Прејди на содржината

Сусана Рамел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сусана Рамел
Сусана Рамел во 2018 година.
Роден(а)Сусана Рагнарсдотер Остберг
1 април 1920(1920-04-01)
Стокхолм, Шведска
Починал(а)4 април 2020(2020-04-04) (возр. 100)
Стокхолм, Шведска
ЗанимањеГлумица, танчерка, пејачка
СопружникСвен Арн Гилгрен (1941–1949)
Повел Рамел (1949–2007)
ДецаКарина Гилгрен (1943)
Мариен Гилгрен (1945)
Микаел Рамел (1949)
Лота Рамел
РодниниРагнар Остберг (татко)
Карин Тиел (мајка)
Ернест Тиел (дедо)

Сусана Рагнарсдотер Рамел (родена Остберг ; претходно Гилгрен; 1 април 1920 - 4 април 2020) — шведска танчерка, пејачка, глумица и терапевт за движење.[1] Рамел била ќерка на архитектите Рагнар Остберг и Карин Тиел;[2] нејзиниот дедо по мајка бил финансиер и колекционер на уметности Ернест Тиел.[3]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена е како Сузана Рагнарсдотер Остберг на 1 април 1920 година во Стокхолм од Рагнар Остберг и Карин Тиел. Двајцата нејзини родители биле во брак претходно и се развеле од сопружниците.[3] Таа имала шест постари полусестри, тројца од страната на нејзиниот татко (Гунвор Остберг, Хервор Остберг и Елзор Остберг) и три од страната на нејзината мајка (Ула Лидман-Фростенсон, Ен-Мари Лидман и Карин Олга Елизабет Лидман).[4]

Почнала да студира балет како млада девојка, а се појавила како танчерка во неколку шведски филмови во 1930-тите и 40-тите години на минатиот век, како и во различни емисии и ревии.[3][5]

Таа била мажена двапати; најпрво во 1941 година на Свен Арне Гилгрен со кого добила две ќерки Карина (родена 1943 година) и Маријана (родена 1945 година).[6] Тие се развеле во 1949 година, а истата година таа се омажила за Повел Рамел, кој првпат ја забележал кога била танчерка во Сидра Театерн.[3] Двојката имала две деца: Микаел (роден на 19 јануари 1949 година) и Шарлот (Лота), (родена на 29 септември 1957 година). Во филмот “Тед: Заради љубов“ во 2018 година, Лота Рамел ја игра улогата на Сузана.[7]

Рамел наполни 100 години на 1 април 2020 година и почина три дена подоцна.[8][9]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
  • 1939 година - Сканер-Фалстербо
  • 1939 година - Кадетски другари
  • 1940 година - Блајџ Антон
  • 1941 година - Светла иднина
  • 1942 година - Живот на стап
  • 1986 година - Аферата Рамел (ТВ серија)
  1. Ramel, Povel K H.
  2. Östberg, Ragnar.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Bodin, Anna (20 November 2015). „Susanna Ramel: "Vad mycket dumt man har gjort, det är inte klokt egentligen". Dagens Nyheter. Посетено на 15 June 2020.
  4. „Karin Thiel [1889-1963]“. Lidmanarkivet. Посетено на 15 June 2020.
  5. „Susanna Östberg“. The Swedish Film Database. Swedish Film Institute. Посетено на 15 June 2020.
  6. „Gillgren, Sven Arne“. Vem är Vem?: Stor-Stockholm (2. изд.). Vem är Vem AB. 1962.
  7. Stawreberg, Anna-Maria. „Lotta Ramel om sin ungdoms stora kärlek - Ted Gärdestad“. Hemmets Journal. Посетено на 25 September 2019.
  8. „Susanna Ramel“. Dagens Nyheter. 18 April 2020. стр. 25.
  9. Susanna Ramel death notice
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy