Прејди на содржината

Wayback Machine

Од Википедија — слободната енциклопедија
Wayback Machine
Екранска снимка
Почетна страница на Wayback Machine во ноември 2015 г.
Вид место
архив
Опслужувано подрачјецел свет (освен Кина и Русија)
СопственикСемрежен архив
Адресаweb.archive.org Уредете го ова на Википодатоците
Место на Алекса 167 (јануари 2020)[1]
Зачленувањенезадолжително
Пуштено24 октомври 2001[2][3]
Тековна состојбаактивно
Програмски јазикЈава, Пајтон

Wayback Machine (изг. Вејбек машин, македонски: Навраќачка машина) — цифрен архив на светската пајажина создаден од Семрежниот архив (Internet Archive), кој е непрофитна организација во Сан Франциско, САД. Им овозможува на корисниците да се „вратат во времето“ за да видат како изгледале мрежните места во минатото. Неговите творци, Брустер Кејл и Брус Гилијат, го разработиле проекот со намера да овозможат „сеопшт пристап до сето знаење“ запазувајќи архивирани примероци на стари верзии или веќе непостоечки страници.

Сметајќи од неговото пуштање во 2001 г. во архивот се ставени 452 милијарди страници. Ова покренало и прашања во врска со тоа дали чувањето на примероци од страници без одобрение од сопственикот претставува нарушување на авторските права во извесни држави.

Историја

[уреди | уреди извор]

Основачите на Семрежниот архив го пуштиле Wayback Machine во 2001 г. со намера да го решат проблемот на содржините кои исчезнуваат секогаш кога некоја страница ќе се измени или затвори.[4] Службата им овозможува на корисниците да гледаат архивирани верзии на мрежни страници со текот на времето, кои архивот ги нарекува „тридимензионален индекс“.[5] Кејл и Гилијат работеле со надеж да го архивираат сето семрежје, и со тоа секому да му овозможат пристап до сето знаење содржано во сите страници објавени во неговата историја[6]

Името Wayback Machine потекнува од „WABAC“ (изг. вејбек) — времепловна направа која ја користат ликовите Г-дин Пибоди и Шерман во цртаниот филм Шоуто на Роки и Булвинкл[7][8] со цел да учествуваат во настани во минатото и да влијаат врз важни историски настани.

Wayback Machine почнала со архивирање на меѓускладирани (кеширани) мрежни страници во 1996 г., со намера услугата да стане достапна за јавноста пет години подоцна.[9] Од 1996 до 2001 г. информациите се чувале на дигитална лента. Кејл повремено им дозволувал на истражувачите да ја користат оваа гломазна база на податоци.[10] На својата петгодишнина во 2001 г. архивата е отворена за јавноста на свеченост приредена во Калифорнискиот универзитет во Беркли.[11] Во времето на нејзиното пуштање, архивата веќе содржела 10 милијарди архивирани страници.[12]

Денес податоците се сместени во големиот грст јазли на Линукс во Семрежниот архив.[6] Повремено се навраќа во архивите и прави нови верзии на мрежните места.[13] Примероците можат да се прават и рачно со внесување на URL-адресата на страницата во пребарувачот, под услов мрежното место да му допушта на ползачот на Wayback Machine да ги зачувува неговите податоци.[9]

Технички поединости

[уреди | уреди извор]

Програмската опрема е предвидена да „ползи“ по семрежјето и да ги презема сите јавно достапни страници од светската пајажина, чиноследот на Гофер, билтенот на Нетњуз (Јузнет) и преземливата програмска опрема.[14] Насобраното од ползачите не ги опфаќаат сите информации што постојат на семрежјето, бидејќи многу од нив се заштитени од издавачите или се складирани во недостапни бази. За да надминат недоследностите во делумно меѓускладирани страници, во 2005 г. организацијата го разработила Archive-It.org како начин да им се дозволи на установите и творците на содржини доброволно да собираат и запазуваат збирки од дигитални содржини, и со тоа да создаваат дигитални архиви.[15]

Зачуваните верзии доаѓаат како придонес од разни извори, некои преземени од трети лица, а други создадени внатре во самата архива.[13] На пример, оние доставени од Слоуновата задолжбина и Алекса се собираат со ползачи кои работат во име на Националната управа за архиви и записи (NARA) и Задолжбината за семрежно помнење (Internet Memory Foundation), што се одразени од Комон крол (Common Crawl).[13] The "Worldwide Web Crawls" have been running since 2010 and capture the global Web.[13][16]

Честотата на зачувување на примероци зависи од мрежното место.[13] и степенот на неговото учество.[13] Ползењето може трае со месеци, па дури и со години, зависно од големината.[13] Меѓутоа, напати се користат повеќе ползачи истовремено, а некои страници се водат на повеќе од еден список за ползење, поради што честотата на ползење во голема мера се разликува од едно до друго место.[13]

Од октомври 2019 г. корисниците се ограничени на 5 архивски побарувања во минута.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Archive.org Traffic, Demographics and Competitors - Alexa“. alexa.com. Архивирано од изворникот на 2020-05-18. Посетено на 2020-01-14.
  2. „WayBackMachine.org WHOIS, DNS, & Domain Info – DomainTools“. WHOIS. Посетено на March 13, 2016.
  3. „InternetArchive.org WHOIS, DNS, & Domain Info – DomainTools“. WHOIS. Посетено на March 13, 2016.
  4. Notess, Greg R. (March–April 2002). „The Wayback Machine: The Web's Archive“. Online. 26: 59–61 – преку EBSCOhost.
  5. „The Wayback Machine“, Frequently Asked Questions, Архивирано од изворникот на September 18, 2018, Посетено на September 18, 2018
  6. 6,0 6,1 „20,000 Hard Drives on a Mission | Internet Archive Blogs“. blog.archive.org. Архивирано од изворникот на October 20, 2018. Посетено на October 15, 2018.
  7. Green, Heather (February 28, 2002). „A Library as Big as the World“. BusinessWeek. Архивирано од изворникот на December 20, 2011.
  8. Tong, Judy (September 8, 2002). „Responsible Party – Brewster Kahle; A Library Of the Web, On the Web“. New York Times. Архивирано од изворникот на February 20, 2011. Посетено на August 15, 2011.
  9. 9,0 9,1 „Internet Archive: Wayback Machine“. archive.org. Архивирано од изворникот на January 3, 2014. Посетено на October 15, 2018.
  10. Cook, John (November 1, 2001). „Web site takes you way back in Internet history“. Seattle Post-Intelligencer. Архивирано од изворникот на August 12, 2014. Посетено на August 15, 2011.
  11. „Wayback Goes Way Back on Web“. Wired. October 28, 2001. Архивирано од изворникот на October 16, 2017. Посетено на October 16, 2017.
  12. Arora, Sanjay K.; Li, Yin; Youtie, Jan; Shapira, Philip (May 5, 2015). „Using the wayback machine to mine websites in the social sciences: A methodological resource“. Journal of the Association for Information Science and Technology. 67 (8): 1904–1915. doi:10.1002/asi.23503. ISSN 2330-1635.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 Kalev Leetaru (January 28, 2016). „The Internet Archive Turns 20: A Behind the Scenes Look at Archiving the Web“. Forbes. Архивирано од изворникот на October 16, 2017. Посетено на October 16, 2017.
  14. Kahle, Brewster. „Archiving the Internet“. Scientific American – March 1997 Issue. Архивирано од изворникот на April 3, 2012. Посетено на August 19, 2011.
  15. Jeff Kaplan (October 27, 2014). „Archive-It: Crawling the Web Together“. Internet Archive Blogs. Архивирано од изворникот на October 12, 2017. Посетено на October 16, 2017.
  16. „Worldwide Web Crawls“. Internet Archive. Архивирано од изворникот на October 19, 2017. Посетено на October 16, 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy