Прејди на содржината

Праокеански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Праокеански јазикреконструиран јазик, предок на сите денешни океански јазици. Овој јазик бил предложен како предок на денешните океански јазици, особено по делата објавени од Ото Демпволф. Праокеанскиот бил австронезиски јазик, и самиот тој потекнува од праавстронезискиот јазик, предок на сите австронезиски јазици. Праокранскиот се зборувал најверојатно пред 4200 години, на Бизмарковиот Архипелаг во Папуа Нова Гвинеја.

Фонологија

[уреди | уреди извор]

Фонологијата на праокеанскиот јазик може да биде реконструирана со разумна сигурност.[1] Праокеанскиот имал 5 самогласки: *i, *e, *a, *o, *u, без должина на самогласки. Јазикот исто така имал 23 согласки:

лабиовеларни билабијални алвеоларни палатални веларни увуларни
експлозивни безвучни *pʷ *p *t *c *k *q
пренасализирани *ᵐbʷ *ᵐb *ⁿd *ᶮɟ *ᵑɡ
носни *mʷ *m *n
фрикативни *s
вевни рамни *r
пренасализирани *ⁿr
латерални *l
полусамогласки *w *j

Синтакса

[уреди | уреди извор]

Голем број јазици од Нова Гвинеја, Вануату, Соломоните и Микронезија имаат зборовен редослед подмет-прирок-предмет. Редоследот подмет-предмет-прирок, или кој било редослед каде глаголот е на крај се смета за невообичаен за океанските јазици. Ваквите зборовни редоследи можат да се најдат во Нова Гвинеја и во некои делови на Соломоните. Ваквиот редослед е карактеристичен за папуанските јазици, и може тие влијаеле врз некои од австронезиските јазици. Не е познат редоследот на праокеанскиот јазик.

  1. See Ross, Pawley, Osmond (1998: 15).

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Lynch, John; Malcolm Ross; Terry Crowley (2002). The Oceanic languages. Richmond, Surrey: Curzon. ISBN 978-0-7007-1128-4. OCLC 48929366.
  • Ross, Malcolm D. (1988). Proto-Oceanic and the Austronesian languages of Western Melanesia. Canberra: Australian National University. ISBN 978-0-85883-367-8. OCLC 20100109.
  • Ross, Malcolm D.; Andrew Pawley; Meredith Osmond, eds. (1998). The lexicon of Proto-Oceanic: Volume 1, Material Culture. Canberra: Australian National University. ISBN 978-0-85883-507-8. OCLC 40267977.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Ross, Malcolm D.; Andrew Pawley; Meredith Osmond, eds. (2003). The lexicon of Proto-Oceanic: Volume 2, The Physical Environment. Canberra: Australian National University. ISBN 978-0-85883-507-8. OCLC 40267977.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy