Тото Карача
Ирма Фелекјан, попозната како Тото Карача (18 март 1912 – 22 јули 1992 година), била турска сценска актерка.
Со ерменско потекло[1] Фелекјан била родена на 18 март 1912 година во Отоманската империја.[2] Нејзината мајка била Мари Хрануш Фелекјан. Во детството научила да танцува балет. За време на нејзините настапи во мјузикли, таа го претпочитала името Ирма Тото. Нејзиното презиме станало Карача кога се омажила за театарскиот актер Мехмет Карача во 1939 година, поради тогашната важечка легислатива. Нивниот син Џем Карача станал водечка фигура во анадолската рок музика.[1]
Во 1930-тите, настапувала во оперетите на Омер Ајдин. Фелекјан била меѓу основачите на Истанбулскиот театар во 1960 година.[3][4]
Тото Карача починала на 22 јули 1992 година во Истанбул, Турција,[2] и била погребана во семејната гробница на ерменските гробишта Шишли.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Toto Karaca“ (турски). Biyografi. Посетено на 2011-10-30.
- ↑ 2,0 2,1 „Toto Karaca“. IMDb. Посетено на 2020-01-14.
- ↑ „Cem Karaca'nın hayat hikayesi“ (турски). CNN Türk. April 4, 2016. Архивирано од изворникот на December 11, 2017. Посетено на December 11, 2017.
- ↑ „Mari Felekyan - Cem Karaca'nın şöhretli anneannesi“ (турски). Bolsohays News. November 29, 2017. Архивирано од изворникот на December 24, 2017. Посетено на December 11, 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тото Карача на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|