Егзорцизам
Егзорцизам (од доцниот латински јазик exorcismus;,од грчки ἐξορκισμός, exorkismos — поврзано со заклетва) — верски ритуал на протерување демони или други духовни сили од некое лице или место за кое се верува дека е опседнато[1]. Во зависност од духовните верувања на Егзорцистот (истерувач на духовни сили), егзорцизам може да се направи со нудење на лицето да изврши заклетва, вршење на целосен ритуал, или едноставно со наредба таа духовна сила да замине во името на повисока сила.Овој ритуал е доста стар и дел од системот на верување на многу култури и религии. Според Оксфорд егзорцизмот потекнува од dybbuk , демони, или зли духови; верувањето дека светиот човек може да нареди протерување на лошите духови што опседнале некое место или тело на некое лице е доста старо. Можат да се забележат многу видови на егзорцизми и ритуали во различни вери.
Христијанство
[уреди | уреди извор]Во христијанството, егзорцизмите наводно се извршуваат во името на Исус Христос или преку молитва. Католичкиот ритуал за формален егзорцизам е наречен "Главен Егзорцизам" и е опишан во Дел 13 од книгата за "Римскиот ритуал". Свештениците најпрво треба да бидат сигурни дали лицето боледува од некоја болест пред да го извршат ритуалот. . Во христијанскиот ритуал лицето кое врши егзорцизам,познато како Егзорцист, е често член на црквата, или лице за кое се смета дека е надарено со виши моќи или вештини. Егзорцистот може да користи молитви, и верски материјали, како што се: утврдени формули, гестови, симболи, икони, амајлии,итн. Егзорцистот често се повикува на Бог, Исус, и /или неколку различни ангели и архангели за да изврши егзорцизам. Потребно е време од неколку недели за да егзорцистот го истера длабоко навлезениот демон[2].
Воглавно, , опседнатите лица не се сметаат за винвни за злото кое се наоѓа во нив ,ниту се целосно одговорни за своите постапки.. Затоа, оние коишто го изведуваат овој ритал сметаат дека ова е повеќе како лекување одошто судбина .Повеќето ритуали обично се држат кон ова мислење,велејќи дека не е насилство да бидеш опседнат од виша сила,освен во случај на бесвесно насилство од лицето, тоа може да биде врзано за негова заштита како и заштита на егзорцистот[3].
Ислам
[уреди | уреди извор]Во Исламот, егзорцизамот се нарекува ruqya[4]. Се користи за да се поправи штетата предизвикана одsihr или вештерство. Се состои од рецитирање одредени стихови од Коранот кој го слават Бога (на пример The Throne Verse (арапски: آية الكرسي Ayatul Kursi), ), и се повикуваат на Божјата помош. Во некои случаи исто така се чита и adhan (повик за дневни молитви во исламот) со верување дека ова има ефект да ги брка неангелските суштества и виши сили.
Пророкот Мухамед им пренел на своите следбеници да ги читаат последните три сури од Коранот, Сура al-Ikhlas (Верабата), Сура al-Falaq(Зората) и Сура al-Nas (Човештвото)[5].
Јудаизам
[уреди | уреди извор]Јозеф кажува за два вида на егзорцизми: оние вршени со користење на отровни екстракти од корен и со принесување на жртви. . Се вели дека егзорцизмите биле извршувани од страна на религиозната група Есен(гранка на јудаизмот Свитоци на Мртвото Море во Кумарин).
Во поново време, Раби Јехуда Фетаја ја издал книгата Минчат Јахуда, во која пошироко го опишува егзорцизмот, неговото искуство со опседнати луѓе и други предмети на Еврејската мисла. Книгата е напишана на хебрејски и била преведена на англиски јазик.
Раби Герсон Винкер од Ново Мексико објаснува дека процедурата за Еврејскиот егзорцизам не само да го истера демонското од човекот туку и да му пружи еден начин на лекување.Еврејскиот егзорцизам е извршуван од страна на раби кој добро ја владее практиката на Кабалах.Исто така е присутен и минјан (група од десет возрасни машки лица),кои се редат во круг околу опседнатото лице. Групата го рецитира Псалм 91 трипати,и потоа раби дува во рог (рог од овен). Рогот на некој начин испушта разни звуци и тонови сè со цел да се ослободи опседнатото тело.Откако малку ќе се порази демонот раби почува да комуницира со него и да му поставува прашања од видот зошто го опседнал телото на опседнатиот човек.Минјаните можат да се молат и да изведуваат ритуал со цел да му помогнат на човекот да се чувствува безбедно,а со тоа и демонот да го напушти неговото тело.
Индиска религија
[уреди | уреди извор]Хиндуизам
[уреди | уреди извор]Верувањата и обичаите кои се однесуваат на практиката на егзорцизмот се видливо поврзани со Хиндусите.Од четирите Веди (светите книги на хиндуистите), Атарваведа вели дека содржи тајни поврзани со магијата и алхемијата[6] magic and alchemy.[7]. Основните средства за егзорцизам се mantra и yajna кои се користат како во ведската така и во Тантрската традиција . Традициите на Вашнава исто така, вклучуваат рецитирање на имињата на Нарасимха и читање на Светото Писмо, особено Бхагавата Пурана. Според Гита Махатмиа на Падма Пурана, читањето на 3, 7 и 8 глава од Бхагавад Гита им помага на опседнатите лица да бидат ослободени од ситуацијата на опседнатост од виша сила. Киртан, континуирано играње на матрите,чување текстови и слики од свети божества (Шива, Вишну, Брама, Шакти, итн.) (особено на Narasimha)во куќите, горење на тамјан за време на пуја, попрскување со вода од свети реки, кршење на кукички од полжави и потоа употребувани во пуја.Главниот извор на религиозни текстови поврзани со духовите и смртта е Гаруда Пурана[8]
Будизам
[уреди | уреди извор]Во будизмот, егзорцизмот постои во зависност од будистичката секта. Секоја секта се разликува од друга: некои го дефинираат како метафоричен, некои езотеричен, а некои дури и како дословен. Некои будисти од Тибет го дефинираат егзорцизмот како ништо повеќе од една метафора за прогонството на негативни мисли претворајќи ги во просдветлен ум. Некои будисти повеќе веруваат дека повеќе преку благослов одошто егзорцизам би се ослободиле себеси од негативни мисли и/или негативни духови.
Во Махајана Будизмот (или подобро тибетски Вајрајана будизам) злите духови се прилично разговоливи, и го претвораат опседнатото лице во нивни слуга, гневно заштувајќи ги духовите на Дарма.Тантра (основа (правило) на духовниа изработка) на егзорцизмот, во будизмот може да се идентификува со Вајрајана Тантра.
Научен поглед
[уреди | уреди извор]Демонската опседнатост не е валидна или психијатриска дијагноза призната од страна на оние кои тврдат дека веруваат во демонска опседнатост понекогаш се гледани со присуство на симптоми поврзани со ментални болести, како што се хистерија, манија, психоза, синдром на Турет, епилепсија, шизофренија или разединителено нарушување на идентитетот. Во случаи на разединителено нарушување на идентитетот во кој сменетата личност е прашувана да се единтификува, 29% се изјасниле дека се идентификуваат себеси како демони. Покрај тоа, постои еден вид на мономанија наречена демоманиа или демонопатија во која пациентот верува дека тој или таа е опседнат од еден или повеќе демони. Илузијата дека егзорцизамот работи на луѓето за да се справат со симптоми на поседување му се препишува на некој плацебо ефект и моќта на сугестија. Некои наводно опседнати лица се всушност нарцисти или страдаат од мала самодоверба и дејствуваат како " лица опседнати од демон "со цел да привлечат внимание. Прсихијатарот М Скот Пек истражувал егзорцизми и тврдел дека самиот тој извршил два. Тој заклучил дека христијанскиот концепт на опседнатост бил вистински феномен. Тој има дијагностички критериуми поинакви од оние што се користат од страна на Римокатоличката црква. Тој исто така тврдел дека видел разлики во постапките и текот на егзорцизмите. По неговите искуства, и како обид да го потврди неговото истражување тој се обидел но не успеа да ја придобие психијатриска заедница за да ја додаде дефиницијата на "злото" на ДСМ-IV. Иако претходното дело на Пек стекна голема популарност , неговата работа на темите на злото и опседнатост предизвикаа значајна дебата и потсмев. Тој многупати бил споредуван со (и восхит за) контроверзниот Малахија Мартин, католички свештеник и поранешен лицемер, и покрај фактот дека Пек постојано го нарекувал Мартин лажго и манипулант. Други критики упатени против Пек вклучуваат погрешни дијанози засновани врз недостатокот на знаење во врска со разединителено нарушување на идентитетот (претходно познат повеќе како растројство на личноста), во кои се вели дека тој ги прекршил границите на професионалната етика со обидот да ги убеди своите пациенти да го прифатат христијанството
Значајни егзорцизми
[уреди | уреди извор]- Салвадор Дали е познат по тоа што има извршено егзорцизам од италијански монах, Габриеле Марија Берарди, додека бил во Франција во 1947 година. Дали изгравирал скулптура на Христос на крстот што му го дал монахот како благодарност
- Аланис Микел била жена католик од Германија, на која и беше кажано дека била опседната од шест или повеќе демони и потоа во 1975 година и бил извршен егзорцизам. Две подвижни слики, за егзорцизмот на Емили Роуз и Реквием се делумно засновани на приказната на Аланис .Исто така постои и документарен филм егзорцизмот на Аланис Микел (на полски јазик, но исто така се достапни и преводи на англиски јазик) со оригинална аудио снимка од постапките на егзорцизамот.
- Џорџ Лукинс
- Едно момче идентификувано како Роби Манхајм, било предмет на егзорцизам во 1949 година, кој станал инспирација за хорор романот Егзорцистист и филмот напишан од Вилијам Питер Блати, кој слушнал за случајот, додека бил студент во на Универзитетот во Џорџтаун. Роби бил однесен во грижа на свештеникот ,Лутер Мајлс Шулце , лутерански пастор на момчето, откако психијатрите и лекарите не можеле да ги објаснат вознемирувачките настани поврзани со тинејџерот, тогаш министерот го доверил на свештеникот. Едвард Хјуз ,го извел Првиот егзорцизам на тинејџерот ,додека следните егзорцизми беа изведени од разни свештеници и егзорцисти.
- Клара Германа Сел
- Мајкл Тејлор
- Мајка Тереза наводно, била подложна на егзорцизам на постара возраст ,под раководство на архиепископот на Калкута.
- Јохан Блумхардит извршил егзорцизам на Готилебим Дитус за време од две години во Моринген, Германија од 1842-1844 година. Парохискиот свештеник Блумхардит потоа доживеал раст, кој тој му го припишува на успешниот егзорцизам
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jacobs, Louis (1999). „Exorcism“. A Concise Companion to the Jewish Religion. doi:10.1093/acref/9780192800886.001.0001. ISBN 9780192800886.
- ↑ Mohr, M. D., & Royal, K. D. (2012). "Investigating the Practice of Christian Exorcism and the Methods Used to Cast out Demons", Journal of Christian Ministry, 4, p. 35. Available at: http://journalofchristianministry.org/article/view/10287/7073 Архивирано на 11 јануари 2019 г..
- ↑ Malachi M. (1976) Hostage to the Devil: the possession and exorcism of five living Americans. San Francisco, Harpercollins p. 462 ISBN 0-06-065337-X
- ↑ Fahd, T., “Ruḳya”, in: Encyclopaedia of Islam, Second Edition, Edited by: P. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel, W.P. Heinrichs. Consulted online on 16 December 2019 <http://dx.doi.org/10.1163/1573-3912_islam_SIM_6333> First published online: 2012 First print edition: ISBN 9789004161214, 1960-2007
- ↑ Szombathy, Zoltan, “Exorcism”, in: Encyclopaedia of Islam, THREE, Edited by: Kate Fleet, Gudrun Krämer, Denis Matringe, John Nawas, Everett Rowson. Consulted online on 16 December 2019 <http://dx.doi.org/10.1163/1573-3912_ei3_COM_26268> First published online: 2014 First print edition: 9789004269637, 2014, 2014-4
- ↑ Usha Srivastava (2011). Encyclopaedia of Indian Medicines (3 Volume Set). Pinnacle Technology. стр. 5–6. ISBN 9781618202772.[мртва врска]
- ↑ Monier-Williams 1974, стр. 25–41
- ↑ Holly A. Hunt. Emotional Exorcism: Expelling the Four Psychological Demons That Make Us Backslide. ABC-CLIO. стр. 6.