Прејди на содржината

Банту-народи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Банту — група народи во Јужна, Централна и Источна Африка. Говорат разни јазици од групата на банту-јазиците.

Особености

[уреди | уреди извор]

Банту-народите претставуваат смеса од повеќе од 220 племиња, како: Свахили, Кикуију, Акамба, Зулу, Коса, Басумбва, Ватузи и други, кои ја населуваат територијата јужно од 5. степен северна географска ширина (Кенија, Уганда, Тангањика, Њаса, Зимбабве итн.). Инаку, зборот „Банту“ значи „луѓе“. Поради големата територија која ја населува, оваа етничка група не се оформила како компактен народ, но одделните племиња ги поврзувале сличностите во јазикот. Иако племињата од етничката група Банту зборуваат над 180 посебни јазици, сепак меѓу нив постои голема сличност. Така, сите зборови се распоредени по категории (луѓе, животни, предмети, растенија итн.) и секоја категорија има посебна претставка. Исто така, со претставката се означуваат еднината, множината и времето, додека наставките ги означуваат глаголските начини. Притоа, основната претставка се повторува во целиот синтаксички комплекс. На пример, „кити“ значи стол, додека „кити киле кимеангука“ значи: столот падна. Се смета дека денешните Банту-народи потекнуваат од заедничките предци кои живееле во северниот басен на реката Конго и дека со текот на времето биле принудени да се селат на југ. Различните географски и климатски услови придонеле да се развијат разлики во начинот на живеење кај овие народи. Така, Западните Банту-народи се занимавале претежно со земјоделство, а источните и Јужните Банту-народи се занимавале со сточарство и применувале посовршени методи на обработување на земјата, т.е. го познавале наводнувањето, па дури и исушувањето на мочуриштата.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Даница Јакшић, „Легенда о Лионго Фумо - израз племенитих стремљења“, во: Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 187-188.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy