Прејди на содржината

Хјуи Луис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луис на настап со Huey Lewis and the News во 2013
Роден(а)Хју Ентони Крег II
5 јули 1950(1950-07-05)(74 г.)
Њујорк, САД
ОбразованиеУниверзитет „Корнел“
Занимање
  • Пејач
  • текстописец
  • глумец
Активен период1967–денес
СопружникСидни Конрој (в. 1983; раз. 1989)
Деца2
Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • хармоника
Издавачи
Страница
hueylewisandthenews.com

Хју Ентони Крег III (англиски: Hugh Anthony Cregg III; роден на 5 јули 1950),[1] естрадно познат како Хјуи Луис (англ. Huey Lewis) ― американски пејач, текстописец и глумец.

Луис е познат како предводник на групата Huey Lewis and the News. Групата е можеби најпозната по нејзиниот трет и најпродаван албум Sports и нивниот придонес во саундтракот за филмот од 1985 година Враќање во иднината. Луис од 1972 до 1979 година свирел во групата Clover.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Хјуи Луис е роден во Њујорк,[1] но детството го поминал во Марин Каунти во Калифорнија.[2] Студирал инженерство на Универзитетот Корнел, но се откажал од студиите за да се посвети на музичката кариера.

Луис на почетокот од 1990-тите

Луис почнал да свири на хармоника и да настапува со разни блуз и рок-групи во Сан Франциско на почетокот од 1970-тите години. Во 1971 година се приклучил на групата Clover, која свирела калифорниски рок. Отприлика во тоа време го присвоил уметничкото име „Хјуи Луис“. Clover првите успеси ги забележале во Обединетото Кралство, каде што свиреле на првиот албум од Елвис Костело (снимен во ОК)[3] и други познати музичари.[4] Сепак, Clover се распаднал во доцните 1978, а Луис решил да основа своја група.

Група Huey Lewis and the News

[уреди | уреди извор]

Под името „Блузи Хјуи Луис“, Луис свирел хармоника на историскиот албум од Thin Lizzy од 1978 година Live and Dangerous.[5] Во 1979 година, Луис, заедно со неколку музичари од веќе распаднатата група Clover, ја основал групата Huey Lewis and the News. Првиот албум го издале во 1980 година, но не постигнал комерцијален успех. Вториот албум, Picture This (1982), го пробил патот за нивната популарност со хитот „Do You Believe in Love“, кој станал нивен прв хит на Billboard Hot 100.[6]

Третиот албум на групата, Sports (1983), е едно од најпродаваните поп-изданија на сите времиња.[7] Четири синглови од албумот стигнале до топ-10 на Billboard Hot 100: „Heart and Soul“ стигнал до осмо место,[8] а „I Want a New Drug“,[9] „The Heart of Rock & Roll“ [10] и „If This Is It“[11] стигнале до шесто место.

Луис во 2009 година

Неговата песна „The Power of Love“ била хит број 1 во САД и била прикажана во филмот „Враќање во иднината“ од 1985 година, за кој ја снимиле и песната „Back in Time “. Луис имал камео појавување во филмот како член на жири кој ја отфрла аудицијата на групата на Марти МекФлај за натпреварот „Битката на групите“ во училиштето. Во филмот, групата свири инструментална хеви-метал верзија на „The Power of Love“. Песната „The Power of Love“ била номинирана за Оскар.[12]

По успехот со „The Power of Love“ и „Враќање во иднината“, Huey Lewis and the News го објавиле четвртиот студиски албум. Fore! (1986). Албумот се искачил на прво место на Билборд 200 и од него призлегле хитовите „Stuck with You“ и „Hip to Be Square“.

Со промената на музичките вкусови во доцните 1980-ти и во 1990-тите, популарноста на групата почнала да опаѓа, но тие продолжиле да снимаат нови песни и да настапуваат во живо. Албумот Hard at Play (1991) имал неколку умерени хитови, но не го достигнал успехот на претходните изданија.

На 13 април 2018 година, Луис објавил дека му била дијагностицирана Мениерова болест и дека „не можел да слуша доволно добро за да пее“. Како резултат на тоа, останатите концерти закажани за турнејата во 2018 година биле откажани.[13][14][15][16]

Во ноември 2023 година, било објавено дека мјузиклот „Срцето на рокенролот“ со музика од групата ќе дебитира на Бродвеј во март 2024 година. Луис бил вклучен во развојот на претставата од 2018 година.[17]

  1. 1,0 1,1 All Music Guide to Rock: The Definitive Guide to Rock, Pop, and Soul (3rd. изд.). Backbeat Books. 2002. стр. 651. ISBN 9780879306533. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „AMG“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Marin Nostalgia Архивирано на 20 декември 2016 г. Retrieved 2016-12-16.
  3. „My Aim Is True (2001) liner notesMy Aim Is True (2001) liner notes“. The Elvis Costello Home Page. Посетено на August 24, 2021.
  4. Live And Dangerous (Media notes). Thin Lizzy. Phonogram. 1978. 6641 807.CS1-одржување: друго (link)
  5. Live And Dangerous (Media notes). Thin Lizzy. Phonogram. 1978. 6641 807.CS1-одржување: друго (link)
  6. Bronson, Fred (2003). The Billboard Book of Number One Hits. Billboard Books. стр. 615, 648. ISBN 0823076776.
  7. Hyden, Steven (June 25, 2013). „Huey Lewis's Old, Weird America“. Grantland. Посетено на August 24, 2021.
  8. Празен навод (help)
  9. Празен навод (help)
  10. Празен навод (help)
  11. Празен навод (help)
  12. „The 58th Academy Awards; 1986“. oscars.org. October 4, 2014. Посетено на March 24, 2021.
  13. Празен навод (help)
  14. „Huey Lewis, suffering hearing loss, cancels 2018 tour“. Chicago Tribune. Associated Press. April 14, 2018. Посетено на November 3, 2019.
  15. „Huey Lewis Opens Up About 'Devastating' Hearing Loss - Parade: Entertainment, Recipes, Health, Life, Holidays“. Parade: Entertainment, Recipes, Health, Life, Holidays (англиски). Посетено на 2023-09-29.
  16. „Huey Lewis on his struggle with hearing loss: 'I thought I might as well kill myself'. Los Angeles Times (англиски). 2020-02-12. Посетено на 2023-09-29.
  17. Paulsen, Michael (1 November 2023). Huey Lewis and the News Musical Is Coming to Broadway in March, The New York Times

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy