Creedence Clearwater Revival
Creedence Clearwater Revival | |
---|---|
Creedence Clearwater Revival во 1968. Од лево на десно: Том Фогерти, Даг Клифорд, Стју Кук and Џон Фогерти | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | The Blue Velvets, Томи Фогерти и The Blue Velvets (1959–1964), Vision, The Golliwogs (1964–1967) |
Потекло | Калифорнија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи | Fantasy |
Поранешни членови | |
|
Creedence Clearwater Revival, или скратено CCR ― американска рок група која била многу популарна за време на своето постоење во 1967-1972 година. Групата е основана во Ел Серито, Калифорнија. Први членови биле фронтменот, главниот гитарист и нејзиниот текстописец Џон Фогерти; неговиот брат, ритам гитаристот Том Фогерти; басистот Стју Кук и тапанарот Даг Клифорд. Тие заедно свиреле од 1959 година, прво под името Blue Velvets, подоцна како Golliwogs, и од 1967 како Creedence Clearwater Revival.[1] Најплоден и најуспешен период за групата бил од 1969 до 1971 година кога имале четиринаесет последователни песни кои се пласилале на топ 10 и пет последователни албуми во топ 10 листата во САД. Два албума, Green River (1969) и Cosmo's Factory (1970) се искачиле на врвот на топ листата. Групата. во 1969 година учествувала на фестивалот Вудсток во Њујорк, и била прв популарен изведувач кој се согласил да се појави таму. [2]
CCR се распаднала кон крајот на 1972 година по жестоки караници меѓу членовите. Том Фогерти ја напуштил групата претходната година, а Џон се расправал со останатите членови за финансиите и за авторски права. Сето тоа резултирало со тужби меѓу поранешните членови од групата. Несогласувањата на Фогерти со сопственикот на Fantasy Records, Саул Заенц, завршиле на суд и Џон Фогерти одбил заедно да настапи со другите двајца преживеани членови од групата за време на приемот на Creedence во Куќата на славните од рокенролот во 1993 година.[3] Иако официјално групата никогаш не се обединила, Џон Фогерти продолжил да пее песни од CCR за време на неговите солистички концерти, а Кук и Клифорд од 1990-тите настапуваат под името Creedence Clearwater Revisited.
CCR само во САД продале 28 милиони плочи.[4] Компилацискиот албум Chronicle: The 20 Greatest Hits, објавен за прв пат во 1976 година, сè уште се наоѓа на листата на албуми на Билборд 200 и во август 2022 година ја надминал границата од 600 недели. Има 10 пати платинест тираж.[5] Списанието Ролинг Стоун ги ставил на 82 место на нивната листа од 100 најголеми уметници од 2010.[6]
Наследство
[уреди | уреди извор]Ролинг Стоун ги рангирал CCR на 82-то место на својата листа на 100 најдобри уметници на сите времиња.[7] Во 2003 година, на листата од 500 најдобри албуми на сите времиња од списанието Ролинг Стоун се нашле Green River на 95-то место, [8] Cosmo's Factory на 265-то, [9] и Willy and the Poor Boys на 392-ро место.[10] Во 2004 година, на листата на 500 најдобри песни на сите времиња, Ролинг Стоун ги ставил песните „Fortunate Son“ на 99-то место, „Proud Mary“ на 155-то место, „Who'll Stop the Rain“ на 188-то место и „ Bad Moon Rising“ на 355-то место.
Според Acclaimed Music, тие се 61-от најпопуларен изведувач во историјата на популарната музика.[11]
Националниот регистар за записи при Конгресната библиотека на својот список во 2013 година ја додала песната „Fortunate Son“ како „културно, историски или естетски важна“.[12]
„Fortunate Son“, „<i>Proud Mary</i>“ и „Cosmo's Factory“ се примени во Гремиевата куќа на славните.[13] „Proud Mary“ е рангирана на 39-то место на листата „100 најдобри рок песни“ на VH1.[14] „Bad Moon Rising“ е рангирана на 363-то место на листата „500 најдобри песни на сите времиња“ од NME.[15]
Членови
[уреди | уреди извор]- Даг Клифорд – тапани, перкусии, придружен и повремено прв вокал (1959–1972)
- Сту Кук – бас гитара, придружен и повремено прв вокал, клавијатури (1959–1972)
- Џон Фогерти – прв вокал, главна гитара, клавијатури, хармоника, саксофон (1959–1972)
- Том Фогерти – ритам гитара, придружен и прв вокал (1959–1971; починал во 1990 година)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- „Creedence Clearwater Revival“ (1968)
- „Bayou Country“ (1969)
- „Green River“ (1969)
- „Willy and the Poor Boys“ (1969)
- „Cosmo's Factory“ (1970)
- „Pendulum“ (1970)
- „Mardi Gras“ (1972)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Cavanagh, David (July 18, 2014). „Creedence Clearwater Revival – the full story, by John Fogerty, Stu Cook and Doug Clifford“. Uncut. Посетено на March 27, 2018.
- ↑ „Woodstock“. history.com. History.com Editors. Посетено на 24 March 2021.
- ↑ „Creedence Clearwater Revival“. Rockhall.com. Посетено на March 2, 2010.
- ↑ „Gold & Platinum“. RIAA. Посетено на January 7, 2019.
- ↑ „Gold & Platinum“. riaa.com. Посетено на 24 March 2021.
- ↑ Stone, Rolling (2010-12-03). „100 Greatest Artists“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2023-04-14.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Green River ranked no. 95“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на September 2, 2011. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Cosmo's Factory ranked no. 265“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на September 2, 2011. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „Willy and the Poor Boys ranked no. 392“. Rolling Stone. May 31, 2009. Архивирано од изворникот на September 2, 2011. Посетено на October 25, 2021.
- ↑ „CCR ranked 61st most celebrated artist“. Acclaimed Music. Посетено на 25 October 2021.
- ↑ „National Recording Registry“. Library of Congress. Посетено на 25 October 2021.
- ↑ „Grammy Hall of Fame List“. Grammys. October 18, 2010. Посетено на 25 October 2021.
- ↑ „VH1: 100 Greatest Rock Songs“. VH1. Посетено на 25 October 2021.
- ↑ „NME 500 Greatest Songs List“. NME. February 11, 2014. Посетено на 25 October 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Creedence Clearwater Повторно посетена официјална страница
- Creedence Clearwater Revival, шоуто на Ед Саливан
- </img>
- Creedence Clearwater Revival во WorldMusicDatabase
- Creedence Clearwater Revival на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Интервјуа со поп хроникли #41 - Џон Фогерти и Криденс Клирвотер Ревивал
- Creedence Clearwater Revival - Историја
|