Content-Length: 231011 | pFad | https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%BD

Соломон — Википедија Прејди на содржината

Соломон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соломон
שְׁלֹמֹה
Крал на Израел
Крал Соломон на старост (1866)
Гистав Доре
На престол971 - 931 п.н.е.
ПретходникДавид
НаследникРовоам
ДецаРовоам
ДинастијаДавидова лоза
ТаткоДавид
МајкаВирсавија

Соломон (хебрејски: שְׁלֹמֹה) — последниот од трите цареви на Израелско-јудејското Царство, кое го наследил од својот татко Давид.[1] Соломон е всушност, според Библијата, вториот син на Давид и Вирсавија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во Библијата, пророкот Натан му соопштува на Давид дека е Божја желба неговиот прв роден син да умре како казна за убиството на Уриј Хитита. По еднонеделниот пост и молитва, Давид ја добил веста дека неговиот син е мртов и дека е роден нов син, Соломон.

Со своето царство тој управува во средината на 10 век пр.н.е. Името Соломон (Шломо) значи „мирољубив“, а доаѓа од хебрејскиот збор „Шеломох“ (арапски: „Сулејман“). Името коe му било дадено на Соломон од бог е (што значи „од Бога љубен“) па така некои истражувачи сметаат дека е Соломон „кралско име“, кое му е доделено пред самата смрт или пред доаѓањето на престол на самиот Соломон. Името на Соломон се поврзува со периодот на владеење на мирот во Израел за време на неговото владеење. Во времето на Соломон, Древен Израел станува една од најголемата воена сила, при што ги присоединува соседните области од долината на Еуфрат до границите на Египет. Државата, создадена од него, се распаѓа малку по неговата смрт.

Лука Џордано: Сонот на Соломон: Господ му ветува мудрост на Соломон

Голем дел од гледиштата за Соломон се од Библијата, при што малку подоцна се заклучува дека некои од книгите во Библијата се токму на („Проповедник“ и „Песна над песните“). Во Библијата, Соломон е опишан како голем мудрец, богатство и моќ, но во исто време е обвинуван за толерантноста кон многубројните жени, кои јудаизмот го примале вера.

За време на неговото владеење, Израел доживеал голем економски подем. Со Египет и Арабија постоеле копнени односи а со Шпанија, Јужна Индија и некои области од Африка- морски. Соломон управувал со Ерусалим и бил првиот цар, кој решил да се изгради храм во градот.[1] Соломон е бил човек кој се одликувал по своите мудри изреки. Така, од многу земји од целиот свет доаѓале многу народ сè со цел да ги слушнат изреките на Соломон. Тоа го сторила кралицата Македа од Шиба, каде Соломон ја прекрстил и ја насочил кон верата на Богот Абрахамов. Соломоновите мисли се содржаат во народните поговорки и преданија иако не е можно според многу истражувачи на еден човек да му се препишат толку многу мудрости.

За слабеењето и пропаста на Соломонското царство бил крив, според многумина и самиот Соломон, кој започнал да се вовлекува самиот себеси во големите облици на идололоклонствата кој биле спротивни од верските закони. Така, со овој акт, пророкот на Соломон му предвидел дека неговото царство ќе се распадне на два дела (Израел и Јудеја) и дека неговиот син, Ровоам, ќе ги исплати сите негови гревови кои ги направил во текот на своето владеење. Соломон умира после четириесет годишно владеење и бил закопан во Ерусалим.

Соломон исто така се појавува и во Коранот, но под името Сулејман.

Соломон како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Тројцата браќа-ѓаволи и цар Соломон“ — македонска народна приказна.[2]
  • „Мајката го проколнала Соломон“ (српски: Соломуна проклела мати) — српска народна приказна.[3][4]
  • „Соломоновата песна“ — книга на американската писателка Тони Морисон.[5]
  • „Глас Соломона“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Barton, George A. „Temple of Solomon“. Jewish Encyclopedia. New York, NY.: Funk & Wagnalls. стр. 98–101. doi:10.1038/2151043a0. Посетено на 2007-05-15.
  2. Томе Саздов (избор), Македонски народни приказни. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 42-45.
  3. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
  4. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 226-227.
  5. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.
  6. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 14.
Соломон
Помлада гранка на Јудиното племе
Претходник
Давид
Цар на Израелско-јудејското царство
971 п.н.е. – 931 п.н.е.
Наследник
Ровоам
во Јудеја
Наследник
Јеровоам I
во Израил








ApplySandwichStrip

pFad - (p)hone/(F)rame/(a)nonymizer/(d)eclutterfier!      Saves Data!


--- a PPN by Garber Painting Akron. With Image Size Reduction included!

Fetched URL: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%BD

Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy