Динкелсбил
Динкелсбил
Dinkelsbühl | |
Поглед на стариот град од црковната кула | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Баварија |
Адм. подрач. | Средна Франконија |
Округ | Ансбах |
Обербургмајстер | Д-р Кристоф Хамер (ХСС) |
Основни податоци | |
Површина | 75,19 км2 |
Надм. височина | 442 м |
Население | 12.272 (31 декември 2023)[1] |
- Густина | 163 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | AN, DKB, FEU, ROT |
Пошт. бр. | 91550 |
Повик. бр. | 09851 |
Портал | dinkelsbuehl.de |
Местоположба на град Динкелсбил во рамките на округот Ансбах | |
Координати | 49°4′15″N 10°19′10″E / 49.07083° СГШ; 10.31944° ИГД |
Динкелсбил (германски: Dinkelsbühl) – град во Германија, во Баварија, во округот Ансбах и административното подрачје Средна Франконија.
Географија
[уреди | уреди извор]Динкелсбил е сместен на југозапад на округот Ансбах, на границата со сојузната покраина Баден-Виртемберг (окрузите Швебиш Хал и Осталб) на романтичниот пат. Низ градот тече реката Верниц.
Во седумдесеттите години на 20 век територијата на Динкелсбил е проширена со бројни општини, со што општината петкратно ја зголемила својата површина (од 14,47 км2 во 1900 година на 75 км2 денес).
Историја
[уреди | уреди извор]Градот бил утврден од царот Хајнрих V, во 1305 година ги добил истите општински права како Улм и во 1351 година станал слободен царски град каков останал до 1802 година кога бил присоединет кон Баварија. Неговиот општински закон (Dinkelsbühler Recht) издаден во 1536 година и ревидиран во 1738 година, содржел значајна збирка на јавни и приватни закони.
После неговото присоединување кон Кралството Баварија, Динкелсбил станал административен центар на округ кој опстојувал до после Втората светска војна. Во 1910 година, овој округ броел 24.761 жители[2] од кои повеќе од 85% биле лутеранизамлутеранци, во 1933 година броел 23.911 жители (еврејска заедница од 106 лица[2] од кои 61 лице во самиот град Динкелсбил, во 1950 година броел 39.283 жители (за време на војната голем број на бегалци од големите градови се сместиле во округот) и 33.600 жители во 1960 година, од кои 5.500 бегалци.[2]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Динкелсбил е средновековен интересен град со бројни стари куќи, опколен со ѕидини, кули и капии.
- Катедрала Санкт Георг, една од најубавите германски цркви во готски стил, ја чува својата романска кула. Датира од 15 век, а во внатрешноста, во јужниот дел, се наоѓа реликвар кој ги покажува коските на св. Аврелијан и слика на главниот олтар кој прикажува едно посебно распнување (1490), каде симболите на евангелистите го красат крстот.
- Стар кармелитски манастир во барокен стил, секуларизиран и продаден на лутеранската заедница во 1802 година, кој денес е музичко училиште.
- Стар манастир на капучините
- Дојчес хаус, дом на грофовите од Дрехсел-Дојфштетен, типичен за германската ренесанса.
- Споменик на Кристоф фон Шмид (1768-1854), автор на приказни за деца.
- Стара болница Хајлиг-Гајст, основана во 1380 година.
- Старото градско собрание (Alt Rathaus), денес музеј.
- Старата градска мелница, денес Музеј на третата димензија.
Демографија
[уреди | уреди извор]Градот Динкелсбил во старите граници:
1890 | 1900 | 1910 | 1925 | 1933 | 1939 |
---|---|---|---|---|---|
4.496[2] | 4.573 | 4.800 | 5.067 | 5.155 | 4.809 |
Градот Динкелсбил во актуелните граници:
1840 | 1871 | 1900 | 1910 | 1925 | 1933 | 1939 | 1950 | 1961 | 1970 | 1979 | 1989 | 2000 | 2003 | 2009 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
7.569[3] | 7.980[3] | 7.282[3] | 7.724 | 7.847[3] | 7.890 | 7.757[3] | 10.714[3] | 10.546[3] | 10.711 | 10.761 | 10.894 | 11.549[3] | 11.605 | 11.443[3] |
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Динкелсбил е збратимен со[4]:
- Германија, Еденкобен, (од 1955 година)
- Финска, Порво (од 1961 година)
- Франција, Геранд (од 1962 година)
- Романија, Сегешвар (од 2001 година)
- Кина, Ѓингѓанг (од 2004 година)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Портата Верниц
-
„Св. Ѓорѓи“
-
Внатрешноста на Санкт Георг
-
Пазарот со "Дојчес хаус" (трета оддесно)
-
Вајнмаркт
-
Порта Сегринген
-
Улица Сегринген
-
Порта Ротенбург
-
Улица д-р Мартин Лутер
-
Улица Нердлинген
-
Порта Нердлинген
-
Црква Санкт Паул
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Преглед на состојбата на населението“. Баварска служба за статистика и обработка на податоци. јуни 2024. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 (германски) Динкелсбил, стари пописи Архивирано на 20 јули 2016 г.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 (германски) Официјални статистики за Динкелсбил, Баварија
- ↑ „Partnerstädte & Patenschaften“. Архивирано од изворникот на 2007-06-22. Посетено на 2016-11-03.
|
|