Основан одново во 2015 година под името ФК Венеција Сочиета Спортива Дилетантистика[1] (поедноставен подоцна во „ФК Венеција“ откако клубот стигнал до професионалните лиги во 2016 година), е „де факто“ чувар на спортската традиција започната во 1907 со основањето на ФК Венеција, но последователно клубот поминал низ многу преосновања и носел различни имиња (АК Венеција од 1919 до 1930 година, од 1945 до 1983 година и повторно од 1989 до 2005 година, Сочиета Спортива Серенисима во 1930 година, АФК Венеција во 1934 година, Калчо Венеција во 1983, Калчо Венеција Местре 1987 година, АК Венеција 1907 во 1991 година, Сочиета Спортива Калчо Венеција во 2005 година и ФК Унионе Венеција во 2009 година).
Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1940-1941. По овој куп успех, уследил и нивниот највисок пласман во Серија А, со освојувањето на третото место во следната сезона. Инаку, клубот најголемиот дел од својата историја го поминал помеѓу двете најсилни фудбалски лиги во Италија: 21 сезона играле во Серија А, а 45 поминале во Серија Б.