Прејди на содржината

The Great Atlantic and Pacific Tea Company

Од Википедија — слободната енциклопедија

The Great Atlantic and Pacific Tea Company (превод од англиски: Големата компанија за чај Атлантик и Пацифик), попозната како A&P (А и П), е синџир супермаркети во САД. Компанијата е основана во 1859 како The Great American Tea Company (Големата Американска компанија за чај) од Џорџ Хантингтон Хартфорд и Џорџ Гилман. Била преименувана во „The Great Atlantic and Pacific Tea Company“ во 1870, и до 1876 имала 67 продавници, кои се зголемиле до 1000 во 1915. Во 20-тите и 30-тите, компанијата доминирала на американскиот малопродажен пазар. Во 30-тите A&P оперирала со приближно 16,000 продавници со комбиниран приход од 1 милијарда долари. Притисокот што го вршела кон добавувачите довела до донесување на повеќе закони против грабливи цени, од страна на Конгресот.

Денеска, компанијата не е меѓу најголемите малопродавачи во САД, но сѐ уште оперира со 630 продавници, 427 продавници преку единицата A&P US (А и П САД) во 9 држави во САД (Конектикат, Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер, Мериленд, Луизијана, Мисисипи, Мичиген) и во Дистриктот Колумбија. Компанијата, која котира на Њујоршката берза, има годишен обем на продажба од околу 11 милијарди долари и вработува приближно 43,000 работници. Нејзиното седиште во САД е сместено во Монтвејл, Њу Џерси. A & P оперира со 10 други малопродажни брендови покрај A&P, кои вклучуваат конвенционални супермаркети, продавници за храна и лекови, и дисконти.

Моментално, извршен претседател е Кристијан В.Е. Хауб, член на фамилијата што ја поседува Групата Тенгелман од Германија. Групата Тенгелман го купи мнозинскиот пакет акции во A&P во 1979.

Компанијата порано оперирала со 237 продавници преку единицата A&P Canada (А и П Канада) во канадската провинција Онтарио. На 15 август, 2005 оваа компанија ги продала канадските продавници на Metro Inc., канадски синџир на малопродажни маркети со седиште во Монтреал.

pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy