Прејди на содржината

Свети Јосиф

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јосиф
„Свети Јосиф со доенчето Исус“ од Гвидо Рени, ок. 1635
Сопружник на Богородица
Законски татко на Исус
Заштитник на Римокатоличката црква, Вториот ватикански собор и Ватикан
Роден(а) околу 100 п.н.е., Витлеем, Израел[1]
Починал(а) 19 март, Назарет, Израел[2]
Почитуван(а) во сите христијански деноминации што ги почитуваат светците
Главно светилиште Ораториум на Св. Јосиф, Монтреал
Слава 19 март — Јосифовден (католицизам)
1 мај — Спомен на Св. Јосиф Работникот (католицизам)
Неделата после Божиќ — Спомен на Св. Јосиф Обручник (правослaвие)
Обележја алатки на дрводелец, доенчето Исус, лилјани, два гулаба, стап
Заштитништво Католичка црква, неродени деца, татковци, имигранти, работници, вработување, истражувачи, аџии, патници, дрводелци

Јосиф (хебрејски: יוֹסֵף, грчки: Ἰωσήφ) — личност во Евангелијата, сопруг на Марија, мајката на Исус и законски татко на Исус.[3] Со папската одлука „Quemadmodum Deus“ Пиj IX на 8 декември 1870 година го прогласил за заштитник на универзалната Римокатоличка црква.[4] Св. Јосиф е исто така заштитник на Вториот ватикански собор, а од 2013 година на Ватикан.[5] Во римокатоличките, православните и англиканските христијански обичаи, тој се смета како Свети Јосиф.[6]

Јосиф бил потомок на Давидовото царско семејство, а според него, Исус бил потомок на Давид. Тој работел како сиромашен дрводелец во Назарет и во негова близина Исус го поминал детството и младоста, живеејќи едноставен живот. Христијаните го слават Јосиф, сопругот на Марија и таткото на Исус како светец и како Божји избран, кому Бог му доверил да биде глава на назаретското семејство во кое се остварило олицетворението на Исус.[7]

Покрај работата со дрводелство, Јосиф бил верник. Тој се молел и го читал Светото писмо, се согласил да ја изврши Божјата волја и да прави добри дела низ целиот свој живот. Јосиф бил толку подготвен да верува во Бога што не се сомневал ниту кога Бог му зборувал во соништата. Бог му рекол во сон да ја земе Марија за жена и да не се плаши од она што е зачнато во неа. Подоцна, тој исто така преку ангел му рекол да ги земе Марија и детето и да оди во Египет, а после да се врати од Египет во одредено време и да се смести во Назарет.[8] Со други зборови, Јосиф бил добро упатен во Божјите говори.[9] Тој бил побожен човек, знаел да тргне по вистинскиот пат. Бил скромен и тивок, никогаш не се фалел пред луѓето. Јосиф имал благородна душа. Исто така, тој ги примил Марија и Исус под својот покрив, ги следел низ животот и ги бранел, хранејќи ги со делата од неговите раце. Во душата тој бил праведен човек, односно светец, достоинствен сопруг на Марија — небесната царица и чувар на Исус — Синот Божји. Јосиф заедно со Марија и Исус го сочинуваат Светото семејство. Празникот Св. Јосиф се слави на 19 март за католиците, на 1 мај, споменот на Св. Јосиф Работникот (католицизам), и во недела после Божиќ, споменот на Св. Јосиф Обручник за православните христијани.

Сон на Свети Јосиф, о. 1625-1630, од Герард Сегерс

Во Новиот завет

[уреди | уреди извор]

Евангелието според Лука вели дека архангелот Гаврил дошол кај Марија да ѝ каже дека ќе роди Син и дека треба да го нарече Исус. Кажал и дека Исус ќе ги спаси луѓето од нивните гревови. Марија рекла:

„Како може да се случи ова? Јас сум девица!“

Архангелот одговорил:

„Со Бога, сè може да се случи!“[10][11]

Кога Јосиф дознал дека Марија е бремена, решил тајно да ја раскине свршувачката. Но тогаш му се појавил Гаврил и му рекол да не се плаши да ја земе Марија, бидејќи она што било зачнато во неа е од Светиот Дух. Јосиф постапил како што му рекол Гаврил. Тој стапил во брак со неа, и таа тогаш почнала да живее во неговиот дом.[12]

Во тоа време, римскиот император, Октавијан Август, наредил да се спроведе општ попис на сите жители во Римското Царство. Секој морал да се врати во градот од каде потекнувале нивните предци, за да се запише на пописните списоци. Јосиф дошол од Витлеем, кој бил наречен „Давидов град“. Јосиф ја однел Марија во Витлеем и таа го родила бебето, Исус, во штала, бидејќи немало место за нив во градската гостилница.[13]

Споменувања во евангелијата

[уреди | уреди извор]
Евангелијата за Свети Јосиф
Бр. Настан Матеј Марко Лука Јован
1 Јосиф живее во Назарет Лука 2:4
2 Родословие на Исус Матеј 1:1–17 Соломон до Јаков Лука 3:23 Натан до Илија
3 Јосиф се свршува со Марија Матеј 1:18
4 Ангел го посетува Јосиф (прв сон) Матеј 1:20–21
5 Јосиф и Марија патуваат во Витлеем Лука 2:1–5
6 Раѓање на Исус Матеј 1:25 Лука 2:6–7
7 Донесување во Храмот Лука 2:22–24
8 Ангел му вели на Јосиф да побегне (втор сон) Матеј 2:13
9 Бегство во Египет Матеј 2:14–15
10 Ангел му вели на Јосиф да се врати во Назарет (трет сон) Матеј 2:19–20
11 Јосиф и семејството се сместуваат во Назарет Матеј 2:21–23 Лука 2:39
12 Наоѓање на Исус во Храмот Лука 2:41–51
13 Свето семејство Јован 6:41–42
Џејмс Тисот: Свети Јосиф, XIX век

Пред раѓањето на Исус

[уреди | уреди извор]

Св. Јосиф првпат се споменува во Евангелијата според Матеј и Лука, кои се напишани околу 70 година од новата ера. Во Новиот завет, Св. Јосиф се споменува во само дванаесет реда. Евангелистот Лука во списокот на генеалогијата на Исус наведува дека таткото на Јосиф се викал Илија (според Лука 3:23), додека Матеј пишува дека неговото име било Јаков (Матеј 1:16).[14][15][16] Генеалогијата на Исус има улога да го прикажува Исус како ветениот Месија, потомок на Давидовата лоза. Дедо и баба на Јосиф биле Матан и Еста. Мајката на Јосиф (името не се споменува) првично била омажена за Илија и немале деца.[17][18] Откако Илија починал, таа се омажила за Јаков, кој бил полубрат на Илија. Според еврејскиот закон, ако жената стане вдовица и нема деца, се препорачува да се омажи за брат или полубрат на нејзиниот сопруг, ако тој бил сам, со цел да се зачува потеклото на починатиот. Така, мајката на Јосиф се омажила за Јаков — полубрат на покојниот сопруг и во тој брак се родил Јосиф. Така, Јосиф бил син на Јаков по природа, а син на Илија по закон.[19]

Според евангелијата, тој бил од царската династија Давид, а по професија бил дрводелец.[20] Св. Матеј, апостол и евангелист, за него вели дека бил праведен, значи доблестен и свет човек. Живеел скромно во малиот град Назарет во регионот Галилеја во Северна Палестина. Населението било мешано, со Евреи и други народи. Според традицијата, родителите на Марија, Јоаким и Ана, не можеле да имаат деца долго време. Тие му ветиле на Бога, ако имаат дете, дека ќе му го посветеле на неговата света служба. Марија, како и другите еврејски девојчиња, била израсната во Храмот во Ерусалим од три до четиринаесет години. После тоа се вратила дома и можела да се омажи. Марија му ветила на Бога дека ќе биде девица засекогаш. Ова го довело старецот, првосвештеникот да се измачува, бидејќи според Светото писмо требало да држи завети, а од друга страна, ниту една девојка освен Марија не дала завет за вечна невиност и не било предвидено девојчето да остане сама и да не биде во брак. Тогаш немало женски верски заедници. Првосвештеникот ги повикал книжевниците и старешините на соборот. Тие заклучиле дека ќе се молат на Бога за помош. За време на молитвата, свештеникот слушнал:

„Мора да се исполни зборот на пророкот Исаија: Од трупецот на Јесеј (татко на Давид) ќе изникне гранче, од нејзините корени ќе изникне цвет, а врз него ќе почива Господовиот Дух“ (Исаија 11: 1–2).[21][22]

За тоа, првосвештеникот известил дека сите млади момчиња од Давидовото племе, подготвени за брак, требало да дојдат во Храмот со гранче во раката. Цветало само гранчето на Јосиф, а слабо светло му блескало на главата. И така, според традицијата, тој станал свршеник на Марија, а подоцна и сопруг. Традицијата е запишана во книгата на црковниот татко Григориј Ниски и некои други.

Лука Џордано: Свадбата на Богородица, 1688 година.

Марија се согласила да биде со Јосиф под услов да биде девица и да се омажи. Католичката црква верува дека Богородица и Св. Јосиф немале сексуални односи во бракот. Јосиф и Марија биле од исто племе и род. Племето е Јуда (јудејско), и родот Давидово (потомство на царот Давид). Еврејскиот закон рекол:

„Сите мажи ќе ги извадат своите жени од племето и нивните семејства; и сите жени ќе ги земат своите мажи од истото племе за да остане наследството во семејството и да не се мешаат племињата едни со други, но да остане така како што Господ поделил“ (Бр. 36: 7–10).[23]

Во тоа време свршувачката веќе била еден вид брак, но требало некое време пред младоженецот да ја донесе невестата во својата куќа со церемонијата на венчавање. Во тоа време, Марија го зачнала Исус преку Светиот Дух.[24] Јосиф не бил присутен кога се случило ова и не знаел ништо за тоа. Кога сфатил дека Марија е бремена, се нашол во големо искушение и болка. Тој верувал дека Марија е искрена девојка, а сепак биле забележани знаци на бременост. Во тоа време, вообичаено било девојче да биде каменувано ако извршило прељуба.[25] Joсиф тоа воопшто не го сакал, па барал начин да ја отпушти на чесен начин. Одлучил да го напушти Назарет. Ноќта пред да замине, му се појавил Гаврил во сон и му рекол:

„Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја носиш својата жена Марија кај тебе, бидејќи она што е зачнато во неа е од Светиот Дух. Неговото име е Исус, бидејќи Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови“ (Матеј. 1, 18–25).[26]

Јосиф се смирил и прифатил. Така, на Јосиф му било укажано не само за неповредената чест на девицата Марија, туку и за нејзиното возвишено достоинство. Затоа тој сега ја презедол должноста да биде заштитник и чувар на најсветото семејство, во кое ќе се хранел самиот Син Божји, Месијата и Спасителот на светот.[27] Ја поканил Марија да дојде да живее со него и по некое време направиле свадбена церемонија. Тие се одлучиле за девствен брак, но не им кажале на другите за тоа. Во бракот тие биле исклучително сакани и почитувани, имале хармоничен и добар брак.[28]

Раѓањето на Исус

[уреди | уреди извор]

Марија се приближувала до времето на породувањето. Потоа следело наредбата на римскиот император Октавијан Август, да се наброи населението. Јосиф и бремената Марија тргнале на пат од нивниот град Назарет до Витлеем, каде што имало попис за нив, зашто и двајцата биле од редовите на царот Давид. Книгата за потомците на Давид се чувала во Витлеем, каде што било потребно да се оди и да се известува пред римските писари. Поради гужвата, тие не можеле да најдат место во гостилниците и на крајот завршиле во штала, опкружени со домашни животни, каде што се родил Исус.[29] Јосиф бил единствениот сведок на раѓањето на Марија. И двајцата му се поклониле на Исус во јаслите, најпрво Марија, а потоа и Јосиф. Ангелите им ја соопштиле на овчарите веста за раѓањето на Исус и први го виделе детето. После тоа, Витлеемската ѕвезда ги донела светите тројца мудреци кај Исус. Овчарите се претставници на народот, а светите тројца мудреци на благородништвото, затоа што Исус е роден за сите луѓе. Тројцата свети мудреци го нашле Исус со Марија и Јосиф, му се поклониле и му дале подароци: злато, темјан и миро (светено масло). Исус не е дете на Јосиф по зачнување, но исто така не е ниту дете посвоено од него. Тоа е дете на неговата невеста Марија, но не со моќта на неговиот брак, ниту на кој било човек, туку на самиот Бог.[30][31]

За време на детството на Исус

[уреди | уреди извор]
Христос во Домот на неговите родители, 1850 година, од Џон Еверет Милe

По раѓањето на Исус, Јосиф нашол подобро сместување во Витлеем затоа што веќе немало толку многу луѓе во градот. На осмиот ден по раѓањето, според еврејскиот закон, тие извршиле обред на обрежување, а потоа Јосиф му го дал на детето името Исус, како што му рекол ангелот во сон. Името Исус значи Искупител, Спасител.[32]

Според Мојсеевиот закон, Јосиф и Марија го донеле Исус во Храмот во Ерусалим за да биде ритуално претставен пред Бога како првороден. Преку Мојсеј, Бог им заповедал на Израелците дека на 40-тиот ден по раѓањето, свештениците во Храмот морале да ја благословат мајката. За возврат, родителите требале да дадат јагне помладо од една година, но бидејќи биле сиромашни, тие дале две грлици или два млади гулаба. Во стилот на тајното детство на Исус, обредот минувал едноставно и ненаметливо. Во Храмот, старецот Симеон, кој го зел Исус во рацете и го препознал како Месија, бил изненаден, зачудувајќи се од Јосиф и Марија, и тој ѝ прорекол на Марија дека многу ќе страда, велејќи:

Мечот боли, ќе ти ја пробие душата.

Во тоа време во Храмот била и пророчицата Ана, која му принесувала молитви и благодарност на Бога.[33][34]

Господов ангел му се јавил на Јосиф во сон и му рекол:

„Стани, земи го детето и неговата мајка и бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе го бара детето за да го погуби“ (Матеј. 2:13).[35]

Ирод решил да ги погуби сите деца во Витлеем и околината од две години и помали, па Јосиф, Девицата Марија и Исус морале да побегнат. Господ-Отецот и Исус не ги искористиле своите сили да се одбранат од прогонство, туку избрале скромен пат. Св. Јосиф се покорувал и заедно со Марија и Исус побрзале истата вечер само со најосновните работи. Границата била неколку часа, проследена со пустина низ која патувале пет-шест дена. Тие се плашеле дека војската на Ирод ќе ги стигне. Според преданието, се верувало дека Светото семејство е во денешното село Матарија во близина на античкиот град Хелиополис (сега дел од Каиро).[36] Св. Јосиф бил дрводелец, затоа ги поддржувал Марија и Исус со своето дело. Имало моменти кога тие биле гладни и едвај преживеале. Тие биле во Египет неколку години, сè додека не умрел Ирод. Тогаш ангел му се јавил на Јосиф во сон и му рекол:

„Стани, земи го детето и неговата мајка, и оди во земјата Израелова, зашто умреа оние кои ја бараа душата на детето“ (Матеј 2:20).

Тие се вратиле во Израел, но не во Јудеја, зашто таму владеел Архелај, туку во Назарет во Галилеја, каде што биле безбедни (Матеј. 2:22).[37] Св. Јосиф работел како дрводелец. Исус му помогнал во работата. Во тоа време, дрводелецот имал задача да прави греди за покриви и тераси, врати, груби ковчези, да поправа плугови и тркала на колички, како што се правеле тогаш, да оградува полиња и градини и на тој начин да ги заштити од овци.[38] Дрводелството е корисно во неколку наврати. Така, во Витлеем, Јосиф можел брзо да ја направи пештерата барем малку попријатна за раѓањето на Марија. На долгиот пат кон Египет и за време на прогонството во Египет, тие се издржувале од трудот на Јосиф. Како дрводелец, тој можел да работи насекаде, во градот и во селата, во својата татковина и во туѓа земја.

Дрводелецот Јосиф, од Жорж де Латур, о. 1645 година

Тој направил поклонение со дванаесетгодишниот Исус и Марија од родниот Назарет во Ерусалим според прописот на еврејскиот закон на празникот Пасха. Пријатели и соседи патувале заедно, некои со магариња и коњи, а повеќето пеш. Тогаш Исус првпат влегол во куќата на неговиот небесен Татко. И откако Јосиф и Марија отишле дома, Исус останал во Храмот. Мислеле дека се враќал заедно во група со други деца. Тие сфатиле дека го изгубиле, па го барале три дена. Ним им требало цел ден за да се вратат, а друг ден го барале и го нашле во Храмот каде што разговарал со старешини и книжевници. Овие луѓе биле многу изненадени од знаењето на Исус, бидејќи тој имал само дванаесет години, додека тие биле искусни и познати учители[39] Марија го прашала Исус зошто им го стори тоа на нив. Исус одговорил дека останува во Храмот затоа што требало да биде во куќата на неговиот Татко. После тоа, Исус се вратил дома во Назарет со своите родители и бил послушен.[40][41][42]

За време на детството на Исус во Назарет, Светото семејство водело обичен секојдневен живот, составено од работа, семејно дружење и молитва. Послушноста на Исус кон Марија и Јосиф, неговиот законски татко, е одраз на неговата синова послушност кон Господ-Отецот. Марија и Јосиф ја прифатиле тајната на Исус со вера, иако не секогаш ја разбирале.[43] Свети Јосиф повеќе не се споменува во евангелијата по 12-та година на Исус. Се верува дека Исус и Девица Марија биле присутни за време на неговата смрт и затоа се почитувани како заштитници на умирање. Тој починал пред јавното говорење и воскресение на Исус, помеѓу 12-та и 30-та година на Исус, но поблиску до 30-та од 12-та. Да Свети Јосиф бил жив за време на страдањето на Исус на крстот, Исус немало да му ја довери Богородица на апостол Јован за грижа од крстот (Јован 19:26–27).[44]

Се верува дека Св. Јосиф за време на свршувачката со Девица Марија имал помеѓу 30 и 40 години и починал на околу 60-годишна возраст. Луѓето веруваат дека тој е татко на Исус и сопруг на Марија (која била многу мала за време на породувањето), така што тој не можел да биде старец за време на раѓањето и детството на Исус, но бил во целосна машка сила, особено затоа што морал да го издржува своето семејство и издржувал тежок физички напор на работа и на долги патувања како патување во Египет пеш пет до шест дена и назад по неколку години. По неговата смрт, неговото тело се одморило во гробот, а неговата душа за кратко време останала во пред-пеколот. Според црковното учење, рајските порти биле затворени од времето на гревовите на првите луѓе Адам и Ева до воскресението на Исус. Душите на праведните, живееле во пред-пеколот, но не и во пеколот. По воскресението на Исус, се верува дека Св. Јосиф зазема видно и високо место во рајот. Не се спомнувало ниту гробот ниту моштите на деловите од телото на Св. Јосиф и Црквата верува дека тој воскреснал со други праведни луѓе по воскресението на Исус истиот ден и се вознесол на небото со Христа на Денот на Спасителот (Спасовден). Опишано е во евангелието:

„Гробниците беа отворени и многу тела на заспаните светци воскреснаа. И по неговото воскресение излегоа од гробовите, тие дојдоа во светиот град и им се појавија на многумина“ (Матеј 27, 51–53).[45]

Современ впечаток

[уреди | уреди извор]
Смртта на Свети Јосиф, следејќи го апокрифниот извештај. Жак Стела, 1650-ти

Името „Јосиф“ се наоѓа скоро исклучиво во генеалогиите и почетните приказни.[46][47] Современите положби во врска со прашањето за односот помеѓу Јосиф и Марија (Пресвета Богородица) се разликуваат. Источната православна црква, која ја нарекува првата сопруга на Јосиф како Salome, смета дека Јосиф бил вдовец и дека бил само свршен, но никогаш не се оженил со Марија.[48] Црквата вика дека упатувањата на Исусовите „браќа“ се на децата на Јосиф и Салома (Salome, првата негова сопруга, различна личност). Позицијата на Римокатоличката црква, произлезена од списите на Јероним Стридонски, е дека Јосиф бил сопруг на Марија, но дека повикувањето на Исусовите „браќа“ треба да се сфати како братучеди или посиноци. Таквата употреба е распространета низ целата историја и се јавува на друго место во Библијата. Внукот на Авраам, Лот (Битие 11: 26–31) бил наведен како негов брат (Битие 14:14), како и чичко му на Јаков, Лаван (Битие 29:15).[49][50][51] Самиот Исус честопати го користел зборот „брат“ како генерички поим за својот ближен. Овој обичај продолжил и во современото време, со блиски пријатели и колеги што посетувале црква, честопати наречени „браќа и сестри“. Општо земено, одредени протестанти и други групи кои се спротивставувале на римокатоличкото учење викале „браќа и сестри“ на Исус како конкретно на децата родени од Марија.

И во двата случаи, црковната доктрина за вечна девственост значи дека Јосиф и Марија никогаш немале сексуални односи. Протестантските цркви, следејќи го принципот на девствено раѓање, но не и оној на вечна девственост, немаат цврсти ставови на оваа тема.[52]

Подоцнежни апокрифни списи

[уреди | уреди извор]

Канонските (свети) евангелија создале тешкотија; тие јасно изјавиле дека Марија е девица кога го зачнала Исус, и дека Јосиф не бил неговиот татко; сепак, татковството на Јосиф било од суштинско значење за да се утврди Давидовото потекло на Исус. Теолошката состојба била сложена од евангелските упатувања на Исусовите „браќа и сестри“ (повторено од Павле, каде што Јаков е наречен „брат Христов“) и тоа што Јован и Матеj недвосмислено го опишале Исус како „Јосифов син“ и „син на дрводелецот“.[53] Од II век до V век писателите се обиделе да објаснат како Исус можел да биде истовремено „син на Бог“ и „син на Јосиф“.[53] Првиот што понудил решение било апокрифнотоЕвангелие според Јаков“ (не било евангелие, само насловот се вика така), напишанo околу 150 година од новата ера.[54] Изворните евангелија никогаш не се однесуваале на возраста на Јосиф, но авторот го претставува како старец избран од Бога да ја чува Богородица (Марија). Браќата на Исус биле претставени како деца на Јосиф од претходниот брак, а неговите години и праведност објаснуваат зошто тој сè уште немал сексуални односи со својата сопруга.[55]

Свето семејство, о. 1650 година, од Бартоломе Естебан Мурило

Евангелието според Јаков (наречено и „Протоевангелиумот“) било исклучително популарно, но остава отворена можност Јосиф да имал односи со Марија по раѓањето на Исус („таа сè уште не е моја сопруга ...“). Неколку века подоцна, развојната доктрина дека Марија е девица не само во времето на зачнувањето и раѓањето на Христос, туку и во текот на целиот нејзин живот, значело дека оваа можност требала да се тргне.[56]

Евсевиј Кесариски во својата „Црковна историја“, (книга III, глава 11) спомнал дека Егесип пишувал дека Клопа (Clopas) бил брат на Јосиф и чичко на Исус“.[57] Епифаниј (Epiphanius) додал дека Јосиф и Клопас биле браќа, синови на Јаков, со прекарот Пантер.[58]

Ориген го цитирал грчкиот филозоф Келсус (Celsus; од неговото дело „За вистинската доктрина“, околу 178 г. од новата ера.), како спорен, тврдејќи дека Јосиф ја напуштил Марија кога дознал за нејзината бременост:

„... кога беше бремена, дрводелецот Јосиф, нејзиниот свршеник, не ја прими во домот поради прељуба и дека му роди дете на одреден војник по име Пантера.(Panthera)“.[59]

Ориген, сепак, аргументирал дека тврдењето на Келсус било едноставно измислица што го користеле раните нехристијани да ја објаснат приказната за девствените раѓања.[60]

АпокрифотИсторија на дрводелецот Јосиф“, напишанo во V век и е враченo како биографија на Јосиф диктирано од Исус, опишува како Јосиф, на возраст од 90 години (Протоевангелиумот не му дал одредена возраст на Јосиф), вдовец со четири сина (Јуда, Јуст, Јаков, Симон) и две ќерки (Асија и Лидија), е задолжен за дванаесетгодишната Марија, која потоа живеела во неговото домаќинство, сè додека не биде подготвена да се омажи на 14-годишна возраст. Силен и буден до 111 година од животот, Јосиф ја признал својата грешност на смртната постела каде што го тешеле Исус и Марија. Исус ги повикал архангелите Михаил и Гаврил да дојдат да му ја земат душата, а неговото тело било погребано во семејниот гроб. Ова дело го користеле литургиски јудејско-христијани на неговиот гроб во Назарет за годишнината од неговата смрт, сè додека Евреите не биле протерани од Назарет и го однеле со себе во Египет.[61]

Од апостолско време, Иринеј сметал дека „апокриф“ значи „фалсификуван“, а Тертулијан (ранохристијански автор) го сметал за синоним за „лажен“. Марија и Јосиф се претвориле во водечки ликови, наместо да ги поддржеле учесниците во големата Христова мисија. Целта на овие дела е апологетска, доктринарна или едноставно задоволување на нечија љубопитност. Иако имаат одредена книжевна вредност, нивните приказни се премногу фантастични за да можат да им се даде историска вредност. Во апокрифите, сиромашниот Јосиф не изгледал способен да ја извршува улогата на сопруг, татко и заштитник како што било јасно припишано во евангелијата.[61][62]

Реверанс

[уреди | уреди извор]
Рождество од Мартин Шонгауер (1475 — 1480)

Најраните записи за формалното посветено следење на Свети Јосиф датираат во 800 година и се повикуваат на него како Nutritor Domini (воспитувач / чувар на Господ) во IX век и продолжиле да растат до XIV век.[63] Тома Аквински разговарал за неопходноста од присуството на Свети Јосиф во планот на олицетворението, зашто ако Марија не била во брак, Евреите ќе ја каменувале и дека во младоста на Исус му била потребна грижа и заштита од човечки татко.[64]

Свето семејство со Светиот Дух од Мурило, (1675 — 1682)

Во XV век, биле преземени големи чекори од страна на Бернардино (Бернардин) Сиенски, Пјер Дејли и Жан Герсон.[65] Герсон го напишал „Разгледувањето на Свети Јосиф“ и проповедал беседи за Свети Јосиф на Соборот на Констанца.[66] Во 1889 година, папата Лав XIII го издал енцикличното „Quamquam pluries“ во кои ги повикал католиците да се молат за Свети Јосиф, како покровител на Црквата во поглед на предизвиците со кои се соочувала Црквата.[67]

Јосифологијата, теолошката студија за Свети Јосиф, е една од најновите теолошки дисциплини.[68] Во 1989 година, по повод стогодишнината од „Quamquam pluries“, папата Јован Павле II го издал „Redemptoris custos“ (Чувар на искупителот), кој ја претставил улогата на Свети Јосиф во планот на спасение, како дел од „документите за спасение“ издадени од Јован Павле II како што е „Redemporis Mater“ на кој се однесува.[69][70]

Верниците се поклонуваат на Св. Јосиф на различни начини. Празникот Св. Јосиф (Јосифовден) е на 19 март, а се слави и на 1 мај како Св. Јосиф Работникот. Во православието се слави како Св. Јосиф Обручник во недела после Божиќ.[71] Му се посветени многу молитви, како што се: литија на Св. Јосиф, бројаница, новена, итн. Среда е посветена на него, како негов ден.[72][73] И некои други светци имаат свој ден. Така, денот на Пресвета Богородица е сабота. Март е месецот посветен на Св. Јосиф, додека, на пример, месеците на Марија се мај и октомври.[74][75] Постојат братства на Св. Јосиф. Многу верници во куќите имаат слика, статуа или медал на Св. Јосиф и аџиите во нивните светилишта. Постојат и религиозни списанија за Св. Јосиф како „Гласникот на Свети Јосиф“, бројни книги и молитвени книги.[76] На некои места, Денот на таткото се слави на неговиот празник на 19 март.[77][78]

Меѓу посебните обожаватели на Св. Јосиф бил Св. Франциск Салески. Во неговиот часовник тој имал само слика на Св. Јосиф. Еднаш му рекол на еден монах дека сето тоа му припаѓало на Св. Јосиф. Во пресрет на празникот Св. Јосиф, тој постел на леб и вода. Кога основал ново религиозно општество, го зел Св. Јосиф за светецот заштитник. Слично на тоа, му се поклонувале и Св. Игнациј Лојолски, Св. Винко Паулски и многу други светци.[79][80]

Хабсбуршката династија исто така се поклонувала на Свети Јосиф, почнувајќи од владетелот Леополд I. Вообичаено било на царските принцови да им се дава името „Јосиф“ (германски: Joseph). Така, Хабсбурговците имале цареви: Јосиф I, Јосиф II и Франц Јосиф (Јозеф).[81]

Реликвии

[уреди | уреди извор]

Постојат реликвии на Св. Јосиф, чие потекло, сепак, не е документирано. Тоа не се делови од телото, туку само предмети, кои ги користел Св. Јосиф. Во италијанскиот град Перуџа од 1477 година, има венчален прстен на Свети Јосиф. Тој претходно бил во италијанскиот град Чиуси, каде што бил донесен од Ерусалим во XI век. Во Франција, во градот Јоинвил-сур-Марн, се чува појасот на Свети Јосиф, додека во Ахен, Германија, во ризницата Карло Велики, се чуваат завои, кои Св. Јосиф го завиткал детето Исус. Во италијанскиот манастир Камалдоли во близина на градот Арецо е стапот на Св. Јосиф. Тој претходно бил во турскиот град Измир.[82][83]

Заштитништво

[уреди | уреди извор]
Ораториум на Свети Јосиф, Монтреал, најголемата црква во Канада.

Папата Пиј IX со папската одлука „Quemadmodum Deus“ го прогласил Свети Јосиф за заштитник на Римокатоличката црква на 8 декември 1870 година. Св. Јосиф е исто така заштитник на Вториот ватикански собор, а од 2013 година на Ватикан.[5] Умрел во „прегратките на Исус и Марија“ според католичката традиција, тој се смета како модел на побожен верник што добива благодат во мигот на смртта, во други зборови, покровител на среќната смрт.[84]

Свети Јосиф е заштитник на голем број градови, региони и земји, меѓу нив и Америка, Австрија, Белгија, Канада, Кина, Хрватска, Индонезија, Мексико, Кореја, Перу, Филипини и Виетнам, како и на семејства, татковци, бремени жени, истражувачи, аџии, патници, имигранти, продавачи на куќи и купувачи, занаетчии, инженери и воопшто работни луѓе.[85]

Места, цркви и установи

[уреди | уреди извор]

Многу градови, гратчиња и местоположби се именувани по Свети Јосиф. Според Националната геопросторна-разузнавачка агенција, шпанскиот облик Сан Хосе (Свети Јосиф) е најчестото име на место во светот. Веројатно најпознатите Сан Хоси се Сан Хосе, Костарика и Сан Хосе, Калифорнија, Соединетите Американски Држави, кои го добиле своето име од шпанските колонисти. Јосиф е заштитник на Новиот Свет; и на регионите (покраините) Корушка, Штаерска, Тирол, Сицилија и на неколку главни градови и епархии.[86]

Многу цркви, манастири и други институции се посветени на Свети Јосиф. Ораториумот на Свети Јосиф е најголемата црква во Канада, со најголема купола од ваков вид во светот по онаа на базиликата Свети Петар во Рим.[87][88] На друго место во светот, црквите именувани по светецот може да бидат познати како оние на Сан Џузепе, на пр. Сан Џузепе де Театини, Сан Хосе, на пр. Митрополитската катедрала во Сан Хосе или Сао Хосе, на пр. во Порто Алегре, Бразил.[89]

Олтар на Свети Јосиф, Билафинген, Германија.

Молитви и посветеност

[уреди | уреди извор]

Во Источната православна црква, за време на празникот Свети Јосиф, се скандира следната химна:

Навистина, Јосиф свршеникот, јасно виде во својата старост дека предвидувањата на Пророците биле исполнети отворено; зашто тој доби необична сериозност, примајќи вдахновение од ангелите, кој плачел, Слава на Бога; оти тој даде мир на земјата.

Во католичката традиција, како што има молитви за Седумте радости на Марија и Седумте таги на Марија, така има и молитви за Седумте радости и Седумте таги на Свети Јосиф; овие вклучуваат молитви за секојдневна заштита, повик, среќен брак, среќна смрт и безнадежни случаи; конкретни молитви, новени и поклони што вклучуваат „Молитвата до Свети Јосиф“ и „Новената до Свети Јосиф“.[90][91] Свети Франциск де Салс го вклучил Свети Јосиф заедно со Марија како светци што требало да се повикуваат за време на молитвите во неговиот Вовед во благочестивиот живот (книга) и Света Тереза Авилска изјавила дека одредено време, секој ден му се молела на Свети Јосиф: „Татко и заштитник на девиците ...“ и се чувствувала безбедно и заштитено од опасност како исход.[90][92] Пиј X составил молитва до Свети Јосиф, која започнува:[93]

Славен Свети Јосиф, образец на сите што се посветени на трудот твој, добиј ми ја благодатта да се трудам, во духот на покајанието, со цел да ги искушам многуте мои гревови.

Свети Јосиф со цветната прачка, од Хосе де Рибера, почетокот на 1630-тите

Во уметноста

[уреди | уреди извор]

До околу XVII век, Јосиф обично бил прикажуван како човек во години, со седа коса, често ќелав, повремено изнемоштен, споредбено безначајна личност заедно до Марија и Исус, а ако не е целосно во заднина — рамнодушен, освен кога ги води на нивниот пат кон Египет. Цели циклуси на прикази од животот на Св. Јосиф се многу ретки во средниот век, иако често е присутен во слики од животот на Марија и Исус. Јосиф е прикажан претежно со брада, не само во согласност со еврејскиот обичај, туку и затоа што — иако евангелските извештаи не ја даваат неговата возраст — подоцнежната книжевност има стремеж да го претставува како старец за време на неговата венчавка со Марија. Овој приказ се појавил за да се смири загриженоста за сексуален однос на нововенчаната двојка, за спомнување на браќата и сестрите на Исус во канонските евангелија, и за другите деца на Јосиф за кои се зборува во апокрифната книжевност. Жан Герсон на пример, сепак се залагал за негово покажување како помлад човек.[94]

Венчавка на Богородица, од Рафаел, 1504 година

На некои статуи тој има цвеќе во раката како лилјан, симболизирајќи дека тој е божествено избран. На неколку православни икони со новогодишни мотиви е насликан Св. Јосиф како го искушува ѓаволот (прикажан како старец со крилја) за да го прекине неговото задолжение, и како Свети Јосиф се спротивставува на тоа искушение.[95] Постојат неколку слики во кои Св. Јосиф носи еврејска капа.[96] Тој честопати се поврзува со црно, а во современите слики со златна боја и зелена, додека бојата на Марија е сина и црвена.[97][98][99]

Една од најпознатите слики во која се појавува Јосиф е „Венчавка на Богородица“ од италијанскиот ренесансен сликар Рафаел. На сликата, Јосиф и Марија стојат пред свештеник и се венчаат. Joсиф држи процветана невеста во раката и ѝ дава ветување на Марија за верност. Невестите потсетуваат на мажењето, според која Марија требала да припаѓа на еден млад човек, кој ќе процветал, а тоа било баш Јосиф.[100]

Фигурата на Свети Јосиф е позната и во вајарството, сцени на раѓањa во сликарството, детските приказни, божиќните претстави и католичките поклонички практики. Тој најчесто бил опишуван како доста стар, дедо во заднината на шталата во Витлеем, ќелав човек со цветен стап, и на смртната постела со Исус покрај него како и многу помладата Марија.[61] Во последните векови, со зголемениот интерес за улогата на Јосиф во евангелијата, тој станал суштествена фигура во портретите на Светото семејство. Јосиф таму е често прикажан како помлад, па дури и младешки човек (особено во протестантски слики), кој работи како дрводелец или работно учествува во секојдневниот живот на Дева Марија и Исус како рамноправен и љубезен член.[101]

Хронологија на животот на Свети Јосиф преку уметноста

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена книжевност

[уреди | уреди извор]
  • Dragić, Marko, 2020.: Štovanje sv. Josipa u hrvatskoj crkveno-pučkoj baštini, Nova prisutnost XVIII (1): 145–169
  • Библиско здружение на Република Македонија, 2014: Библија за млади: Стар и Нов завет ISBN 978-9-98983926-9
  • Fr. Maurice Meschler, 2017: The Truth about Saint Joseph: Encountering the Most Hidden of Saints; 145 страни ISBN 1622824520
  • Bauckham, Richard (2015). Jude and the Relatives of Jesus in the Early Church. Bloomsbury. ISBN 9781474230476.
  • Ferguson, Everett; Michael P. McHugh, Frederick W. Norris, "Joseph" in Encyclopedia of early Christianity, том 1, стр 629
  • Crossan, John Dominic. Jesus: A Revolutionary Biography. Harpercollins: 1994. ISBN 0-06-061661-X.
  • Dickson, John. Jesus: A Short Life, Lion Hudson plc, 2008, ISBN 0-8254-7802-2, ISBN 978-0-8254-7802-4,
  • Fiensy, David A., Jesus the Galilean: soundings in a first century life, Gorgias Press LLC, 2007, ISBN 1-59333-313-7, ISBN 978-1-59333-313-3, Google books
  • Geza, Vermes The Authentic Gospel of Jesus (London, Penguin Books, 2004)
  1. Биографија на Св. Јосиф, Посетено на 31 јануари.2021 Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. Св. Јосиф смрт, Посетено на 31 јануари 2021
  3. Боф, Леонардо (2009). Свети Јосиф: Таткото на Исус во друштво без татковци. Wipf and Stock Publishers. стр. 34. ISBN 9781606080078. Законски татко, затоа што тој живее заедно со Марија, мајката на Исус. Преку оваа титула, Марија е поштедена од лажни претпоставки и Исус од лажно потекло. Сепак, ова е исклучително надворешна карактеризација.
  4. Papa proglasio Godinu svetog Josipa. Informativna katolička agencija. (хрватски)
  5. 5,0 5,1 Матијевиќ, Нивес. U povodu 150. obljetnice proglašenja sv. Josipa zaštitnikom sveopće Crkve Хрватски фокус (хрватски), 11 декември 2020 година
  6. „St. Joseph Lutheran Church, Allentown, Pennsylvania“. lutherans.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-01-03.
  7. Баришевиќ, Ј., Шабиќ, А. Г.: Ајде да одиме заедно, Загреб 1992
  8. Библија за млади: Стар и Нов завет, стр. 248
  9. „Što nam Josipovo iskustvo govori o Božjim planovima?“. Žena Vrsna (хрватски). 2018-03-19. Посетено на 2021-01-19.
  10. Библија за млади: Стар и Нов завет, стр. 238
  11. Во христијанството, ангел е гласник на Бог. Архангел е исто така ангел, но од повисок ред. Генерално, нема некоја голема разлика ако кажете „архангелот Гаврил“ или „ангелот Гаврил“, но барем да знаете дека Гаврил конкретно е архангел. На пример во „Библија за млади: Стар и Нов завет“ е напишано како „ангелот Гаврил“, стр. 238
  12. Библија за млади: Стар и Нов завет, стр. 241–242
  13. Библија за млади: Стар и Нов завет стр. 242–245
  14. Вернез, Геза (1981). Исус Евреин: Читање на евангелија од историчар. Филаделфија: First Fortress. стр. 20. ISBN 978-1451408805.
  15. Матеј 1 | MK2006D Библија | YouVersion.
  16. Лука 3:23| MK2006D Библија | YouVersion.
  17. Рајли, Чарлс Ц. (1999). Основна теологија: Популарен систематски водич за разбирање на библиската вистина. Moody Publishers. ISBN 978-1575674988.
  18. Ајронсајд, Хери А. (2007). Лука. Kregel Academic. стр. 73. ISBN 978-0825496653.
  19. Пазман, Јосип: Хрватско католичко друштво св. Jerеронима, Загреб 2010 година
  20. Света Библија, Нов завет, Младинска книга, Загреб 1991 година.
  21. „Bible Gateway passage: Isaiah 11:1–2 — New International Version“. Bible Gateway (англиски). Посетено на 2021-01-21.
  22. Исаија 11 | MKB Библија | YouVersion.
  23. „Броеви (4 Moj.) 36 MKB - БИБЛИЈА (Свето писмо)“. biblics.com. Посетено на 2021-03-10.
  24. „Матеј 1:18 Така настана раѓањето на Исус Христос: Неговата мајка Марија беше ветена во брак со Јосиф, но пред тие да се земат, беше откриено дека ќе биде бремена преку Светиот Дух“. biblehub.com. Посетено на 2021-01-21.
  25. „Јосиф бил добар татко | Вистинска вера“. JW.ORG. Посетено на 2021-01-21.
  26. Матеј 1.
  27. Обрешки, Јанко: Библиска историја на стариот и новиот завет, Марјан тисак, Сплит 2005 година.
  28. Матеј 1 Онлајн Библија.
  29. Библија за млади: Стар и Нов завет, стр. 242–243
  30. Матеј 2 | MK2006D Библија | YouVersion.
  31. Библија за млади: Стар и Нов завет стр. 244–247
  32. Библија за млади: Стар и Нов завет стр. 248
  33. Лука 2 | MK2006D Библија | YouVersion.
  34. „Luke 2:35 - Bible Gateway“. www.biblegateway.com (англиски). Посетено на 2021-01-19.
  35. Матеј 2:13.
  36. Рудолф Вимер: Исус Христос, животот на нашиот Спасител, УПТ Чаково 2006 година
  37. Матеј 2:20-22.
  38. Тиволие П: Животот на Исус во слики, Глас Кончила, Загреб 1991 година.
  39. Хефлер-Корнфајнд: Среднохристијанска доктрина, Хрватско книжевно друштво Св. Кирил и Методиј, Загреб 1990 година
  40. „Лука 2 | Онлајн Библија | Превод Нов Свет“. JW.ORG. Посетено на 2021-01-21.
  41. Тејлор Кенет Н.: Библиски приказни и настани, Зборови искрени, Пучин, Čаковец 2001 година.
  42. Библија за млади: Стар и Нов завет стр. 250
  43. Катехизам на Католичката црква, Копендиум, Конференција на хрватски бискупи, Загреб 2006 година.
  44. „Јован 19 | Онлајн Библија | Превод Нов Свет“. JW.ORG. Посетено на 2021-01-21.
  45. „Матеј 27 | Онлајн Библија | Превод Нов Свет“. JW.ORG. Посетено на 2021-01-21.
  46. Фанк, Роберт В. и Семинарот за Исус. Делата на Исус: потрага по автентичните дела на Исус. Харпер Сан Гранциско. 1998. „Приказни за раѓање и новороденче“. стр. 497–526.
  47. Vermes, (2004) стр. 398–417.
  48. Светиот постолски манстир (1989). Животот на Дева Марија, Богородица. Буена Виста: Светиот апостолски манастир. стр. 64. ISBN 978-0-944359-03-7.
  49. „Битие 11“. makedonski.global.bible. Посетено на 24 јануари 2021.
  50. Битие (1 Moj.) 29 | MKB Bíblia | YouVersion.
  51. Битие (1 Moj.) 14 | MKB Библија | YouVersion.
  52. Давид Браун. „Коментар за Матеј 13:56“. Коментар, критички и објаснувачки за целата Библија. Посетено на 2009-01-07. Тука се поставува исклучително тешко прашање - Кои биле овие „браќа“ и „сестри“ на Исус? Дали тие, „Првите“, биле негови полни браќа и сестри? или, „Второ“, дали беа тие негови посини и сестри, деца на Јосиф со поранешен брак? или, „трето“, дали беа братучеди, според вообичаен начин на зборување меѓу Евреите, почитувајќи ги лицата со колатерално потекло? На оваа тема е напишана огромна зделка, ниту пак сè уште се согласуваат мислења на кој било начин. За второто мислење нема основа, туку нејасна традиција, што произлегува веројатно од желбата за некое такво објаснување. Првото мислење несомнено најдобро одговара на текстот во сите места каде што секако се повикуваат странките (Мт 12:46; и неговите паралели, г. 3:31; Лу 8:19; нашиот сегашен пасус и неговите паралели, г. 6: 3; Јох 2:12; 7: 3, 5, 10; Дејство 1:14). Но, покрај другите приговори, многу најдобри толкувачи, сметајќи дека во последен степен неверојатно дека нашиот Господ, кога ќе виси на крстот, ќе му ја предадеше мајка му на Јован, ако тој имаше живи полни свои браќа, претпочитаат трето мислење; иако, од друга страна, не треба да се сомневаме дека нашиот Господ може да има добри причини да му го довери старателството над Неговата двојно вдовица мајка на саканиот ученик во претпочитање дури и на полноправните свои браќа. Така, сомнително претпочитаме да го оставиме ова вознемирено прашање, опфатено како што е со тешкотии!
  53. 53,0 53,1 Еверет Фергусон, Мајкл П. Мекју, Фредерик В. Норис, „Јосиф“ во Енциклопедија на раното христијанство, том 1, стр. 629
  54. Лујџи Гамберо, „Марија и татковците на црквата: Пресвета Богородица во патристичка мисла“ стр. 35–41
  55. Лујџи Гамберо, „Марија и татковците на црквата: Пресвета Богородица во патристичка мисла" стр. 35–41
  56. Лујџи Гамберо, Марија и татковците на црквата: Пресвета Богородица во патристичка мисла стр. 35–41
  57. Eusebius of Caesarea, Church History, Book III, пог. 11.
  58. Вилијамс, Френк (2013). The Panarion of Epiphanius of Salamis: De fide. Books II and III Sect 78:7,5 (англиски). BRILL. стр. 620. ISBN 978-9004228412. Посетено на 21.01.2021. На |first1= му недостасува |last1= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  59. „Peter Kirby - Celsus as quoted by Origen“ (англиски). Посетено на 22.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  60. Contra Celsum, превод од Хенри Чедвик, (Кембриџ: Универзитетски печат Кембриџ, 1965 г.)
  61. 61,0 61,1 61,2 „St. Joseph in Apocrypha“ (англиски). Посетено на 2021-02-10.
  62. Татковци на црквата: Историја на Јосиф дрводелецот. Посетено на 21.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  63. Свети луѓе на светот: меѓукултурна енциклопедија, том 3 од Филис Г. Жестис 2004 ISBN 1-57607-355-6 стр. 446
  64. Детството Христово од Тома Аквински, Роланд Потер, 2006 ISBN 0-521-02960-0 стр. 110–120
  65. Литургија и време од Ирена Анри Далмаис, Аиме Оrорж Мартиморт, Пјер Жанел 1985 ISBN 0-8146-1366-7 стр. 143
  66. Средновековно мајчинство од Џон Карми Парсонс, Бони Вилер 1999 ISBN 0-8153-3665-9 107 стр.
  67. Страницата на Ватикан: Quamquam pluries
  68. „Неделен - Католички магазин“. sunday.niedziela.pl.
  69. Основи на христијанскиот начин на живот од Јаков Прасад 2001 ISBN 88-7653-146-7 стр. 404
  70. Лулка на искупување на љубовта: теологија на Божиќната мистерија од Џон Совард 2002 IISBN 0-89870-886-9 стр. 230
  71. „Праведен Јосиф Обручник“. denovi.mk. Посетено на 24 јануари 2021.
  72. Radanović, Marijan: Sveti Josip, Svetište sv. Josipa, Karlovac (хрватски) 1987.
  73. „Traditions — Year of St. Joseph“. yearofstjoseph.org (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  74. „Зошто мај и октомври се месеците на Марија?“. Catholic Exchange. 2003-05-04. Посетено на 2021-01-20.
  75. „Saturday Devotions : University of Dayton, Ohio“. udayton.edu (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  76. „Izišao novi broj Glasnika svetog Josipa“. IKA (хрватски). 2020-11-05. Посетено на 2021-01-21.
  77. AnydayGuide. „Saint Joseph's Day in Western Christianity / Father's Day / March 19, 2021“. AnydayGuide (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  78. Дупуј, Мишел (2016-03-16). „Кој е денот на Свети Јосиф? (И како можете да славите во соседството!)“. Национален чешки и словачки музеј и библиотека. Посетено на 2021-01-20.
  79. „Светци посветени на Свети Јосиф“. yearofstjoseph.org. Посетено на 2021-02-12.
  80. Мари, Сузан (2018-03-11). „Подготвувајќи се за празникот Свети Јосиф со Св. Франциск Салески“. Visitation Spirit. Посетено на 2021-02-12.
  81. „Family Tree of the Habsburg dynasty“. OpenLearn (англиски). Посетено на 2021-03-12.
  82. „Sveti Josip“. hu-benedikt.hr (хрватски). Посетено на 2021-01-19.
  83. „Свети Јосиф реликвии“. www.apostolatestjoseph.org. Архивирано од изворникот на 2021-01-15. Посетено на 2021-01-20.
  84. Фоли, О.Ф.М., Леонард. Светител на денот, животи, лекции и празник, (ревидиран од Пет Меклоски О.Ф.М.), Францискански медиуми, ISBN 978-0-86716-887-7
  85. Online, Catholic. „St. Joseph - Saints & Angels“. Catholic Online (англиски). Посетено на 2021-01-13.
  86. „Наш светец-заштитник“. Св. Јосиф црква. Посетено на 2021-01-20.
  87. „St. Joseph's Oratory Unveils Design of 360-Degree Montreal Observatory“ (англиски). Montreal Gazette. 2018. Посетено на 21 јануари 2021.
  88. "Saint Joseph's Oratory of Mount Royal." L'Oratoire Saint-Joseph Du Mont-Royal“ (англиски). Congrégation De Sainte-Croix. Посетено на 20 јануари 2021.
  89. „Cities named Saint Joseph around the world“. www.geodatos.net (англиски). Посетено на 2021-01-13.
  90. 90,0 90,1 Замокот за внатрешни работи од Света Тереза, Паулист Прес 1979, ISBN 0-8091-2254-5 стр. 2
  91. Поклони кон Свети Јосиф од Сузана Магдалена Флавиј, 2008 ISBN 1-4357-0948-9 5-15 стр.
  92. Приказна за душата од Света Тереза Библиолајф 2008 0554261588 стр. 94
  93. Енциклопедија за католички посветености и практики 2003 ISBN 0-87973-910-X стр. 449
  94. од Матеј 12:46–50, Марко 3:31–35, Лука 8:19–21; Матеј 13:55, Марко 6:3 ;
  95. What great paintings say (англиски). стр. 31.
  96. Mary and Mariology (англиски). PediaPress. стр. 73.
  97. Фиора, Јулија (2018-12-19). „Зошто Исус и Марија секогаш носат црвена и сина боја во историјата на уметноста“. Artsy. Посетено на 2021-01-20.
  98. „Saint Joseph Lily: University of Dayton, Ohio“. udayton.edu (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  99. Вокер, Џуди. „Религиозни симболи на св. Јосиф“. NOLA.com. Посетено на 2021-01-20.
  100. „Венчавката на Јосиф и Марија“. www.theartofpainting.be. Посетено на 2021-01-20.
  101. „Библиотека: Наоѓање на Св. Јосиф“. www.catholicculture.org. Посетено на 2021-01-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

За Св. Јосиф

[уреди | уреди извор]

Непознати зборови

[уреди | уреди извор]

Зборови во статијата што можеби Ви се помалку јасни:

  • Родословие — историја на родот.
  • Генеалогија — историја на едно семејство.
  • Скандира — повторена ритмичка фраза, типично извикувана или отпеана едногласно од толпа. На пример при читање молитви.
  • Канонски/канон — списи прифатени од црквата како свети.
  • Апокриф — религиозен спис со библиска содржина што не е канонски признаен за веродостоен.
  • Девствен — што се однесува на девица, невина. Девствен брак е кога девицата нема да има сексуални односи во бракот. Девствено раѓање е кога девицата раѓа без сексуални односи, како што е примерот со Богородица Марија.
  • Литија — процесија (движење по определен распоред и ритам) од верници со свештенство како церемонија за некое лице, во овој случај Св. Јосиф.
  • Новена — античка традиција на побожно молење во христијанството.
  • Миро — светено масло.


Статијата „Свети Јосиф“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy