Сатен
Сатен е ткаенина добиена со сатенско ткаење. [1] Најчесто се опишува како мазна и сјајна ткаенина, обично со мазен преден дел и погруб заден дел. Сатенот е материјал кој е многу кревок и лесно се оштетува. Сатенот е еден од трите основни типови на текстилни ткаенини, во кои покрај него се вбројуваат и кепер и обичното потткаење.[2]
Сатенот најчесто се користи за изработка на облека, постелнина, навлаки за перници, долна облека, ноќници, вратоврски и балетанки.
Сатенското ткаење се карактеризира со четири или повеќе оставени хоризонтални нишки на разбојот под вертикалните, односно четири вертикални нишки преку една хоризонтална. Овој начин на изработка придонесува за сјајна и мазна карактеристика на овој материјал. [1] За ткаење во оваа техника најчесто се користат свилени, полиестерски и најлонски влакна. Според некои дефиниции за овој метод на ткаење, сатенот би бил ткаенина која е направена исклучиво од свила.
Историја
[уреди | уреди извор]Кина
[уреди | уреди извор]Сатен првично бил направен исклучиво од свила, кој низ историјата првенствено се произведувал во Кина. [3] Во античка Кина постоеле повеќе видови сатен, како што се: дуан (缎), зуши (紵丝) , линг (绫) , јин (锦) , вуси (五丝) и баси (八丝). [2] Кинескиот сатен, во неговата оригинална форма, обично се произведувал со пет или шест потткања. [2] Се смета дека шестокрајното потткаење на сатенот е резултат на исто такво потткаење употребено при ткаење на кепер за време на Танг и Северен Сунг династиите. [2]
Европа
[уреди | уреди извор]Свилен сатен дошол во Европа во текот на 12 век. Таквата ткаенина се увезувала, била сметана за скапоцена роба, и била достапна само за членовите на повисоките општествени класи. [2]
Етимологија
[уреди | уреди извор]Зборот „сатен“ потекнува од кинескиот трговски град Гуанџоу (泉州), кој бил познат како Зајтон во Европа и арапските земји за време на династијата Јуан (13-14 век). [4] Во тој период, Гуанџоу го посетувале арапски трговци и Европјани. [4] [5] Арапите го нарекувале сатенот доставен од Гуанџоу заитун изведено од европеизираното име на градот. [4] Подоцна во средниот век, Гуанџоу бил главен извозник на свила, користејќи го Патот на свилата за да стигне до Европа. Овој пат најмногу го користеле арапските трговци.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Фустан од сјаен сатен наречен војводски сатен
-
Шармуз - вид на сатен
-
Коктел фустан од сатен од Ив Сен Лорен (1959)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Emery, Irene (1994). The Primary Structures of Fabrics. ISBN 978-0-500-28802-3. Washington, D. C. Thames and Hudson. p. 137. .
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Bao, Mingxin (1986). „Early history of Satin“. en.cnki.com.cn. Архивирано од изворникот на 08. 03. 2022. Посетено на 2021-04-21. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ Oxford dictionary of word origins. Julia Cresswell, Oxford University Press (Second. изд.). New York. 2010. стр. 381. ISBN 978-0-19-954793-7. OCLC 663824301.CS1-одржување: друго (link)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Tellier, Luc-Normand (2009) (2009). Urban world history: an economic and geographical perspective. Presses de l'Université du Québec. стр. 221. ISBN 978-2-7605-1588-8. Посетено на 2010-11-28.
- ↑ James E Glevin. The Modern Middle East: A History. Oxford University Press. стр. 21.