Прејди на содржината

Сештојад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела мечка јаде тиква под вода.

Сештојад, сејад[1] или омнивор (од латински: omne — „сè“ и vorare — „јаде“) – животно што јаде и месо и растителна храна.[2]

Свињите се пример на сештојад.

Кај сештојадните цицачи забите се приспособени како за кинење на месо, така и за џвакање и мелење на растителни делови. Мечките се познати по тоа што го сакаат пчелниот мед, но се хранат и со мали животни, како што се рибите и ларвите на инсекти. Својата исхрана ја дополнуваат со растителна храна.[3] Занимливо е дека верверицата, која инаку се храни со ореви, желади, лешници и семе од четинарски дрва, исто така ги напаѓа и птиците и нивните јајца.[4] Човекот исто така е сештојад.[5]

Меѓу птиците, враната и гавранот се сештојади. Посебно е познат гавранот по тоа што јаде многу разновидна храна, всушност сè што е хранливо, а може да биде и мршојадец.[3]

  1. „сејад“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „сештојад“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 Чинери, М. 2001. Велика енциклопедија животиња. ИТП „Змај“: Нови Сад. ISBN 978-86-489-0303-7.
  4. Симоновић, Д. и сарадници. 1953. Природописни атлас: Сисари. Знање: Београд.
  5. Луѓето се сештојади

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy