Бен Бернанке
Бен С. Бернанке (англиски: Ben S. Bernanke) – американски економист и добитник на Нобеловата награда за економија (2022).
Образование и кариера
[уреди | уреди извор]Бернанке дипломирал на Универзитетот Харвард, во 1975 година, а во 1979 година докторирал на Масачусетскиот институт за технологија (М.И.Т.). Од 1979 до 1983 година работел како доцент на Stanford Graduate School of Business, а потоа, во периодот 1983-1985 година, продолжил да работи како вонреден професор. Од 1985 до 2002 година бил редовен професор на Универзитетот Принстон. Во 2002 година, Бернанке ја напуштил академската работа и станал член на Одборот на Фердералните резерви (Federal Reserve Board), а на таа функција работел до 2005 година. Во периодот 2005-2006 година бил претседавач на Советот на економските советници (Council of Economic Advisers) на претседателот на САД, а потоа, во периодот 2006-2014 година бил претседател на ФЕД.[1]
Поважни публикации
[уреди | уреди извор]Бернанке објавил повеќе трудови во престижните економски списанија, како:[1]
- “Non-monetary of financial crises in the propagation of the Great Depression”, American Economic Review (1983)
- “Employment, hours, and earnings in the Depression: An analysis of eight manufacturing industries”, American Economic Review (1986)
- “Financial fragility and economic performance” (со Mark Gertler), Quarterly Journal of Economics (1990)
- “The federal funds rate and the channels of monetary transmission” (со Alan S. Blinder), American Economic Review (1992)
- “Inside the black box: The credit channel of monetary policy transmission” (со Mark Gertler), Journal of Economic Perspectives (1995)
- “The macroeconomics of the Great Depression: A comparative approach”, Journal of money, credit and banking (1995)
- “The financial accelerator and the flight to quality” (со Mark Gertler и со Simon Gilchrist), Review of Economics & Statistics (1996)
- “Inflation targeting: A new framework for monetary policy?” (со Frederic S. Mishkin), Journal of Economic Perspectives (1997)
- “Monetary policy in a data-rich environment” (со Jean Boivin), Journal of Monetary Economics (2003)
- “Measuring the effects of monetary policy: A factor-augmented vector autoregressive (FAVAR) approach” (со Jean Boivin и со Piotr S. Eliasz), Quarterly Journal of Economics (2005)
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Бернанке извршувал низа престижни функции, како:[1]
- Национален соработник на Хуверовиот институт (Hoover Institution), 1982-1983
- Уредник на списанието „American Economic Review“, 2001-2003
- Член на Економетриското друштво (Econometric Society), од 1997
- Член на Американската академија на уметностите и науките (American Academy of Arts and Sciences), од 2001
- Соуредник на NBER Macroeconomics Annual, 1994-2001
- Директор на Програмата за монетарна економија на НБЕР, 2000-2002
- Директор на Бендхајмовиот центар за финансии при Универзитетот Принстон, 1997-1998
- Раководител на департман при Универзитетот Принстон, 1996-2002
- Нобелова награда за економија, 2022
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
- Американски економисти
- Апсолвенти на Харвард
- Американски Евреи
- Добитници на Нобеловата награда за економија
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Американски нобеловци
- Еврејски нобеловци
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Американското филозофско друштво
- Родени во 1953 година