак од лево и Патно Брдо од десно. Дел од нејзината долина во овој дел (наречена Пеколник, по реката) е зафатен со водата на ракавот и се наоѓа 25,7 км спротиводно од вливот на Треска во Вардар. Коефициентот на развиеност на Пеколник е 1,15. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 542 м, а просечниот и изнесува ‰.
Вкупната должина на водоразделната линија на реката Пеколник изнесува 18,5 км а сливот и зафаќа 15,55 км2 или 0,75% од вкупната површина на сливот на реката Треска.[1]
Долина
[уреди | уреди извор]Пеколник е периодичен водотек кој ги има сличните одлики како и реката Оча. За време на висок водостој водите му истекуваат преку наносниот материјал сè до вливот во реката Треска, каде што преку истиот избива во вид на врело во плавина. За време на поројни дождови и брзо топење на снегот има и површинско истекување. Со изградбата на вештачкото езеро Козјак дел од речната долина при вливот е заезерена.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|