Прејди на содржината

Ромен Барде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ромен Барде
Барде на Тур де л’Ен 2014
Лични податоци
Цело имеРомен Барде
Роден9 ноември 1990(1990-11-09)(34 г.)
Бриуд,  Франција
Висина1,85 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р Ситроен Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2012– Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Планински пласман (2019)
3 поединечни етапи (2015, 2016, 2017)
Награда за борбеност (2015)
Последна промена
13 декември 2019

Ромен Барде (француски: Romain Bardet; р. 9 ноември 1990) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1] Барде е познат по своите вештини за качување што го прави еден од главните фаворити за освојување на големите трки.

Досега, негови најголеми успеси биле на домашно тло. Освоил три етапи на Тур де Франс на три различни изданија во периодот 2015-2017. Завршил на подиум двапати, втор во 2016 година и трет во 2017 година. Исто така, ги носел маичките во пласманот за млад возач и ја освоил маичката во планинскиот пласман во 2019 година. Воедно, ја освоил наградата за борбеност на цела трка во 2015 година.

АГ2Р Ла Мондијал (2012-денес)

[уреди | уреди извор]
Барде на Тур де Франс 2013

Станал професионалец во 2012 година.[2] Се истакнал себеси на Трката околу Турција 2012, особено на третата етапа, која била планинска, каде напаѓал постојано и го зазел петтото место.[3] Исто така завршил и како петти на трката во генералниот пласман.[4]

Следната сезона, Барде настапил првпат на Тур де Франс ја освоил својата прва професионална победа на Тур де л’Ен. Негова следна победа била следната година кога го освоил класикот Ла Дром, што била негова прва победа на еднодневна трка. Барде завршил четврти во генералниот пласман на Волта а Каталуња во 2014 година и возел првпат на Критериум ди Дофине, каде завршил петти на крајот. На Тур де Франс 2014, Барде бил предводник на трката заедно со Жан Кристоф Перо. Барне се искачил до третото место во генералниот пласман на крајот на втората недела и дури имал и кратко водство во белата маичка. И покрај што го загубил подиумот во последната недела, Барде сѐ уште напаѓал на спустовите за да добие некоја секунда повеќе во однос на соперниците. На крајот, Барде завршил шести во генералниот пласман, а неговиот колега Жан Кристоф Перо втор. Тибо Пино (FDJ.fr) го освоил пласманот за млад возач пред Барде на второто место.

Имајќи одличен пролетен дел од сезоната со шесто место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж и деветто на Тур де Романди, Барде од многумина бил сметан како еден од можните освојувачи на место за подиум на Тур де Франс. На неговата последна етапна трка пред Тур, Критериум ди Дофине, Барде заминал во напад на спустот пред последното искачување на петтата етапа. Добил минута на техничкиот спуст, пред да победи сам на целта, 36 секунди пред второпласираниот Тиџеј ван Гардерен.[5] Завршил шести на крајот на трката. На Тур де Франс, Барде изгубил време при накрсните ветрови во Холандија и екипниот хронометар во првата недела.

Кога конечно пристигнале планините, Барде изгубил уште повеќе време и скоро на половина од трката, било јасно дека бил надвор од генералниот пласман. На последниот ден во Пиринеите заминал во бегство и завршил трет на етапата до Плато де Бел. Барде и Тибо Пино биле дел од бегство и воделе до врвот на завршното искачување на четиринаесеттата етапа. Меѓутоа, двоецот бил достигнат и претекнат од Стив Камингс (МТН Кубека) на краток спуст до целта, при што Барде завршил трет на етапата. На 23 јули 2015 година, по соло бегство, Барде победил на осумнаесеттата етапа. Таа била прва етапна победа за него на Тур де Франс.[6] Следниот ден ја освоил точкестата маичка по првпат, откако завршил петти на деветнаесеттата етапа.[7] Меѓутоа, ја загубил маицата од Крис Фрум на дваесеттата етапа. Барде завршил деветти во генералниот пласман и ја добил наградата за борбеност.

Барде кон победата на деветнаестата етапа на Тур де Франс 2016.

Во февруари 2016 година, Барде постојано го напаѓал Нибали на четвртата етапа на Трката околу Оман и на крајот ја завршил етапата како втор, 9 секунди зад него. Барде го освоил второто место во генералниот пласман на трката, 15 секунди зад Винченцо Нибали.[8] Во јуни, Барде нападнал на шестата етапа на Критериум ди Дофине и на крајот завршил втор на етапата откако бил претекнат од Тибо Пино на целта. По шестата етапа, Барде се издигнал на третото место во генералниот пласман, 21 секунда зад предводникот Крис Фрум.[9] Барде завршил втор во генералниот пласман на Критериум ди Дофине, 12 секунди зад Фрум.[10]

На деветнаесеттата етапа на Тур де Франс 2016, Барде и неговиот колега Микаел Шерел заедно нападнале на влажниот спуст пред претпоследното искачување. Барде побегнал од групата на жолтата маичка на ниските делови на Монблан на 10 километри од целта. Барде го достигнал бегалецот Руј Кошта на 7 километри до целта, го претекнал на најстрмните делови на последното искачување на 3,2 километри до целта и ја освоил етапата со 23 секунди предност пред второпласираниот Хоаким Родригес. Бил прв и единствен Французин кој освоил етапа на Тур де Франс 2016. По победата на етапата 19, Барде се искачил од петтото на второто место во генералниот пласман. На крајот, завршил како втор, 4:05 зад Крис Фрум.[11] Така, барде станал само шести Французин кој завршил меѓу најдобрите тројца во генералниот пласман во последните 30 изданија на Тур де Франс.[12]

Барде бил избран како претставник на Франција на Летните олимписки игри 2016 на друмската трка. Завршил на 24. место.

Барде на Тур де Франс 2017

Откако паднал на првата етапа на Париз-Ница, Барде бил исфрлен од трката откако бил влечен од автомобилот на неговата екипа.[13]

Барде ја освоил дванаесеттата етапа на Тур де Франс 2017, со совршено временски одмерено забрзување близу целта, одвојувајќи се на помалку од 500 метри при што ја освоил својата трета етапна победа во три години.[14][15] Барде се мачел на поединечниот хронометар во должина од 20,5 километри на дваесеттата етапа во Марсеј и завршил дури на 52. место, 2 минути и 3 секунди зад победникот Маќеј Боднар. Поради тоа паднал од второто на третото место во генералниот пласман, со само една секунда предност пред четвртопласираниот Микел Ланда. Барде успеал да ја задржи разликата од една секунда на последната етапа, завршувајќи како трет на Тур, зад Крис Фрум и Ригоберто Уран. Така, Барде завршил меѓу првите тројца во генералниот пласман втора година по ред.[16]

Барде (лево) на подиум на Светското друмско првенство

Барде ја пропуштил Вуелта а Андалусија 2018 откако го повредил десното рамо при пад во домашни услови.[17] Се вратил со победа на Класик Сид-Ардеш во февруари. Во март, Барде возел на еднодневниот класик Страде Бјанке, одржан делумно на патишта од чакал при пороен дожд. Се одвоил со светскиот велокрос првак Ваут ван Ерт и двоецот ја предводел трката во завршните 40 километри пред Тиш Бенот (Лото-Судал) да нападне, достигнувајќи ги и потоа претекнувајќи ги на завршниот сектор со чакал. Бенот отишол на победа сам со 39 секунди пред Барде,[18] кој го поминал Ван Ерт во завршниот километар.[18] На Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Барде завршил трет откако го изгубил спринтот за второто место од Мајкл Вудс. То било прв француски подиум на некој монумент. Кога возел на Критериум ди Дофине, Барде никогаш на нападнал за победа и се нашол меѓу најдобрите тројца последните два дена.

Кога пристигнал на почетокот на Тур де Франс, Барде имал проблематична прва недела со механички проблеми и дупнати гуми.[19] Изгубил време повеќепати во текот на првата недела и бил скоро две минути зад предводникот, кога започнала десеттата етапа. На етапата 12 до Алп д’Иез, Барде нападнал и се одвоил од другите фаворити. Подоцна, бил достигнат од Крис Фрум, Герајнт Томас и Том Димулен, но одлучил да ги испроба соперниците со бројни забрзувања. Ја завршил етапата трет и се искачил на шестото место во генералниот пласман.[20] Откако Барде бил само осми во генералниот пласман пред етапата 19, тој и неколку други фаворити нападнале на Кол ди Турмале на скоро 100 километри од целта.[21] И покрај што бил достигнат на последното искачување, Барде завршил трет на спринтот на целта. Во одлучувачкиот хронометар напредувал до шестото место во генералниот пласман. Во септември, Барде завршил втор на Светското друмско првенство, откако нападнал со Алехандро Валверде (Шпанија) и Мајкл Вудс (Канада). На групата, подоцна, им се приклучил Том Димулен (Холандија) во последните километри. Алехандро Валверде го започнал спринтот на скоро 200 метри до целта, но Барде не можел да го следи ритамот и се задоволил со второто место.[22]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Барде живее во Клермон Феран.[23] Заедно со професионалната велосипедска кариера, Ромен Барде започнал бизнис студии во 2011 година во Гренобл.[24]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2009
5. Краен пласман Тур де По де Савоја
2010
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
8. Краен пласман Тур де По де Савоја
10. Пиколо Џиро ди Ломбардија
2011
2. Краен пласман Тур де По де Савоја
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Тур де л’Авенир
1. Етапа 5
4. Краен пласман Копа деле Национи
6. Краен пласман Џиро дел Фриули Венеција Џулија
9. ГП Палио дел Речото
2012
5. Краен пласман Трка околу Турција
2013
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Бодовен пласман
3. Ле Букл ду Суд Ардеш
4. Краен пласман Рут ду Суд
5. Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Пласман за млад возач
7. Краен пласман Етоал де Бесеже
2014
1. Ла Дром Класик
1. Пласман за млад возач Трка околу Оман
2. Тур де л’Ен
4. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Класик Суд-Ардеш
5. Краен пласман Критериум ду Дофине
5. Гран при Монтреал
6. Краен пласман Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 17
10. Гран при д’Увертир ла Марселеза
10. Париз-Камемберт
10. Лиеж-Бастон-Лиеж
2015
3. Меѓународен друмски велосипедистички предизвик
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
6. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 5
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. ГП Монтреал
9. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Краен пласман Тур де Романди
9. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 18
Награда за борбеност на етапа 18 & Краен пласман
2016
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 19
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
2. Краен пласман Трка околу Оман
2. Џиро дел’Емилија
4. Џиро ди Ломбардија
5. Класик Сид-Ардеш
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
6. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Ла Дром Класик
9. Краен пласман Париз-Ница
9. Милано-Торино
2017
3. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 12
6. Краен пласман Критериум ди Дофине
6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
10. Краен пласман Волта а Каталуња
Награда за борбеност на етапа 11 на Вуелта а Еспања
2018
1. Класик Сид-Ардеш
2. Светско друмско првенство
2. Страде Бјанке
2. Тур ди Финистер
2. Џиро ди Тоскана
3. Краен пласман Критериум ди Дофине
3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
6. Краен пласман Тур де Франс
6. Џиро дел’Емилија
8. Краен пласман Трка околу Германија
8. Ла Дром Класик
8. Гран при д’Увертир ла Марсејез
9. Флеш Валон
2019
1. Планински пласман Тур де Франс
2. Краен пласман Тур ди О Вар
2. Предизвик Мон Венту Денивле
4. Класик Сид Ардеш
5. Краен пласман Париз-Ница
7. Ла Дром Класик
9. Амстел Голд Рејс
10. Краен пласман Критериум ди Дофине

Распоред на резултатите

[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Џиро
Тур 15 6 9 2 3 6 15
Вуелта 17
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Париз-Ница 27 36 14 9 ДСК 5
Тирено-Адријатико 13
Волта а Каталуња 40 53 4 СО 6 10 СО
Трка околу Баскија 13
Тур де Романди 9 27
Критериум ди Дофине 5 6 2 6 3 10
Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван

Распоред на резултатите на монументите

[уреди | уреди извор]
Монумент 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Санремо 17 50
Трка околу Фландрија никогаш не настапил во кариерата
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 13 10 6 13 6 3 21
Џиро ди Ломбардија 29 11 17 4

Распоред на резултатите на првенствата

[уреди | уреди извор]
Настан 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Олимписки игри Хронометар не се одржал не се одржал
Друмска трка 24
Светски првенства Хронометар
Друмска трка 28 62 2
Национални првенства Хронометар
Друмска трка 74 34 37 11 10

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван

  1. „Official presentation of the 2019 AG2R La Mondiale pro cycling team“. АГ2Р-Ла Мондијал. Groupe AG2R La Mondiale. 11 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-28. Посетено на 1 јануари 2019.
  2. „Профил“. Cycling Archives. Посетено на 30 април 2012.
  3. „Грабовски ја освои третата етапа на Трката околу Турција“. Cyclingnews.com. 24 април 2012. Посетено на 19 мај 2012.
  4. „Габровски победи на Трката околу Турција 2012“. Cyclingnews.com. 26 април 2013. Посетено на 19 мај 2012.
  5. „Барде ја освои етапата 5 на Дофине додека Ван Гардерен ја презема жолтата“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 11 јуни 2015. Посетено на 11 јуни 2015.[мртва врска]
  6. „Барде сам до етапна победа во Сен Жан де Морин“. Cyclingnews.com. 23 јули 2015. Посетено на 23 јули 2015.
  7. „Ајкулата е повторно назад“. letour.fr. 24 јули 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  8. http://www.cyclingnews.com/news/bardet-has-no-regrets-over-tour-of-oman-attack/
  9. http://www.cyclingnews.com/races/criterium-du-dauphine-2016/stage-6/results/
  10. http://www.cyclingnews.com/races/criterium-du-dauphine-2016/stage-7/results/
  11. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-19/results/
  12. „TOUR DE FRANCE Un nouvel âge d'or français?“. L'Équipe. 25 јули 2016.
  13. „Bardet disqualified from Paris-Nice“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 7 октомври 2018.
  14. „Tour de France 2017: Romain Bardet wins stage 12 as Fabio Aru takes yellow jersey from Chris Froome“. Road Cycling UK. 13 јули 2017.
  15. „Bardet: It's going to be a big battle - Frenchman wins Tour de France stage at Peyragudes and moves closer to yellow“. www.cylingnews.com. 13 јули 2017.
  16. „Tour de France: Froome seals overall in time trial, Uran tops Bardet, Bodnar fastest in Marseille“. www.cylingnews.com. 22 јули 2017.
  17. http://www.cyclingnews.com/news/bardet-out-for-two-weeks-after-injuring-arm-in-domestic-accident/
  18. 18,0 18,1 Виндзор, Ричард (3 март 2018). „Tiesj Benoot puts in super show of strength to win 2018 Strade Bianche“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 3 март 2018.
  19. „Bardet: It's a miracle I'm still in the Tour de France“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 7 октомври 2018.
  20. „Bardet has no regrets after testing Tour de France rivals on Alpe d'Huez“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 7 октомври 2018.
  21. „Tour de France: Landa's last gasp comes up short in stage 19“. VeloNews.com (англиски). 27 јули 2018. Посетено на 7 октомври 2018.
  22. „Bardet: We can't be satisfied with second place“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 7 октомври 2018.
  23. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-11. Посетено на 2016-07-24.
  24. „Révélation du Tour de France … et étudiant“. grenoble-em.com. Архивирано од изворникот на 10 February 2014. Посетено на 23 July 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy