3 август
Изглед
3 август — 215-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (216-и во престапна година). Остануваат 150 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
Настани:
1492 | Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка. |
1909 | Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов. |
1914 | Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција. |
1936 | Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф. |
1949 | Кошаркарската асоцијација на САД го добива името Националната кошаркарска асоцијација (НБА). |
1960 | Нигер се стекнува со независност од Франција. |
2002 | Турција ја укинува смртната казна |
2013 | Хасан Рухани доаѓа на функцијата претседател на Иран |
Родени:
1832 | Иван Зајц — хрватски композитор. |
1882 | Алојз Градник — словенечки поет. |
1916 | Хосе Мануел Морено — аргентински фудбалер. |
1926 | Тони Бенет — американски пејач. |
1940 | Роско Мичел — американски џез-музичар. |
1940 | Мартин Шин — американски глумец. |
1952 | Освалдо Ардилес — аргентински фудбалер. |
1959 | Коичи Танака — јапонски хемичар, добитник на Нобеловата награда. |
1963 | Џејмс Хетфилд — американски рок-музичар, член на групата „Металика“ (Metallica). |
1975 | Феликс Брих — германски фудбалски судија. |
1979 | Еванџелин Лили — канадска глумица. |
1982 | Виктор Хрјапа — руски кошаркар. |
1983 | Камерон Вурф — австралиски велосипедист. |
1983 | Чезаре Бенедети — италијански велосипедист. |
1984 | Рајан Лохти — американски пливач. |
1986 | Дарја Домрачева — белоруска биатлонка. |
1989 | Сем Хачинсон — англиски фудбалер. |
1994 | Корентан Толисо — француски фудбалер. |
1994 | Емерсон Палмиери — италијански фудбалер. |
1995 | Иљја Власов — руски одбојкар. |
Починале:
1857 | Ежен Си — француски писател. |
1902 | Лазар Москов — македонски револуционер. |
1924 | Џозеф Конрад — британски писател со полско потекло, автор на „Срце на темнината“. |
1979 | Бертил Олин — шведски економист и политичар. |
1995 | Ида Лупино — англиско-американска глумица, режисерка и продуцентка. |