Прејди на содржината

Нигер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Нигер
République du Niger  (француски)
Знаме Грб
ГеслоFraternité, Travail, Progrès  (француски)
„Братство, работа, прогрес“
ХимнаLa Nigérienne

Локација на Нигер (темно зелена)
Локација на Нигер (темно зелена)
Локација на Нигер (темно зелена)
Главен град
(и најголем)
Нијамеј
13°32′N 2°05′E / 13.533° СГШ; 2.083° ИГД / 13.533; 2.083
Службен јазик француски
Национални јазици хауса
фулански
гурманчиски
канурски
зармански
туарешки
Демоним Нигерец
Уредување унитарна република под воена диктатура
 •  Претседател на CNSP Абдурахамане Тчиани
 •  Премиер Али Ламине Зеин
 •  Потпретседател на CNSP Салифо Моди
Законодавство Национален совет за заштита на татковината
Независност од Франција 
 •  Прогласена република 18 декември 1958 
 •  Прогласена независност 3 август 1960 
 •  Државен удар 26 јули 2023 
Површина
 •  Вкупна 1.267.000 км2 (21.)
 •  Вода (%) 0.02
Население
 •  проценка за 2024 г. 26,994,011[1] (55та)
 •  Густина 13.1 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен $40.2 милј.[2] 
 •  По жител $1.279[2] 
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $15.548 милј.[2] 
 •  По жител $595[2] 
Џиниев коеф. (2014)34.0
среден
ИЧР (2024)0.421[3]
низок
Валута ЦАФ франк (XOF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
Се вози на десно[4]
НДД .ne
Повик. бр. +227

Нигер (официјално: Република Нигер француски: République du Niger) — независна држава во Западна Африка[5]. Името на државата потекнува од името на реката Нигер. Нигер се граничи со Нигерија и Бенин на југ, со Буркина Фасо и Мали на запад, со Алжир и Либија на север и Чад на исток. Нигер има вкупна површина од 1,267,000 км2 и со тоа државата е една од најголемите во Северна и Западна Африка. 80 % од територијата на државата е пустина, односно Сахара. Нигер е дом на приближно 15 милиони жители, кои се воглавно населени во јужните и западните предели на земјата. Најголем град во Нигер е Нијамеј, кој воедно е и главен град на Републиката. Над 90% од населението се Муслимани, а службен јазик е францускиот.

Нигер се смета за земја во развој, и постојано се рангира како земја со најнизок Индекс за човеков равој, па така во 2011 била на 186 место од 187 земји. Поголем дел од непустинскиот дел на земјата подлегнува на периодична суша и опустошување. Економијата на земјата се заснова на земјоделството и извоз на некои земјоделски култури, како и извор на сурови минерали како што е ураниумот. Нигер се соочува со голем број проблеми и тоа придонесува за слаб економски пораст, а најмногу поради немање излез на море, големиот процент на пустина, слабото образование, сиромаштијата, недостатокот на инфраструктура, слабиот здравствен систем и уништувањето на средината.

Нигерското општество е испреплетено од различните култури и народи кои живеат во регионот, како и од поголемиот број историски држави. На територијата на Нигер имало неколку големи империи во минатото. Од независноста од Франција, Нигерците живееле под пет различни устави и три периоди доминирани од воени диктаторства. По воениот удар од 2010 година, Нигер се преобразил во демократска и повеќепартиска држава. Поголемиот дел од населението живее во рурални средини со слаб пристап до образовниот процес.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името на државата потекнува од името на реката Нигер. Официјално државата се вика „Република Нигер“. За името „Нигер“ денес се верува дека потекнува од латинскиот збор „niger“ што значи „црно“. Сепак за името нема точно утврдена етомологија. По реката е именувана и државата Нигерија. Народот од Нигер се вика Нигерци, а од Нигерија Нигеријци.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во древно време, територијата на денешен Нигер биле покриени со плодородни рамнини. На овие простори постоеле древни култури, чие главно занимање им било земјоделството и сточарството. На овие простори постојат цртежи кои датираат од пред 12.000 години. Според УНЕСКО, обработката на железо на овие простори започнале во околу 1500 п.н.е.[6] Најголемата држава која постоела на овие простори во антиката било Царство Сонгхај. По неговото пропаѓање кон крајот на 16 век, овде започнале да се формираат сојузи помеѓу локалните племиња. Првиот европски истражувач на овие земји бил Манго Парк, кој ја истражувал Сахара барајќи го изворот на река Нигер, кон 1900 година пристигнале француските колонизатори, а од 1922 година Нигер станал француска колонија, како дел од Француска Западна Африка. По реформите во земјата, во 1965 година се одржале избори во земјата на кои победила прогресивната партија. Независноста на земјата била објавена на 3 август 1960 година.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Карта на Нигер.

Нигер е држава без излез на море во Северна или Западна Африка. Државата се наоѓа во пограничниот регион на Сахара и Потсахарска Африка. Вкупната површина на државата е 1.267.000 км2, од кои 300 км2 се вода. Според површината, Нигер е 22 најголема држава во светот, веднаш зад Чад. За споредба, Нигер е двојно поголема од сојузната американска држава Тексас. Главен град на државата е Нијамеј и во државата живеат околу 15 милиони жители.

Нигер се граничи со седум држави и има вкупен периметар од 5.697 километри. Најдолгата нигерска граница е со Нигерија на југ (1.497 км). По таа е границата со Чад на исток (1.175 км), Алжир на северозапад (956 км) и Мали (821 км). Покрај со овие, Нигер граничи и со Буркина Фасо на југозапад (628 км), со Бенин (266 км) и со Либија на североисток (354 км). Најниска точка во државата е реката Нигер со надморска височина од 200 метри. Највисока точка е планината Идукал-н-Тагес со 2022 метри надморска височина.Во Нигер доминираат два географски региона: Сахара на север и плодните потсахарски региони на југ.

Климата во Нигер е суптропска, што е карактеризирано со многу топли и суви денови. Како резултат на климата, најголем дел од државата е пустинска. Во најјужните предели има тропска клима, во басенот на реката Нигер.

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Претседателот на Нигер - Мамаду Танџа.
Политика

Новиот устав на Нигер бил усвоен во јули 1999 година. Со новиот устав, Нигер повторно станала полупретседателска република. Претседателот на републиката има мандат од пет години, а премиерот е именуван од претседателот. Како резултат на зголеменото население на државата, собранието на Нигер било зголемено во 2004 година, па така, Нигер има 113 пратеници избрани за мандат од пет години. Политичките партии мора да имаат најмалку 5% од гласовите за да се стекнат со пратенички мандат. Со новиот устав во државата се вовеле и општински (и регионални) избори, со кои се избираат локалните власти. Во јули 2004 година се одржале првите успешни локални избори. Ова е дел од децентрализацијата на Нигер.

Надворешни односи

Нигер има средно развиена надворешна политика и одржува пријатески односи со Западот и исламскиот свет, но и со неврзани држави. Нигер е член на ООН, а одржува и пријателски односи со поранешната колонијална сила, Франција, и има пријателски односи со останатите француски колонии од Западна Африка.

Нигер е исто така членна Африканската Унија и Западноафриканскиот монетарен сојуз, како и во останати регионални заедници. Нигер имал спор со Бенин за границата, но во 2005 година бил решен во корист на Нигер.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Регионите на Нигер.

Нигер е поделен на 7 региони и округ на главниот град. Регионите се поделени на 36 департмани. Департманите се поделени на комуни од различен вид. Според состојбата од 2006, Нигер има 265 комуни, кои се поделени на урбани комуни (градовите), рурални комуни (слабо населени места) и административни комуни (ненаселени места). Руралните комуни имаат официјални административни центри, додека урбаните комуни се поделени на квартови. Административните единици на Нигер биле преименувани во 2002 година, како дел од процесот на децентрализација. Претходно Нигер бил поделен на7 департмани и 36 ародисмани и комуни. Порано водачите на регионите и комуните биле назначени од владата, а денес по пат на избори.

Регионите и главниот град се:

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Извозот на Нигер во 2019

Економијата на Нигер се сконцентрира на одгледување растенија, говеда и трговија со ураниум. Сушните периоди, опустошувањето, природниот пораст од 2.9% и намалената побарувачка на ураниум ја оштетиле економијата на државата. Државата исто така се заснова на внатрешните пазари и внатрешната трговија. Во последните децении Нигер се класифицира на дното на списокот на држави според Индексот на човековиот развој, БДП и приход по глава на жител. Државата се заснова на финансиска помош од држави и организации. Проспектот на државата во последните години се гледа во ослободувањето на долгот од странана Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Официјална валута на Нигер е западноафриканскиот ЦФА франк, заедничка валута на некои западноафрикански републики.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Население

Една половина од населението на државата се Хаузи[7], кои се подоминантни и во Нигерија, и Зармани/Сонгајци, кои се подоминантни и во Мали. Двата народа, зардно со Гурманците, се земјоделци кои живеат во обработливиот и плоден јужен регион на земјата. Остатокот од Нигерците се номадски или полуномадски сточарски народи, како што се Фуланите, Туарезите, Канурите, Арапите и Тубуанците и сите овие сочинуваат околу 20% од населението.[8] Со зголемувањето на населението и обидот за поседување на плодните земјишта, нетрпеливоста меѓу народите се зголемила во последните години.[9] Според едно нигерско истражување, повеќе од 800.000 луѓе се робови, што е 8% од вкупното население.[10][11][12]

Религија

Најголема религија во Нигер е Исламот. Исламот во Северна Африка започнал да се шири во 10 век. Меѓу 80% и 98% од населението се Муслимани. Во државата има мал број на Анимисти и Христијани. Христијаните се појавиле за време на колонијалниот период.

Верници во Нигер
Муслимани
  
98,40 %
Христијани
  
0,80 %
Без Религија
  
0,70 %
Училница во Нигер.

Образование

[уреди | уреди извор]

Степенот на писменост во Нигер е еден од најмалите во светот. Според податоците од 2005 година, само 28.7% од населението се писмени[13] Основното образование во Нигер е задолжително и тоа трае шест години.[14] Степенот на запишување деца во основното образование е мал, особено за девојчиња[14] Во 1997 просекот на запишани деца бил 29.3% од вкупниот број, а во 1996 24.5%.[14] Околу 60% од децата кои одат на училиште се момчиња.[14] Децата често се тераат на физичка работа.[14]

Здравство

[уреди | уреди извор]

Нигер има висок степен на морталитет и е сличен со околните држави. Сепак, морталитетот на новороденчиња е висок, односно 248 на 1000 деца. Високиот морталитет е како резултат на сиромаштијата и немањето услови за лечење на болести. Според организацијата „Зачувајте ги децата“, Нигер е на првото место според морталитет на новороденчиња.[15] Исто така Нигер е на 11 место според морталитетот на новородилките.[16] Сепак државата има висок степен на плодност, 7.52 раѓања по жена за 2012[17].

  1. INS Niger (француски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Niger“. International Monetary Fund. Посетено на 20 April 2012.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. Which side of the road do they drive on? Brian Lucas. August 2005. Retrieved 28 January 2009.
  5. Според други класификации, државата е дел од Западна Африка.
  6. Обработка на метали во Африка - УНЕСКО
  7. Kingfisher Geography Encyclopedia. ISBN 1-85613-582-9. Page 168
  8. Niger way of life 'under threat', BBC News, 16 August 2005.
  9. "Niger starts mass Arab expulsions", BBC News, 26 October 2006.
  10. "The Shackles of Slavery in Niger". ABC News. 3 June 2005.
  11. "Born to be a slave in Niger". BBC News. 11 February 2005.
  12. „BBC World Service | Slavery Today“. BBC. Посетено на 3 May 2010.
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-06-08. Посетено на 2009-05-21.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 "Niger" Архивирано на 5 декември 2008 г.. 2001 Findings on the Worst Forms of Child Labor. Bureau of International Labor Affairs, U.S. Department of Labor (2002). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  15. Green, Jeff (10 May 2006). „U.S. has second worst newborn death rate in modern world, report says“. CNN. Посетено на 3 May 2010.
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-04-26. Посетено на 2012-08-23.
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2012-08-23.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy